fbpx
Таг: мандат

таг: мандат

СЈО исчезна од изјавите на партиите и на меѓународната заедница

Во еуфоријата што завладеа во земјава по формирањето на новото парламентарно мнозинство, изборот на нов спикер на Собранието и по вчерашното доделување на мандатот за формирање нова влада, од наративот на партиите од мнозинството целосно исчезна Специјалното јавно обвинителство и продолжувањето на неговиот мандат за подигнување обвиненија. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим имаат уште околу еден месец...

ВМРО-ДПМНЕ: Мандатот на Заев е затруен плод на затруено дрво

Криминалецот Зоран Заев веќе нема простор од една страна да го лаже народот за заштита на националните интереси, а од друга да дава ветувања за реализација на тиранската платформа затоа што јавно се обврза дека ја отфрла платформата, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното редовно утринско соопштение. „Сега целата одговорност останува кај криминалецот Заев. Тој ќе мора да избере дали ќе...

Иванов: Недозволиво е германска амбасада да темели соопштение на лажни информации

„Амбасадорот на германското министерство се служеше со лажни вести, па Меркел мораше да се извинува за неточни информации кои ги добивала од нивната амбасада. Апелирам до Германија дека вакво ниво на дипломати е навреда за нашата земја. Недозволиво е на лажни информации да темелат соопштение од германска амбасада. Како порано да го дадам мандатот? Со кршење на Уставот?“, изјави...

Беса: Ќе бидеме дел од разговорите за нова влада

Движењето Беса останува посветено во процесот на решавање на кризата и ќе биде дел од разговорите за формирање на новата влада, велат од партијата по повод доделувањето на мандатот за составување нова влада. „Денеска, кога господинот Иванов го даде мандатот за да почнат разговорите за формирање на новата влада, Движењето Беса констатира дека благодарение и на нејзината посветеност, конечно се...

Француска амбасада: Одлуката на Иванов отвори перспектива за брзо формирање влада

Амбасадата на Франција во Македонија соопшти дека ја поздравува одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да го додели мандатот за формирање нова влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. „Со одлуката се отвора перспектива за брзо формирање на функционална влада што ќе одговори на суштинскиот интерес на земјата и ќе овозможи продолжување на спроведувањето на неопходните реформи за нејзина европска интеграција“,...

Тодоров: ВМРО-ДПМНЕ и протестите на народот ја заштитија унитарна Македонија

„Зоран Заев е првиот мандатар што потпишува гаранции дека нема да ги наруши највисоките државни и национални интереси. Тоа не било побарано ниту од Бранко Црвенковски, ниту од Хари Костов, ниту од Владо Бучковски. Тоа доволно говори за сериозноста на информациите што предупредуваа на ризикот со кој се соочува Македонија“, рече Никола Тодоров на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ откако претседателот...

Ахмети го поздрави доделувањето на мандатот на Заев

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на својот фејсбук-профил го поздрави доделувањето мандатот за формирање на новата реформска влада во согласност со Уставот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. „Како што кажав уште на самиот почеток, ние ќе дејствуваме во согласност со волјата на граѓаните и враќање назад нема. Нашата клучна, определена и одлучувачка улога во новото мнозинство ќе ја ставиме...

Ромео: Се надеваме дека новата влада ќе работи на воведување реформи

„Искрено се надеваме дека оваа долготрајна политичка криза ќе заврши, пред сè поради граѓаните, затоа што тие тоа го заслужуваат“, одговори италијанскиот амбасадор Карло Ромео на новинарско прашање за доделувањето на мандатот од страна на претседателот Ѓорге Иванов на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, при денешната посета на Штип. - Се надеваме дека новата влада ќе работи на подобрување на...

Могерини и Хан: Мандатот на Заев е важен чекор за државата да излезе од кризата

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, денеска ја поздравија одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да го ревидира својот став и да го додели мандатот за составување нова влада. „Ја поздравуваме одлуката на претседателот Иванов да му го додели мандатот за формирање влада на господинот Заев, што претставува...

Заев: Новата влада ќе гради граѓанска, унитарна и европска Македонија

„Мандатот го добив и очекувам многу наскоро да ја составам новата влада. Како мандатар и иден премиер, се обврзувам дека новата влада ќе гради граѓанска, унитарна и европска Македонија. Сите сили ќе ги насочиме кон тоа да изградиме праведна и правна држава“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава откако го доби мандатот за составување на новата влада од...

Иванов го додели мандатот, Заев гарантира зачувување на државните интереси

Пречките за доделување мандат за формирање влада се отстранети, соопшти денеска претседателот Ѓорге Иванов, кој му го додели мандатот за формирање нова влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Заев истакна дека двете пречки за доделување на мандатот се отстранети и оти во писмена форма ја доставил гаранцијата до Иванов. - Гарантираме заштита на унитарноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, независноста и на...

Иванов напладне ќе му го додели мандатот на Заев

Претседателот Ѓорге Иванов денеска, во 12 часот, ќе го врачи мандатот за составување влада на Република Македонија на Зоран Заев, соопштија од кабинетот на претседателот. По одржувањето на предвремените парламентарни избори, на 11 декември, ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеник, но не успеа да договори владина коалиција со албанските партии. СДСМ, кој на изборите освои 49 пратенички мандати, успеа да оформи парламентарно...

СДСМ: Иванов да го даде мандатот, а ВМРО-ДПМНЕ да биде конструктивна

Иванов да го даде мандатот, а ВМРО-ДПМНЕ да биде конструктивна за мнозинството да ја формира новата влада, велат од СДСМ во нивното редовно утринско соопштение. „Реафирмацијата на програмата на новата влада на унитарна Македонија, која ќе работи според Уставот во интерес на евро-атлантските перспективи, ги разбива сите неразумни аргументи околу мандатот што Ѓорге Иванов е неопходно бргу да го даде. Од...

Трајановски: Итно да се донесат законските измени и да се распишат локалните избори

Градоначалниците на општините во Македонија од утре ќе работат без мандат, изјави денеска по состанокот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски. Тој упати барање до политичките партии во Собранието на Македонија што поскоро да ги донесат законските решенија за нивно функционирање до следните избори. – Со оглед на тоа што има...

Џафери и Стефансон разговараа за изборот на нова влада и за локалните избори

Доделувањето на мандатот за составување нова влада, следните активности на Собранието на Република Македонија поврзани со тој процес и локалните избори биле главни теми на разговор на денешната средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери, со амбасадорот на Шведска во земјава, Матс Стефансон. Стефансон, како што соопштуваат од кабинетот на новоизбраниот спикер, на Џафери му го честитал изборот на функцијата...

ЛДП: Прво влада, па законско решение за одржување на локалните избори

Либерално-демократската партија го повика Ѓорге Иванов да го додели мандатот за составување на нова реформска влада, а парламентарните претставници на ВМРО-ДПМНЕ да не ги опструираат демократските процеси за формирање влада. Партијата вели дека само по изборот на новата влада, може да се разговара за датумот на одржување на наредните локални избори. За застојот во досегашното работење, ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ. „Во овој...

СДСМ: Несериозноста на ВМРО-ДПМНЕ ги остави граѓаните без градоначалници

Несериозноста на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и на Ѓорге Иванов ја оставија Македонија пет месеци без влада, а од денеска граѓаните се оставени и без градоначалници и без советници, се вели во редовното утринско соопштение на СДСМ. Во него се додава дека се доведени во прашање егзистенциите на вработени во општинските администрации и сервиси, кои се под ризик да не добиваат плати...

СДСМ: Неопходни се нова влада и локални избори!

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, веднаш да го даде мандатот, со што ќе овозможи претседателот на СДСМ, Зоран Заев, брзо да ја формира новата влада и потоа законски да се утврди датумот за локалните избори, побара денеска СДСМ. Во соопштението од партијата се вели дека „блокадата на демократските процеси кулминира со штети врз граѓаните со утрешниот престанок на мандатот...

СДСМ: Иванов да го даде мандатот, ВМРО-ДПМНЕ да не ја кочи демократијата

Потребно е сите институции и политички субјекти во државата да бидат на највисоко ниво на одговорноста за да се избере новата влада во најкус можен рок и за да се создадат законски услови за одржување на локалните избори, побара СДСМ денеска, повторувајќи дека ја гарантира уставноста на државата. Партијата обвини дека сите блокади се само за да се заштитат Никола Груевски...

ЛП: Иванов да не се поставува како диктатор, туку неодложно да го даде мандатот на Заев

Либералната партија денеска го повика претседателот на државата, Ѓорге Иванов, неодложно да го даде мандатот на Зоран Заев, како утврден претставник на дефинирано парламентарно мнозинство. Од партијата велат дека политичкиот процес мора да продолжи дури и ако Иванов и понатаму не го дава мандатот. „Не давајќи го мандатот за формирање влада, Иванов овозможува владеење на влада која ниту има мандат ниту...

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Деновиве се случуваат големи температурни осцилации. Влеговме во пролет со летни температури, а сега имаме ниски температури. Чувствителните луѓе реагираат на овие драстични временски разлики бидејќи организмот не може...