fbpx
Таг: Малинка Ристевска Јорданова

таг: Малинка Ристевска Јорданова

Граѓанско општество: поттикнувач на реформи или државен непријател?

Деновиве повторно се актуелизира улогата на граѓанското општество во Македонија, по повикот од највисоко државно ниво до европските донатори да ги „секнат“ парите за невладини организации и медиуми кои „работеле против Европа“, односно „против европските интеграции на земјата“.  Ова барање се актуелизира по околу една година, кога се вжештува дискусијата околу уставните амандмани. Па да погледнеме што вели ЕУ за...

Нови собири – старо-нови пораки кон Балканот

Почетокот на јуни го одбележаа два собири релевантни за проширувањето – првиот беше Глобсек вo Словачка, а вториот - Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија. Се осврнуваме на конференцијата Глобсек 2023 во Братислава, на која можеа да се слушнат интересни погледи за проширувањето, иако тоа не беше централна точка на интерес – главниот аспект беше безбедносниот. Од Братислава можат...

ЕУ со нови инструменти во борбата против корупцијата

Борбата против корупцијата станува сѐ поактуелна тема во Европската Унија, секако „поттикната“ и од корупциските скандали, особено Катаргејт. На почетокот на мај Европската комисија и Високиот претставник за заедничка безбедносна и надворешна политика го објавија Заедничкото коминике за борбата против корупцијата. Коминикето е заедничко бидејќи се работи за политики и предлози кои се однесуваат на борбата за корупција внатре во...

Под знамето на ЕУ

Да ги погледнеме најпрвин здодевните формалности: Деловникот на Собранието на Република Македонија воведе посебни одредби за закони со кои се врши усогласување со законодавството на ЕУ со измените од 2008 година. Суштествените одредби се однесуваа на тоа дека на пратениците со предлогот на законот требаше да им се дадат информации и да им биде образложено какво е усогласувањето. Попрецизно, содржината...

Европските пари во борбата против нашата корупцијата – колку, какви и со кои резултати?

Пред повеќе од една година беше објавен Извештајот на Судот на ревизори на ЕУ за поддршката за владеењето на правото на Западен Балкан во периодот 2014-2020 година, на кој посебно се осврнавме. Оваа статија ја започнуваме таму кадешто ја завршивме таа: „Тежиштето на одговорноста и за исходот на интервенциите на ЕУ во областа на владеењето на правото повторно се...

НАТО кон руските граници – спринт со пречки

Три години по долгоочекуваното пристапување на Македонија во НАТО, се планира ново проширување на трансатлантската одбранбена организација. Ова проширување не беше очекувано. Финска и Шведска аплицираа за членство во НАТО истовремено - во мај минатата година. Тоа секако беше последица на новата гео-политичка ситуација, настаната со агресијата на Русија врз Украина. И двете држави претходно имаа привилегирани односи со...

Наместо подарок: факти за рамноправноста

Во овој изборен период Европската унија даде силен акцент на половата рамноправност. Стратегијата на ЕУ за полова рамноправност за периодот 2019 -2025 година, иако е во континуитет со претходните активности на Унијата, ја подигна половата еднаквост на ново рамниште. И самиот факт што Европската комисија за прв пат доби жена претседателка, Урсула фон дер Лајен, ја подигна свесноста и...

ЕУ и Украина: Брз колосек без брзо членство

На 3 февруари 2023 година се одржа 24. Самит ЕУ – Украина, прв од руската агресија врз оваа земја. Непосредно пред самитот, украинскиот претседател и премиерот ги повторија очекувањата за брзо членство во Унијата – споменувајќи ја невозможната цел од 2 години. Секако, познати им се позициите на институциите на ЕУ, но и борбите на мислења меѓу земјите членки...

До каде е скринингот?

По едномесечна празнична пауза продолжува скринингот. Тоа е веројатно добар момент да се направи пресек до каде е овој процес. Овде презентираните податоци се засноваат на објавениот календар на веб страната на СЕП и досегашното следење на скринингот. Двата дела од скринингот – објаснувачкиот и билатералниот – се одвиваат напоредно. Досега е завршен објаснувачкиот скрининг за првите три кластери: 1....

Шведското реноме и предизвиците на претседателствувањето со ЕУ

Приоритетите на шведското претседателство не се изненадување. Тие се континуитет на приоритетите на чешкото претседателство, секако со истакната шведска боја. Концизната програма навестува фокусиран ангажман на административниот апарат и искусната дипломатија на оваа нордиска земја. Меѓутоа, далеку од тоа дека се очекува претседателствувањето да мине без предизвици. Некои од нив доаѓаат од самата политичка констелација внатре во Шведска, а...

Шведско претседателство со ЕУ: Поддршка ќе има, но со „шкрта“ програма за евроинтеграциите на земјава

Претседателството на Европската Унија во ова полугодие ќе го има Шведска, која сега веќе ги обелодени нејзините приоритети. На чело на нив e војната во Украина, конкуренцијата, зелената и енергетската транзиција, демократските вредности и владеењето на правото, а кај ова последново се очекува да се третираат прашањата на Западниот Балкан, пренесува Порталб.мк. Државниот секретар на Секретаријатот за Европски Прашања, Дрита...

По Катар – Катаргејт: „Секое чудо за три дена“ или кон системски решенија

Поранешната потпретседателка на Европскиот парламент Ева Каили останува во притвор. Ова е неодамнешната одлука на Белгискиот суд. Каили е обвинета кон средината на месецов за корупција, учество во криминална организација и перење пари, со уште петмина други обвинети. Случајот е поврзан со влијание на одлуки за неодамнешното одржување на светското првенство во фудбал во Катар. Запленети се вкупно околу...

Дали ЕУ ќе успее да спречи нова „Кембриџ Аналитика“?

На Советот за општи работи на Европската унија одржан на 13 декември министрите расправаа и за транспарентноста и политичкото рекламирање и го утврдија нивниот став пред преговорите за ова прашање со Европскиот парламент. Точката не предизвика многу внимание, веројатно затоа што не е ни почеток, а сѐ уште ни крај на работата. Повеќе е некаде во средина.  Пакетот за...

„Ударите по џебот“ од ЕУ за Полска и Унгарија – колку се ефективни?

Полска Во јуни оваа година, Полска побара од Европската комисија да ги одмрзне средствата  од Фондот за обнова и отпорност во висина од 34 милијарди евра. Комисијата не ѝ ги префрла овие средства на Полска поради утврдените прекршувања на Регулативата (од 2020 година) со која се воведе условеност на владеење на правото за фондовите на ЕУ. Полска е нето-примател од...

„5 до 12“ за енергетска транзиција на Балканот 

Многу работи на Балканот се случуваат во последен миг. Како заладува времето, така зачестуваат состаноците и ветувањата за зелена енергетска транзиција на Западниот Балкан. За само еден месец беше најавена итна помош на Европската комисија за надминување на енергетската криза, потоа објавена нова декларација за зелена транзиција во рамките на Берлинскиот процес, па одржан и регионален состанок во Белград. Она...

Еден договор, многу зборови

Договорот за оперативните активности на ФРОНТЕКС во Северна Македонија предизика најголемо внимание од сите такви договори на ЕУ склучени со „земјите кои не се членки во ЕУ“. Вниманието не е насочено кон содржината или значењето на договорот, туку кон фактот дека во неговите завршни одредби, наместо досегашната формулација на договорите со ЕУ дека е составен на „службените јазици на...

Проширувањето пред проширување

Годинешниов пакет документи за проширувањето на Европската комисија има две одлики. Најпрвин, тој е последен со седум држави. Од следната година ќе се однесува на десет држави, вклучувајќи ги Украина, Молдавија и Грузија. Втората одлика е силната геополитичка боја на Стратегијата за проширување, во која на преден план е влијанието на руската агресија врз Украина врз проширувањето. Секако, и...

„Стратешката интимност“ на новата Европска политичка заедница

Европската политичка заедница (ЕПЗ) беше инаугурирана веќе шест месеци по нејзината најава од страна на иницијаторот – францускиот претседател Емануел Макрон. Токму тој ќе оцени дека со неа се постигнала „стратешка интимност“ на континентот. Видливо е дека примарното значење дадено на првата средба е гео-политичкото, главно на симболичко ниво на единство на континентот, кое ја зајакнува изолацијата на Русија, по...

Скрининг – почеток на почетокот

Меѓу многубројните странски зборови кои се користат во евроинтегративниот процес, најактуелен е „скрининг“. Во случајов на преговорите со ЕУ означува процес кој треба да овозможи оценка на состојбата на усогласеност на земјата со барањата на обврските на една држава членка на ЕУ. Ќе се осврнеме на неколку клучни аспекти на скринингот: неговата содржина, динамика, главните актери, клучните разлики согласно новата...

Прекинување на ветото или бугаризација до недоглед?

Најчесто се воздржувам од коментари на непотврдени документи. Меѓутоа, во случајов се работи за објавени предлози на документи (од страна на 360 степени) кои се многу значајни за Македонија. Тоа се делови од предложените заклучоци на Советот за општи работи на ЕУ кои се однесуваат на Македонија, кои би требало да се најдат на масата на Советот за општи...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...