fbpx
Таг: манифестација

таг: манифестација

Во Штип ќе бидат промовирани рекордни 23 доктори на наука

Фоајето на Народната библиотека „Гоце Делчев“ од Штип ќе биде претесна да ги прими најблиските на новите доктори на наука, кои титулата ја стекнале изминатата година, меѓу двете празнувања на празникот на градот. Традиционалната манифестација „Митровденски средби“ е дел од празничната програма, на која се претставуваат штипјани, нови доктори на науки. Годинава се одржува по 14. пат и секоја година бројот...

Во Галичник утре почнува 21. издание на Галичката книжевна колонија

Дваесет и првото издание на Галичката книжевна колонија, кое утре и задутре ќе се одржи во Галичник, е посветано на поетот и критичар Тодор Чалоски, кој почина во јуни годинава. На манифестацијата е најавено учество на петнаесетина поети и книжевни критичари. Колонијата ќе почне со настанот Часослов, на кој учесниците ќе читаат стихови, наменети за поетот Чаловски. Наредниот ден е предвиден...

Земјоделците бараат да се брендира гравот тетовец

Гравот тетовец да биде брендиран, побараа денеска учесниците на традиционалната манифестација „Ден на гравот“, која по шести пат се одржа во Теарце. Тетовските земјоделци велат дека се соочуваат со нелојална конкуренција. На пазарите се продава грав под името тетовски, а истиот е увезен претежно од Индија и од Пакистан и е далеку понеквалитетен. Купувачите се одлучуваат за увезениот, кој е со...

Манифестацијата „Да пошараме до Пожаране“ привлече стотина планинари

Стотина планинари ги освоија врвовите Голема и Мала Враца, а успешно беше извозена и велосипедската патека од Попова Шапка до Пожаране, во рамки на манифестацијата „Да пошараме до Пожаране“. Се организираше и посета на археолошкото наоѓалиште Долна Локва, а се одржа и велосипедска тура од Гостивар преку Вруток, Горно и Долно Јеловце, па сè до Пожаране. - Чуството да се...

Пожаране ќе биде домаќин на манифестацијата „Да пошараме до Пожаране“

Гостиварското шарпланинско село Пожаране утре ќе биде домаќин на околу 300 планинари и велосипедисти, во рамки на манифестацијата „Да пошараме до Пожаране“. Мотото на оваа манифестација е „Да ги откриеме прекрасните и недопирливи убавини на околината на село Пожаране“. Ќе се организираат две планинарски и две велисипедски тури, со кои љубители на планината ќе уживаат во искачувања на врвовите Голема Враца...

Поетски читања за време на „Неделата на промоција на хумани вредности”

Црвениот крст Охрид, утре од 18 часот, во рамките на „Неделата на промоција на хумани вредности“, ќе организира поетски читања, при што за ваков вид активности ќе го промовира новоизградениот мал плоштад, кај музичкото училиште „Методи Патче“. Преку поезијата, младинците на Црвен крст од Охрид ќе испратат порака за разновидноста на културите и за толеранцијата, дијалогот и соработката, заемната доверба...

По 27. пат „Поетска ноќ во Велестово“

На 14 и на 15 август, во охридското надерзерско планинско село Велестово, по 27. пат, ќе се одржи манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“. Годинава, манифестацијата е посветена на поетското творештво на Веле Смилевски, за кого ќе беседат Санде Стојчевски и Раде Сиљан. Стихови ќе читаат членови на Независната аматерска театарска група „Аматер“ од Охрид. Традиционално, покрај поетскиот портрет на наш истакнат...

Манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца почнува утре

Културно-забавната манифестација „На зајдисонце“, ќе се одржи по четврти пат во Трпејца, а почнува утре и ќе трае до 28 јули. На свеченото отворање на летната сцена „Кај бунарот“, во 20.30 часот, ќе биде отворенa ликовна изложба на дела од академскиот уметник графичар Павел Целкоски, чии родители потекнуваат од Трпејца. Меѓу другите активности, традиционално ќе настапи ансамблот „Билјана“ од Охрид. Ќе се...

Денеска почнува Меѓународниот фестивал „Струшки книжевни средби 2015“

Со поетското матине, попладнево од 17 часот на Вевчанските извори, официјално ќе почне Меѓународниот фестивал „Струшки книжевни средби 2015“ . Манифестацијата, која ќе трае до 4 јули, почнува со настап на триесетина поети од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Словенија и од Хрватска. Во 19 часот, во црквата „Св. Никола“ во Вевчани, ќе биде претставен хрватскиот автор Валерио Орлиќ. Промотор е Васил...

Манифестацијата „Празник на липите“ почнува утре

Mеѓународната поетска манифестација „Празник на липите“ ќе се одржи утре во 10 часот во Друштвото на писатели на Македонија. Во првиот дел на свечен начин ќе бидат врачени наградите „Книжевен жезол“ на македонскиот поет Иван Чаповски и на поетот од Молдавија, Николае Дабижа. Наградите ќе ги врачи претседателот на ДПМ, Веле Смилевски, а за творештвото на Чаповски и на Дабижа...

Почна фестивалот „Битола отворен град“

Најновото издание на фестивалот „Битола отворен град“ почна денеска. Оваа манифестација, која се организира од 2002 година, ја организира Младински културен центар - Битола. Реализацијата на програмата почна со музичка интерактивна работилница, која се одржа пред Домот на АРМ, а која ја модерираа музичарите Зоки Конга и Александар Јинациќ. Манифестацијата продолжува утре со меѓународна филмска ревија, на која ќе бидат проектирани филмови на...

На Попова Шапка почнаа Балканските планинарски средби

На Попова Шапка почнаа 18. по ред Балкански планинарски средби, манифестација која утре ќе продолжи во Лешок и во Тетово. На средбите присуствуваа околу 150 планинари од сите земји од Балканот. Домаќин на манифестацијата е Планинарскиот клуб „Љуботен“, кој средбите ги организираше и во 2005 година. - За денеска планираме да организираме три различни планинарски тури, од Попова Шапка до Јелак,...

Во Охрид и во Струга се одбележува Денот на Охридското Езеро

Во Охрид и во Струга, со повеќе манифестации, се одбележува Денот на Охридското Езеро – 21 јуни. Целта е, како што велат организаторите , да се придонесе во заштитата, унапредување и вреднување на природните и на туристичките вредности на македонскиот езерски бисер. Денот на езерото е воспоставен пред 16 години, пред сè, поради значењето на еко-системот, но и да се...

Денеска ќе се одржи манифестацијата „Ден на бабата“

Денеска во Скопје, по шести пат, ќе се одржи манифестацијата „Ден на бабата“ под мотото „Стари бабини рецепти во ново гуманско руво“, на која ќе биде презентирана македонската храна подготвена според традиционален рецепт. На манифестацијата ќе биде презентиран и проектот „Конзервираме заедно“, како дел од програмата „Еразмус плус“. Првпат годинава ќе биде промовирана и новоформираната Алијанса на готвачи, чија цел е...

Манифестација „Денот на Европа 2015“ во општина Центар

Денеска во МКЦ, во организација на Општина Центар, се одржа манифестацијата „Денот на Европа 2015“. На манифестацијата, која има натпреварувачки карактер, учествуваа ученици од сите општински училишта. Тие се претставуваа со песни и со игри од земјите-членки на Европска унија. Манифестацијата за отворена ја прогласи градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

Изложба: „Македонија така далечна, а така блиска“ во Загреб

Од денеска, до 28 мај, во зградата на Хрватската матица на иселениците во Загреб, Македонското културно друштво „Охридски бисер“ ја организира културна манифестација: „Денови на македонската култура“. Попладнево, во  18 часот, ќе биде отворена изложбата: „Македонија така далечна, а така блиска“, филателистичка постановка на стари македонски разгледници и пригодни пликоа, кои го поврзуваат македонскиот и хрватскиот народ и прилог нумизматичка...

Ќе се избира највешта жена на Македонија

Утре во ресторанот во Лешочкиот манастир ќе се избира највешта жена на Македонија за 2015 година. На републичката манифестација во кулинарски способности, ќе се натпреваруваат учеснички од цела Македонија. На настанот ќе бидат изложени традиционални и модерни јадења, подготвени од вештите раце на жените, а ќе биде приредена и богато културно-уметничка програма. З.Д.

Во Tетово се одржа манифестацијата „Недела на различности“

Здружението „Мултикултура“ традиционално, петти пат, ја организира манифестацијата „Недела на различности“. Целта на манифестацијата е да се промовираат заедничките вредности, без разлика на социјалната, политичката и на етничката припадност, преку промоција на храна, ракотворби и на разни уметнички дела. - Ова е настан каде се рефлектираат културите од различни етнички заедници на едно место. Тука имаме приготвена и изложена храна...

Доделени наградите за манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска свечено им ги врачи признанијата на годинешните добитници на наградите во четирите категории од манифестација „Новогодишни бои на Скопје 2014“. - Во пресрет на новогодишните и на божикните празници, Градот Скопје и годинава, традиционално, ја организира познатата манифестација „Новогодишни бои на Скопје“ – манифестација со која ги поттикнуваме нашите сограѓани да ги украсат...

Денеска почнува манифестацијата „Денови на доживотно учење“

Денеска во Скопје ќе биде отворена 11. манифестација „Денови на доживотно учење“, чија цел е да се промовира доживотното учење и да се подигне свеста во општеството за неговата важност. Во рамки на манифестацијата, планирано е  да се одржат серија настани во Скопје, Битола, Неготино, Струмица и во Тетово. На отворањето најавено е присуство на министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми. Организатори...

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...