fbpx
Таг: Македонско еколошко друштво

таг: Македонско еколошко друштво

„Еко Свест“ и МЕД бараат Владата да ги раскине сите концесии за мали хидроцентрали на Шар Планина

Владата да ги прекине сите постапки за доделување концесии за мали хидроелектрани и да ги раскине договорите за доделени концесии за мали хидроелектрани чија изградба сè уште не е започната на територијата на Шар Планина, бараат граѓанските организации „Еко Свест“ и Македонско еколошко друштво (МЕД). Во писмо, упатено до Владата и премиерот Зоран Заев, граѓанските активисти посочуваат дека малите хидроцентрали...

Уништена опрема на Македонското еколошко друштво за мониторинг на балканскиот рис

Несовесни граѓани целосно уништиле кафез – замка на Македонското еколошко друштво (МЕД) која служи за научно-истражувачки цели за следење на балканскиот рис. Опремата, која била лоцирана во месноста Суви Дол, Кичевско, е целосно уништена и не може повторно да се употреби за мониторинг на балканскиот рис, информираат од МЕД. Македонското еколошко друштво долги години спроведува теренски активности за спас...

Балканскиот рис се врати на Галичица

Рисот се врати во Националниот парк „Галичица“. По пауза од неколку децении, повторно е евидентирано присуството на балканскиот рис во „Галичица“, објавија денеска од националниот парк. Досега, животното кое е на листите на згрозени видови се сретнуваше најчесто во Националниот парк „Маврово“, а во земјава се претпоставува дека има уште педесетина единки. Фотографиите од рисот биле направени викендов, веднаш...

Шар Планина не смее да биде заштитена само на хартија, апелираат граѓанските организации

Концесиите за малите хидроелектрани, нелегалната сеча на дрвја, криволовот и насилната урбанизација се меѓу најголемите опасности кои ја демнат Шар Планина. Додека трае процесот за прогласување на дел од планината за национален парк и во очекување на јавните расправи меѓу локалното население, екологистите и институциите, јавноста сè погласно апелира дека заштитата на Шара не смее да остане само на...

Египетските мршојадци летаат за опстанок, на три континенти ќе се трча за нивна поддршка

Под мотото „Птиците го поврзуваат светот“, Македонското еколошко друштво, ги кани сите граѓани на 10 Октомври, Денот на птиците преселници, да истрчаат или отпешачат една милја. Настанот, кој се одржува на три континенти, Европа, Азија и Африка, се организира за подигнување на јавната свест за опасноста во која е опстанокот на мршојадецот, кој, во летниот период може да се...

Почнува јавната кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк

Центарот за едукација и развој (ЦЕД) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Програмата за животна средина на ОН (УНЕП) започнуваат со имплементација на јавната кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк. „Кампањата на терен ќе се спроведува со директно вклучување, информирање и консултирање на локалното население, приватните бизниси и сите засегнати страни...

Од малите хидроцентрали на Шара нема никаква корист освен профит за сопствениците

Да запре планирањето и изградбата на мали хидроцентрали и издавањето на концесии за Шар планина, апелираат еколошките организации во земјава. Овие енергетски објекти даваат минимален придонес во вкупниот енергетски биланс на земјата, но прават огромна штета на потенцијалот на реките, кој зафатен од климатските промени, сè помалку ги задоволува потребите за вода на локалното население и живиот свет во...

Пет розови фламинга одмораат во Преспа

Пет розови фламинга, едно возрасно и четири млади, одмораат во Преспанското Езеро. Ова не е првпат фламинга да ја посетат Преспа, со оглед на тоа дека иако тие не се гнездат во Македонија, територијата ја користат повеќе пати за прелет. Денеска се забележани во Езерани, каде нискиот водостој им овозможува соодветни услови за одмор за време на миграцијата. Првиот податок за...

Глобална петиција за правото на здрава планета да стане универзално човеково право

Здравата природна средина да стане универзално човеково право и да се вклучи во Универзалната декларација на човекови права е иницијативата до Обединетите нации поттикната од граѓански организации од над 100 држави, меѓу кои и Македонија. Македонското еколошко друштво (МЕД) денеска се приклучи кон глобалната иницијатива која започна на 13 јули, како апел да се воведе нов член во Универзалната декларација...

Меѓународен ден на животната средина: Акција „За природата“ и заштита на биодиверзитетот

Климатските промени кои со галопирачко темпо ја уништуваат планетата Земја, но и човековите активности, кои повеќе ги поттикнуваат отколку што ги забавуваат, се главните причини за еколошката катастофа која му се случува на Преспанското езеро. Повлекувањето на водата и загрозувањето на опстанокот на живиот свет во езерото, се само еден од проблемите со кои се соочуваме во земјава. Нарушувањето...

Ден на биодиверзитетот: Во Преспа се пребројува најголемата колонија на пеликани во светот

Пребројување на најголемата популација на кадроглави пеликани во светот која живее на Преспанското езеро, е главната активност на Македонското еколошко друштво во одбележувањето на 22 Мај, Денот на биодиверзитетот. Проектот има регионално значење и се одвива во соработка со партнерските организации од Грција и Албанија - Друштвото за заштита на Преспа (SPP) и Друштвото за заштита на животната средина...

Осоговските планини – првиот заштитен предел во државата

Осоговските планини со одлука на Владата се на чекор до прогласување за заштитен предел, што според важечкиот Закон за заштита на природата е петти од шесте предвидени степени на заштита на природните предели во земјава. Во следните месеци треба да се спроведат јавни расправи за предлогот со локалното население и со другите засегнати страни. По усогласувањето на мислењата и забелешките,...

Македонија сè уште нема црвени листи за сите загрозени видови

Балканскиот рис, белоглавиот и египетскиот мршојадец долги години се меѓу најзагрозените животни во земјава, но листата на видови во опасност постојано се зголемува. Неконтролираното темпо на користење на биолошките ресурси во светот, но и кај нас може да доведе до неповратно губење на огромен број животни и растенија. Прифаќањето на природата, генерално, како ресурс, а не како богатство од...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...