fbpx
Таг: малолетници

таг: малолетници

Малолетници пронашле рачна бомба на улица во Гази Баба

Малолетници вчера попладне пронашле рачна бомба на улицата Ордан Чопела во скопската населба Гази Баба, информира МВР. Случајот бил пријавен околу 14 часот, во Едницата за информации и команда Скопје од страна на граѓанин. На местото излегла екипа на Одделот за антитероризам на МВР, која ја подигнала рачната бомба. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Обвинителството почна истрага против полицаецот што пукаше во момчињата

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струмица донел Наредба за спроведување на истражна постапка против полицаецот што во петокот вечерта со службениот пиштол рани и нанесе тешки повреди на двајца малолетници, од кои едниот со тешки повреди e хоспитализиран на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје (КАРИЛ) и е во многу тешка состојба, а на...

МВР поднесе кривична пријава против полицаецот што пукаше во малолетниците

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава и поведе дисциплинска постапка против полицаецот кој застрела и рани двајца малолетници во Струмица. Како што соопштија денеска од МВР, одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по извршените проверки утврдил дека „полицаецот неосновано, неоправдано и неправило употребил огнено оружје врз лицата Д.Т. и А.Г., односно постапил спротивно на одредбите од...

ВМРО-ДПМНЕ бара од Спасовски да го смени началникот на СВР Струмица

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ги обвини министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски дека два дена молчи за инцидентот во Струмица, во кој полицаец застрела и рани двајца малолетници, „наместо да соопшти детали и да искаже жалење“. Партијата бара од Спасовски да го смени началникот на Секторот за внатрешни работи Струмица, Танчо Пројковски, кој според нив е одговорен за инцидентот. - Шеснаесетгодишно момче...

Полицаец застрелал двајца малолетници во Струмица, обвинителството врши увид

Полицаец синоќа со службениот пиштол застрелал двајца малолетници во Струмица, од кои едниот со тешки повреди бил хоспитализиран на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје (КАРИЛ), а на другиот му бил извршен оперативен зафат во струмичката болница. Од Јавното обвинителство соопштија дека денеска надлежен јавен обвинител од ОЈО Струмица ќе продолжи со увидот во близина на...

Малолетници фатени како крадат во манастирскиот комплекс во Лешок

Изминатава недела од двете цркви во рамки на манастирскиот комплекс во тетовското село Лешок, украдени се околу 60.000 денари. За тешката кражба, кој е пријавена вчера претпладне од вработен во манастирскиот комплекс, осомничени се четири лица, при што на дело биле фатени двајца малолетници. Кражбата се случила во периодот од 16 април до вчера претпладне, при што од фиоки и...

Два нови случаи на педофилија во Штип и во Гевгелија

Девојче на 14-годишна возраст во Штип и малолетник помлад од 14 години во Гевгелија станале жртви на двајца педофили, соопшти МВР. Во првиот случај, СВР Штип поднел кривична пријава против шеснаесетгодишник од Штип поради полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Пријавениот во текот на февруари годинава, во својот дом со употреба на физичка сила извршил полови дејства...

МВР поднесе пријави против четири лица за нападот со молотови коктели во Битола

Секторот за внатрешни работи Битола поднел кривична пријава против четворица малолетници, на возраст од 16 и од 17 години, кои се осомничени дека со молотови коктели се обиделе да го запалат Музејот на албанската азбука во Битола, на почетокот на овој месец. Како што информираат од МВР, осомничените малолетници, од кои тројца се од Битола, а еден од Демир Хисар,...

Во пожар во Гватемала загинаа 19 малолетници, згрижени во дом за деца – жртви на насилство

Најмалку 19 малолетници загинаа во пожар во Гватемала во дом за деца кои се жртви на насилство, соопштија властите. Домот се наоѓа во општината Сан Хозе Пинула, кој е оддалечен 25 километри југозападно од главниот град на Гватемала. Во овој центар престојувале деца на возраст до 18 години. Засега нема информации за причините за пожарот.

Угостители од Охрид и од Струга точеле алкохол на малолетници по полноќ

Aкциски контроли реализирани од Секторот за внатрешни работи од Охрид, во угостителски објекти во Охрид и во Струга, регистрирале низа неправилности и непочитување на законот за прекршоци против јавниот ред и мир, законот за заштита од пушење, законот за угостителска дејност, законот за туристичка дејност, како и други непочитувања на Кривичниот законик. Во еден угостителски објект на улицата Јане Сандански во Охрид, затекнат е...

Турски државјани со бисквити мамеле малолетници во Битола за да ги фотографираат

Тројца турски државјани со бисквити примамувале малолетници во Битола за да ги фотографираат со мобилни телефони. Случај со ваква приказна вчера бил пријавен во СВР Битола откако татко на едно од малолетните деца успеал да ги претекне турските државјани и да побара помош од полицијата. Оваа вест денеска бргу се прошири меѓу битолчани и предизвика голема вознемиреност, особено кај...

Малолетници нападнати во центарот на Скопје

Двајца малолетници, на возраст од 17 години, вчераноќ биле физички нападнати од неколку засега непознати лица на улицата Црвена скопска општина, во центарот на Скопје, близу Камениот мост. Според полициските информации, групата насилници, на 12 август, десетина минути по полноќ, физички ги нападнале В.К. (17) и М.А. (17), удирајќи ги по главата и по телото. Од полицијата велат дека преземаат мерки...

Малолетници тепале врсник со метална палка

Секторот за внатрешни работи Охрид до Основното јавно обвинителство поднел посебен извешај против тројца малолетници, врз основа на Законот за правда за деца, поради сомнеж дека извршиле насилство. Како што информираат од МВР, малолетниците на 31 јули оваа година, влегле во двор од куќа во Охрид и со метална палка на расклопување нападнале друг малолетник и му нанеле телесни повреди. „Истовремено, вршејќи...

Тројца малолетници нападнати во Скопје

Синоќа, околу 22.50 часот, на раскрсницата меѓу булеварот Крсте Мисирков и булеварот Гоце Делчев во Скопје, повеќе непознати лица физички нападнале тројца малолетници. Според полициските информации, малолетниците биле нападнати без повод и причина и им биле нанесени телесни повреди на главата и по телото. Полицијата засега нема осомничени за инцидентот и презема мерки за нивно откривање и за расчистување на случајот.

Двајца малолетници осомничени за кражби во цркви и манастири

Струмичката полиција до локалното Основно јавно обвинителство поднела известување против двајца малолетници од селото Лубница, осомничени дека кон средината на април извршиле серија кражби во цркви и во манастири, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, малолетниците се товарат за шест тешки кражби во цркви и во манастири на подрачјето на Радовиш и за одземање моторно возило. Осомничените на 12 и на...

Малолетници осомничени дека украле плен вреден повеќе од 30.000 евра

Деветнаесетгодишен битолчанец и уште тројца малолетници се осомничени дека во периодот од септември минатата година до март годинава, извршиле неколку тешки кражби во куќи и во две цркви во Битола. Како што информираат од полицијата, материјалната штета што осомничените ја предизвикале била проценета на околу 2 милиони денари, односно повеќе од 30.000 евра. Една од последните кражби, за која се товарт младите...

Малолетници каменувале такси-возило и тепале патници

Синоќа, околу 21.30 часот, во близина на булеварот Јане Сандански, во скопската населба Аеродром, група малолетници каменувале и го искршеле ветробранското стакло на такси-возило во кое се превезувале 18-годишно момче и уште две лица, информираат од МВР. Според полицијата, по каменувањето, насилниците со контејнер за смет го попречиле патот на возилото, а потоа физички ги нападнале патниците. Во инцидентот, на...

Приведен малолетник за инцидентот кај „Капитол мол“

Скопската полиција привела малолетник, осомничен дека учестувал во синоќешниот инцидент во населбата Аеродром, и трага по уште едно лице, информираат од СВР Скопје. Според полицијата, инцидентот се случил околу 20 часот, на булеварот Јане Сандански, кога две непознати лица пресретнале тројца малолетници, двајца на 16 и еден на 14-годишна возраст, и почнале да ги бркаат. Шестнаесетгодишниците побегнале во еден правец, додека 14-годишникот...

Триесет дена притвор за малолетници кои краделе од возила

Две малолетни лица од Скопје, М.Р. (15) и Е.Р. (16), добија притвор од 30 дена поради основано сомневање дека сториле вкупно 22  тешки кражби, обиди за тешки кражби и обиди за кражба. Кривичните дела пријавените ги извршиле во периодот од 20 до 24 минатиот месец, во доцните вечерни часови на подрачјето на скопската општина Центар и тоа: 13 - на улицата 50....

Тројца повредени во тепачка во градски автобус

Три момчиња, од кои двајца малолетници, вчера попладне биле повредени во тепачка со друга група, што се случила во автобус со број 64, објавува интернет-порталот „МКД.мк“. Според изјавите на очевидци, што ги пренесува порталот, инцидентот го предизвикала десетчлена група, која почнала да ги провоцира и навредува трите момчиња, а потоа се нафрлила на нив со клоци и со тупаници. Во тепачката...

Посебна комисија ќе одлучува дали ќе се повлече учебникот по социологија за втора година

Министерството за образование и наука информира дека е формирана Комисија за давање предлог за повлекување од употреба на одобрен учебник - учебникот Социологија за втора година, гимназиско образование. Во...