четврток, 13 август, 2026
Meta.mk

Ознака: Макфест | 10 резултати

Фестивалот „Макфест“ повторно ќе се одржува во октомври

март 8, 2017

Фестивалот на забавна музика „Макфест“ се враќа на старите датуми на одржување, односно на 5, 6 и на 7 октомври. Според директорот на „Макфест“, Љупчо Мирковски, стариот датум се враќа на барање на штипјани, кои изданието на овој фестивал го врзуваат за месецот октомври. Мирковски соопшти дека е завршен конкурсот за нови песни, а од […]

Александра Јанева победи на „Макфест“

јуни 5, 2016

Струмичанката Александра Јанева победи на 31. издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, со песната „За сто години“. Таа ја освои и наградата за вокална интерпретација „Драган Каранфиловски – Бојс“. Првото место ѝ донесе и 10.000 евра. На второ место се пласираше Симона Попоска со нумерата „Ќе најдам друг“, а третопласирана е Антонија Гиговска со […]

Странските пејачи на „Макфест“ на сопствен трошок ќе допатуваат во Штип

јуни 2, 2016

Во пресрет на првата вечер на фестивалот на забавна музика „Макфест“, кој е финансиран од Министерството за култура, директорот на фестивалот, Љупчо Мирковски, објави дека странските пејачи во Штип ќе дојдат на сопствен трошок. – Седумте странски пејачи имаат голема желба да настапат на „Макфест“ и се согласија да допатуваат на свој трошок. Меѓу нив […]

Годинешниот „Макфест“ со предзнак меѓународен

мај 30, 2016

В четврток, во Штип, почнува 31. издание на фестивалот на забавна музика „Макфест 2016“, а годинава тој е со предзнак меѓународен, поради учеството на седум странски интерпретатори. Во трите фестивалски вечери за главните фестивалски награди ќе се натпреваруваат и 23 домашни изведувачи, најави денеска директорот на фестивалот, Љупчо Мирковски. – Ги имаме стандардните награди, а од […]

Утре во Штип  почнува 30. „Макфест“

јуни 2, 2015

Фестивалот на забавна музика „Макфест“ го почнува утре јубилејното, 30. издание. Во двете полуфинални вечери ќе бидат изведени 30 песни, од кои во финале ќе се најдат 18, односно по девет од двете вечери. Фестивалот традиционално почнува со подигнување на фестивалското знаме, утре во 12.30, по што следи  првата прес-конференција. Во 16 часот, изведувачите ќе ја […]

Распишан конкурсот за „Макфест“

декември 17, 2014

Фестивалот на забавна музика „Макфест“ од Штип, денеска објави меѓународен конкурс за избор на композиции за 30. издание на фестивалот. На конкурсот можат да учествуваат домашни и странски автори. Ќе бидат избрани 30 нови забавни мелодии. Од авторите се бара да достават оригинална композиција напишана за вокал и за ревиски оркестар, изработена во духот на […]

Страна 1 од 1