fbpx
Таг: мали хидроцентрали

таг: мали хидроцентрали

Бројот на фотоволтаични електрани за една година се зголемил за 28, годинава има засилени инвестиции [инфографик]

фотоволтаична централа Теново фото: Влада
Во период од една година, бројот на регистрирани фотоволтаични електрани што произведуваат струја од сонцето како обновлив извор на енергија е зголемен за 28 нови објекти. Во 2021 година имало 168 соларни електрани со моќност од 23,83 мегавати, додека годинава заклучно со 16 мај, нивниот број е зголемен на 196 фотоволтаични електрани коишто имаат моќност од 30,83 мегавати. !function(){"use strict";window.addEventListener("message",(function(e){if(void...

Само еден концесионер на мала хидроцентрала во Националниот парк „Шар Планина“ се откажал, останатите бараат обесштетување

Концесионерите на четири од седумте мали хидроцентрали кои се зацртани во Националниот парк „Шар Планина“ побарале надомест за вложените средства за да се откажат од изградбата. Само еден концесионер на две мали хидроцентрали во досегашните преговори целосно се повлекол и не бара компензација. Во рамките на новиот национален парк, веќе се изградени и пуштени во употреба 11 мали хидроцентрали,...

Државниот инспекторат за животна средина ќе вработи тројца нови инспектори, потребни се уште повеќе

Државниот инспекторат за животна средина и годинава ќе добие тројца нови инспектори, откако на огласот кој беше распишан минатата година беа вработени двајца. Сепак и со нив, оваа институција ќе биде многу далеку од бројот на вработени кој навистина ѝ е потребен за да може ефикасно да функционира. Илјадници објекти низ целата држава во моментов треба да ги контролираат 22...

Владата да го раскине договорот за мала хидроцентрала во НП „Маврово“, бараат екологисти и професори

Екологисти и професори од 37 граѓански организации и повеќе факултети поднесоа барање до Владата да не го продолжува и еднострано да го раскине договорот за изградба на малата хидроцентрала „Рибничка 7“ во Националниот парк „Маврово“, склучен во 2015 година. Рокот за изградба на оваа хидроцентрала истекува на 7 Мај годинава, а според важечкиот договор, доколку не се испочитува, Владата...

Петиција на екологистите: Реките ќе ги спасиме со укинување на субвенциите за мали хидроцентрали

Да се заштитат реките од изградбата на мали хидроцентрали и да се укинат субвенциите за инвеститорите, апелираат македонските екологисти на Светскиот ден на реките. Под мотото „Да ги оставиме реките слободно да течат!“ граѓанската организација „Еко свест“ организира петиција за укинување на субвенциите за малите хидроцентрали и апелира граѓаните, од чии сметки за за електрична енергија се одвојуваат овие...

Да се укинат субвенциите за мали хидроцентрали, а реките да останат слободни

Не нѝ требаат стандарди за рибни патеки, туку реките да ни останат слободни, апелира Анес Ахмети од село Жировница, кој заедно со своите сограѓани веќе неколку години се бори да не се изградат мали хидроцентрали на Жировничка река. Субвенциите кои ги привлекуваат инвеститорите кон овие енергетски објекти мора да бидат укинати, бара и Ивица Аврамоски од село Локвица, кој...

Бернската конвенција бара да нема нови мали хидроцентрали, за дадените концесии ќе се одлучува поединечно

Да се откажат сите одобрени и планирани хидроелектрани во заштитени подрачја во државата, но и оние надвор, кои можат да имаат влијание на заштитените зони, е една од серијата препораки кои пред крајот на минатата година до македонската влада ги испорача Комитетот на Бернската конвенција. Конкретно, препораката се однесува за сите енергетски објекти кои добиле концесии, но сѐ уште не...

Животната средина и во 2021 година на маргините: Mногу одлуки на хартија, слаба имплементација

Шар Планина стана национален парк, четвртиот во земјава и прв прогласен по осамостојувањето на земјата. Една од најголемите жешки точки во земјата, ОХИС се исчисти од многу хемикалии, а се решава и линданот од малата депонија. Состојбата со Охридското езеро и водите е толку алармантна, што Бернската конвенција отвори случај против земјата за заканите врз Емералд подрачјата Охридско Езеро...

„Еко свест“: Да се укинат субвенциите за мали хидроцентрали и парите да се насочат кон сонцето и ветерот

Да се укинат субвенциите за мали хидроцентрали е новата кампања на Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, за која деновиве започна и петиција за собирање на потписи. Петицијата, заедно со кратко информативно видео, е објавена на нивните страници на социјалните мрежи, а од „Еко свест“ апелираат граѓаните да ја потпишат и да дадат поддршка за укинување...

Домаќинствата нема да добиваат електрична енергија од малите хидроцентрали, тие остануваат повластени

ЕВН хоум нема да ја купува електричната енергија од повластените производители коишто користат обновливи извори на енергија, но тоа нема да влијае на нивните повластувања. Владата ја измени Уредбата за критериумите и условите за прогласување кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на електрична енергија, во делот за начинот на снабдување со електрична...

Наместо 44, граѓаните плаќале 81 евро за секој мегават електрична енергија произведен од мала хидроелектрана

Малите хидроелектрани минатата година произвеле само 195,7 гигават часови електрична енергија и учествувале само со четири отсто во вкупното домашно производство. Сепак, тоа не значи дека работеле непрофитабилно, бидејќи на концесионерите од 2012 година па досега им се платени 41 милион евра повеќе во однос на пазарната вредност на произведената енергија, поради користење на законски предвидените повластени тарифи. Тоа...

Малите хидроцентрали главна тема во новото издание на „Шорткат“

Во фокус на 12. епизода од емисијата за млади „Шорткат“ се малите хидроцентрали. Еколошките организации се обединија во ставот дека од нивната изградба нема ниту економски, ниту еколошки бенефит, а влијанието што го имаат врз животната средина и биодиверзитетот е погубно. Според нив, Законот за води треба да е рамка која мора да спречи експлоатација на водните ресурси исклучиво...

Малите хидроцентрали немаат ниту еколошка, ниту економска оправданост

Изградба на мали хидроцентрали или било каков друг вид на експлоатација на водите во заштитени подрачја мора да биде забранета. Граѓанските организации, здружени во коалицијата „Разбистри сѐ“, побараа измени на Законот за води со кои вистински ќе се заштити овој скапоцен ресурс. Искористувањето на водата во бизнис цели е недозволиво, а особено ако во тој процес се уништува и...

Групацијата за обновливи извори на енергија при СКСМ го осуди затрупувањето на Маркова река

Групацијата за обновливи извори на енергија при Стопанската комора на Северна Македонија ја осуди злоупотребата на животната средина и нарушувањето на биодиверзитетот во и околу реките и побараа надлежните институции да го истражат случајот. Ракцијата следува откако денеска објави феколошката организација „Еко свест“ објави фотографии од затрупувањето на Маркова река како последица од градежните активности за трите мали хидроелектрани...

Маркова река затрупана од изградбата на мали хидроцентрали, „Еко свест“ бара раскинување на концесиите

Маркова река е комплетно затрупана со камења, карпи и земја како последица од градежните активности за трите мали хидроелектрани што се градат во погорниот тек на оваа река, реагираат екологистите од „Еко свест“. Тие деновиве, по апелот од локалното население го посетиле локалитетот и констатирале дека реката и речното корито се целосно уништени. Цели сегменти од реката се затрупани...

Нуредини: Преговараме со концесионерите да не се градат мали хидроцентрали на Шара

Искусни ренџери ќе го чуваат Националниот парк Шар Планина и ќе се грижат за заштита на природните богатства и живиот свет, најави денеска министерот за животна средина Насер Нуредини и посочи дека активно се преговара во заштитениот дел да не се градат нови мали хидроцентрали. Јавната установа за управување со заштитеното подрачје треба да се формира за три месеци,...

Порталб.мк: Прогласувањето на Шара за национален парк нема да ја запре изградбата на 7 мали хидроцентрали

Започнаа градежните работи за изградба на хидроцентралите на Шар Планина. И покрај фактот дека е прашање на денови кога Шара ќе се прогласи за национален парк, седумте хидроцентрали кои веќе започнаа да се градат, ќе бидат изградени. Порталб.мк ова го дозна од директорот за Управата за животна средина, Хисен Џемаили. Според активистот Садик Абдирахими, хидроцентралите за кои вели дека...

Фотонапонските електрани и лани најбројни како нови објекти, малите хидроелектрани со најголема моќност [инфографик]

За производството на електрична енергија од сонцето и водата како обновливи извори на енергија (ОИЕ) и понатаму постои најголем интерес во земјава, споредено со останатите извори на „зелена енергија“. Како и изминатите години, бројот на нови енергетски објекти лани бил најголем кај фотонапонските електрани, додека малите хидроелектрани што биле изградени имаат поголема моќност за производство на струја, покажуваат податоците...

Порталб: Тетово со денови се мачи за вода, Заев вели хидроцентралите не го нарушиле снабдувањето

Премиерот Зоран Заев вчера во Тетово изрази уверување дека малите хидроцентрали не се една од причините поради кои Тетово во последните месеци се соочува со недостиг на вода за пиење. Според него, хидроцентралите веројатно нема да трошат вода. Но, од друга страна, од обелоденувањето на планот за изградба на хидроцентрали во Шар Планина, околу 44 НВО реагираат редовно за...

Бизнисот „ги турка“ малите хидроцентрали, еко-активистите бараат задолжителни студии за влијанието врз животната средина

Значајно е производството на електрична енергија од малите хидроелектрани, како обновлив извори на енергија. Но, дали треба да се зголемува и фаворизира нивната застапеност, ако се има предвид дека со изградбата на малите ХЕЦ се влијае штетно врз животната средина? Колку еколошките здруженија упорно апелираат да се стопираат започнатите градби и најавените проекти за мали ХЕЦ, толку повеќе надлежните посочуваат...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...