fbpx
Таг: мандат

таг: мандат

Заев: Со кабинетот на Иванов го усогласуваме текстот со гаранциите за унитарноста

Кабинетите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, биле во постојан контакт околу усогласувањето на текстот на писмената гаранција за унитарноста на државата, која Иванов ја бара од новото парламентарно мнозинство. Ова денеска го соопшти лидерот на СДСМ, по излегувањето од Јавното обвинителство, каде даваше исказ како оштетен во насилствата во Собранието на...

Манчевски: Потребен е итен трансфер на власта за да се закажат локалните избори

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска посочи дека е потребно претседателот на државата, Ѓорге Иванов, веднаш да го даде мандатот за составување нова влада за да се стави крај на блокадата на демокатските процеси, која, во спротивно, ќе кулминира на 15 мај, кога им престануваат мандатите на градоначалниците и на советите на општините. - Македонија има итна потреба од нова влада, која...

СДСМ: Иванов да престане со неразумните оправдувања за да го заштити Груевски

Парламентарното мнозинство е подготвено да ја реафирмира пред јавноста и пред Ѓорге Иванов програмата на новата влада и тоа ќе го направи, велат од СДСМ во нивното утринско соопштение. Според нив, граѓаните, општините, институциите имаат потреба од итна стабилизација на државата. „Но, врвен интерес на граѓаните е Иванов да постапи во согласност со Уставот, да престане со сите неразумни оправдувања што имаат...

Иванов повторно го повика Заев да даде гаранции за унитарноста на државата

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска го повика лидерот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со коалициските партнери, да обезбеди гаранции за зајакнување на унитарноста на државата, а во однос на давањето на мандатот за составување нова влада „ќе постапи во согласност со Уставот и со досега воспоставената практика“. „Писмото од Собранието на Република Македонија е пристигнато во кабинетот на претседателот...

Уставен суд не поведе постапка, мандатот на градоначалниците им завршува на 15 мај

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста и на законитоста на иницијативите со кои се бараа измени во Законот за локална самоуправа и во Изборниот законик за продолжување на мандатот на градоначалниците и на советите на општините. Ова значи дека актуелните закони остануваат на сила, односно на градоначалниците и на општинските совети мандатите...

СДСМ: Иванов да не брои до десет, Македонија има потреба од нова влада

Ѓорге Иванов нема потреба да чека десет дена, туку е неопходно конечно да постапи во согласност со Уставот и час поскоро да го додели мандатот за составување нова влада, на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, побара утринава СДСМ. Партијата потсетува дека процедурата е завршена и се чека само претседателот на Република Македонија да го додели мандатот. „Веќе не постојат никави пречки...

СДСМ: Наместо награда на Дурловски, Иванов да го даде мандатот за нова влада

Врв на хипокризијата во општеството е што на Денот на победата над фашизмот, државната награда за Македонската опера и балет (МОБ) Ѓорге Иванов му ја врачи на Игор Дурловски, кој поттикнува и промовира фашизам во Македонија, реагираат од СДСМ. „СДСМ ја честита 70-годишнината на Македонската опера и балет и најавуваме дека никогаш повеќе институциите нема да бидат заложници на партиски...

Не е работа на Уставниот суд да создава закони, туку да ги толкува, смета СДСМ

Уставниот суд да не навлегува во креирање на правото, бидејќи не е негова надлежност да создава закони, туку да ги толкува, изјави денеска портпаролот на СДСМ и пратеник, Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање во врска со утрешната седница на Уставниот суд, на која треба да се одлучува по иницијативите за продолжување на мандатот на градоначалниците и на советите на...

Излезе „Службен весник“ со одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието

Излезе новиот број на „Службен весник на Република Македонија“ во кој е објавена одлуката за изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија. На веб-страницата на „Службен весник“ се објавени содржините од најновиот број, во кој е и одлуката. Како што пренесоа дел од медиумите, изданието било отпечатено синоќа, во печатницата на „Графички центар“. Одлуката од страна на...

СДСМ: Нема повеќе никакви пречки за Иванов да го даде мандатот за нова влада

Не постојат повеќе никакви пречки мандатот за нова влада веднаш да биде доделен, а Ѓорге Иванов нема повеќе никакви изговори за да ја исполни својата уставна обврска кон граѓаните на Македонија, се вели во редовното утринско соопштение на СДСМ. Од партијата алудираат на одлуката за изборот на Талат Џафери за нов претседател на Собранието, која денеска е објавена во „Службен...

Спасовски: Извесно е само дека Заев ќе биде мандатар за новата влада

Ништо не е извесено освен дека мандатар за состав на новата влада ќе биде Зоран Заев, изјави денеска пратеникот во Собранието и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали преговорите за новата влада се водат помеѓу Али Ахмети и Заев и дали е извесна неговата позиција (на Спасовски, н.з.) во владата. - Во однос на преговорите...

Трајановски: Идризи беше пример како треба да работи еден градоначалник

„Идризи беше голем човек, пред сè, професионалец, тој беше пример како треба да работи еден градоначалник. И јас учев од неговите потези и идеи, иако тој водеше мала, а јас голема општина“, истакна претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, во говорот на погребот на градоначалникот на Општина Боговиње, Хазби Идризи. Високи...

Заев по средбата со Пирс: Според изјавите на Иванов, веруваме дека сме на добар пат

Според досегашните позитивни сигнали и според изјавите на господинот Иванов, како претставници на 67 пратеници што побараа мандат, верувам дека сме на добар пат, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбата со Карен Пирс, политичка директорка при Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство. Изјавата по средбата, Заев ја даде од името на СДСМ и на коалициските партнери, ДУИ,...

Заев го посети Села во тетовската болница

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево го посети лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, кој по повредите што му беа нанесени во Собранието, сè уште закрепнува во Ургентниот центар при Клиничката болница во Тетово. По посетата, Заев изјави дека на Села му се подобрува состојбата и дека со него разговарал за идните чекори околу придвижувањето на политичките процеси во...

На 30 дена од истекот на мандатот, СЈО очекува продолжување на рокот од Собранието

Специјалното јавно обвинителство очекува поддршка од Собранието за продолжување на рокот за поднесување обвиненија, велат за „Мета“ од СЈО. „­Ова јавно обвинителство повеќепати јавно апелираше за потребата од промена на рокот за поднесување обвиненија. Во таа насока очекуваме од сите субјекти да ја увидат таа неопходност и да искажат конкретна поддршка“, стои во одговорот од СЈО на нашето прашање дали...

Ахмети – Жбогар: Сега на потег е Иванов, враќање назад нема

По изборот на претседател на Собранието, Ѓорге Иванов треба да го предаде мандатот на новото парламентарно мнозинство и потоа да се формира новата влада. Ова денеска го истакнал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, одржана во седиштето на партијата во Тетово. Ахмети и Жбогар, како што се наведува во партиското...

Заев за БТВ: Ќе му докажеме на Иванов дека ја гарантираме унитарноста на Македонија

„Господинот Иванов го крши Уставот, ја штити владејачката гарнитура и сето тоа го прави за да нема трансфер на власта и да нема одговорност на врхушката на нашите политички опоненти. Јас сум убеден дека со овие чекори што ги преземаме, ќе дојде до доделување на мандатот од Ѓорге Иванов кај нас за да формираме влада и во македонското Собрание...

Заев – Жбогар: Избран е новиот собраниски претседател, треба да се избере и новата влада

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево се сретнал со евроамбасадорот Самуел Жбогар, информираат од партијата. Во соопштението се вели дека двајцата соговорници констатирале дека е заокружено формирањето на парламентот со изборот на новиот собраниски претседател и дека демократскиот процес мора да продолжи со формирање на новата реформска влада. Иако програмата на новата влада е позната за целата домашна и меѓународна јавност,...

СДСМ: Иванов е должен да го почитува Уставот и да го даде мандатот за влада

СДСМ реагираше на денешното соопштение од претседателскиот кабинет, во кое претседателот на земјава порача дека се надминливи пречките за доделување мандат за влада, но само доколку постои вистинска определба на лидерите на парламентарните политички партии. СДСМ порача дека претседателот Иванов ќе добие известување за ново парламентарно мнозинство од новиот претседател на Собранието. „Ѓорге Иванов мора да престане со неразумното однесување...

Иванов со Хојт Ји: Пречките за влада се надминливи, но со запазување на унитарноста

Македонскиот претседател; Ѓорге Иванов, на денешната средба со заменик-помошникот на државниот секретар за европски и за евроазиски прашања на САД, Хојт Брајан Ји, порачал дека се надминливи пречките за доделување мандат за влада, но само доколку постои вистинска определба на лидерите на партламентарните политички партии. Истовремено, Иванов побарал асистенција од САД за парламентарното мнозинство да го добие мандатот. Сепак,...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...