петок, 12 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: МАЛМЕД | 17 резултати

Таравари не рекламира никаков препарат за слабеење

8 мај 2023

Препаратот што се нуди во рекламата којашто се споделува во овој пост  го нема во регистарот на МАЛМЕД. Исто така, неврохирургот д-р Арбен Таравари преку објава на Фејсбук реагираше дека нема никаква врска со овој препарат и се огради од него. Не  е првпат на социјалните мрежи да се сретнуваат лажни реклами за одредени препарати […]

МАЛМЕД издаде одобрение за интервентен увоз на лекот „Трикафта“

20 февруари 2023

Осум пациенти кои боледуваат од цистична фиброза, а чија состојба во моментов е најкритична набргу ќе го добиат потребниот лек „Трикафта“. Директорот на МАЛМЕД, Љирим Шабани потврди дека претпладнево е издадено одобрение за увоз на лекот и истакна дека сега останува уште да се реализира постапката. Оваа вест следи откако пред десетина дена министерот за […]

Со лажно рекламирање, чај се претставува како „сертифициран лек против паразити”

3 декември 2022

Чајот го нема во регистарот за лекови и медицински средства на МАЛМЕД, односно не е регистриран. Дополнително, според дефиницијата за тоа што е лек, чаевите не влегуваат во оваа категорија дури и кога би имале такви супериорни карактеристики, како што се тврди дека има горенаведениот чај. Законот за лекови и медицински средства го уредува делот […]

Не е потврдено дека децата се во огромен ризик од смрт и нуспојави по ковид вакцинацијата

18 септември 2022

Индивидуалните пријави и сите детали во системот на ВАЕРС не се потврдени и верифицирани, односно станува збор за случаи каде со самопријавување се даваат информации и тие не се поентата на пристапот на ВАЕРС, односно нивната цел. Со други зборови, станува збор за ран систем на предупредување, а не точен инструмент за мерење на нуспојавите. […]

Сали: Се проверува дали се вршеле клинички испитувања врз пациенти во „Жан Митрев“

20 јули 2022

Во моментов има работен состанок во „МАЛМЕД“ со претставници на клиничката болница „Жан Митрев“, по однос на наодите дека се вршеле клинички испитувања врз пациенти и дали тие се вршени законски, рече пред малку на прес-конференција министерот за здравство Беким Сали. Тој на конференцијата кажа дека чувствува длабока одговорност и е решен овој случај да […]

Инспекции во „Жан Митрев“ ќе ги проверуваат лекувањата на пациентите и можните недоследности

18 јули 2022

По објавениот документарен филм со наслов „Нечиста крв“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) во кој се објавени наводи дека Клиничката болница „Жан Митрев“ го злоупотребувала методот на хемофилтрација за време на пандемијата, Владата го задолжи Министерството за здравство да ги разгледа детално објавените информации и во рок од два дена да достави информација во врска […]

Вистиномер: Административниот пат на ковид вакцините од производителот до пациентите

20 декември 2021

Вакцините против ковид-19 кои стигнуваат во Северна Македонија, може да се набават само на два начина – или со регистрација, или со интервентен увоз. Без разлика за која законска варијанта ќе се одлучи Агенцијата за лекови и медицински средства – МАЛМЕД, вакцините поминуваат длабински контроли и процедури за регистрација, како и ревизија на документи и […]

Вистиномер: Неточно е дека сите кои примиле вакцина на „Фајзер“ завршуваат со миокардитис

15 декември 2021

Постот е типична дезинформација, која има цел да ги наведе корисниците на социјалната мрежа да помислат дека секој што примил вакцина на „Фајзер“, завршува фатално, откако добил воспаление на срцевиот мускул. Што не е точно. Факт е дека неколку месеци од употребата на вакцината на „Фајзер“, во Европската агенција за лекови (ЕМА) беа пријавени мал […]

Вистиномер: Кои лекови најмногу се користат во битката со ковид-19?

7 декември 2021

Речиси две години во ковид пандемијата светот се бори со заразата како знае и умее. Здравствените власти ширум светот од почетокот на пандемијата и без постоење на вакцина, се најдоа пред голем предизвик: Како да го третираат коронавирусот?, пишува „Вистиномер“. Подолу го пренесуваме текстот во целост: Набрзо стана јасно дека специфичен лек нема, а дека […]

Малмед: Досега во неколку наврати се уништени вакцини на Фајзер, Астра Зенека и на Синофарм

6 декември 2021

Досега во неколку наврати сме издале решенија, односно одобренија за уништување на вакцини на производителите Фајзер, Астра Зенека и на Синофарм, информираше денеска Љирим Шабани, в.д. директорот на „Малмед“ Агенција за лекови и медициснки средства, на онлајн состанок со новинарите. Тој не кажа колкави количини досега се уништени и колку чинело уништувањето на лековите, и […]

Вистиномер: Вакцините против ковид-19 имаат одобрение за употреба

17 ноември 2021

Фајзеровата вакцина е одобрена во сите 27 земји членки на ЕУ од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА). Истата агенција ги има одобрено вакцините на „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џенсен“. Ова одобрение за употреба на ЕМА трае една година. Од официјалната страница на ЕМА, може да се види дека за „Фајзер“ ова одобрение е продолжено […]

Вистиномер: Пост на Фејсбук шири невистини дека со вакцинацијата се зголемил бројот на заболени и починати од ковид-19

21 октомври 2021

Постот не нуди докази кои потврдуваат дека со вакцинацијата против ковид-19 се зголемил процентот на заболени и починати од коронавирусот. Не е точно дека се кријат официјални податоци од несакани реакции по примена вакцина против ковид-19. Официјалните податоци покажуваат дека вакцината во голем процент од случаите на ковид позитивни штити од сериозни форми на болеста […]

Агенција за лекови: Набавените инсулини се безбедни

28 декември 2017

Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) соопшти оти направените анализи покажале дека новата пратка инсулини пристигната на крајот на минатиот месец е безбедна. Како потврда за тоа наведува дека биле направени и лабораториски анализи и дополнителни проверки на нивното потекло. Според МАЛМЕД, во првата анализа биле испитани сите пакувања, а откако било утврдено дека […]

Страна 1 од 1