Таг: македонски јазик
таг: македонски јазик
Д-р Људмил Спасов ќе ги презентира владините мерки за македонскиот јазик
Откако вчера Владата усвои повеќе предлог-мерки за унапредување на состојбата на македонскиот јазик, денеска мерките ќе ги образложи проф. д-р Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик. За мерките ќе зборува и владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Според тоа што вчера го соопшти Министерството за култура, со мерките се предвидува и формирање фонд за поддршка на афирмирањето на македонскиот јазик...
Владата усвои пакет мерки за унапредување на македонскиот јазик
Владата ја разгледа и ја усвои информацијата со предлог-мерки за унапредување на состојбата на македонскиот јазик, со кои, меѓу другото, се превидува формирање фонд за поддршка на афирмирањето на македонскиот јазик на странските универзитети, отворање и одржување на лекторатите по македонски јазик на странските универзитети, како и формирање на фонд за поддршка на изработка на научни дела посветени на...
Туфегџиќ: Процесот за полагање на лекторски испит ќе се одблокира
Предлог-измените на законот за употреба на македонскиот јазик, кои што предвидуваат одблокирање на процесот за полагање на лекторскиот испит, се влезени во собраниска процедура, информираше денеска на прес-конференција пратеничката на СДСМ, Ивана Туфегџиќ.
Таа додаде дека „претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со несопроведливи законски измени, нема издадено лиценца за лектор од 2013 година до денес .“
-Тоа предизвикува огромна штета врз...
Мицкоски: Заев на Бугарија ѝ даде можност да блокира отворање поглавја од преговорите
Со Договорот за добрососедство Бугарија ќе има можност да го преиспита однесувањето на Македонија на целокупниот пат кон Европската Унија, бидејќи Заев прифати таа да има можност да не дозволи отворање на кое било поглавје од преговорите за членство доколку не се исполнат нејзините цели и позиции, порача денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој додаде дека тоа значи нови проблеми...
Димитров: Јавноста ќе има увид во договорот со Бугарија кога и официјално ќе стане договор
Јавноста ќе има увид во договорот за добрососедство со Бугарија кога тој ќе биде официјално потпишан и даден на ратифкација во Собранието на Република Македонија, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за „Телевизија 24“.
Како што изјави шефот на македонската дипломатија, во моментов станува збор за нацрт-текст на договор, кој за да стане договор, првин треба да биде...
Захариева: Никој не ја негира историјата на Македонија, ниту на Бугарија
Бугарија со признавањето на македонската држава, го признава и македонскиот јазик во согласност со Уставот на Република Македонија, изјави шефицата на бугарската дипломатија и вицепремиерка, Екатерина Захариева, додавајќи дека не гледа ништо спорно со признавањето на македонскиот јазик.
Таа во интервјуто за бугарската национална телевизија БТВ вели дека посетата на високо ниво на премиерот Зоран Заев и на македонските министри...
ВМРО-ДПМНЕ: Заев трет ден не кажува што договорил во Софија
„Заев трет ден молчи и бега од одговор, одбивајќи да ѝ каже на македонската јавност што точно договорил во Софија. Заев има обврска за транспарентно и инклузивно работење, особено кога станува збор за прашања од највисок национален интерес“, порача ВМРО-ДПМНЕ во своето редовно утринско соопштение.
„Граѓаните на Република Македонија се вознемирени бидејќи не знаат што точно прифатил Заев во договорот...
Борисов кажа сè, само „македонски јазик“ не
Запрашан на денешната прес-конференција со неговиот македонски колега Зоран Заев на каков јазик ќе се потпише договорот за добрососедство, бугарскиот премиер Бојко Борисов даде одговор дека тој мора да биде составен „на јазикот што е наведен во Уставот“ на Македонија.
- Детали што, всушност, се важни, но не за денес, туку за евентуално следното поколение. Истовремено, ние како држава први...
Алаѓозовски: Ќе го заштитуваме, афирмираме и унапредуваме македонскиот јазик
На денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј, кои ги поставија темелите на писменоста и јазикот како наш идентитетски белег, уште еднаш се обврзуваме дека ќе го заштитуваме македонскиот јазик, ќе го афирмираме и ќе го унапредуваме неговиот статус, изјави денеска на прес-конференција Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ.
-Ќе се фокусираме на изработка на темелна...
Вечерва во Струга, концерт на вокалниот ансамбл „Симбиоза“
Вечерва, од 20 часот, во холот при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, ќе се одржи хорски концерт на вокалниот ансамбл „Симбиоза“.
„Симбиоза“ е мултиетнички, мултикултурен и образовен проект кој произлегува од секојдневната соработка на двајца млади просветни работници, Дамјан Темков (композитор) и Бехар Весели (диригент).
Проектот „Симбиоза“ досега има реализирано шест концерти на реномирани фестивали.
Овој проект, иако најавен само како...
Го „дефакторизираа“ македонскиот јазик, а сега се фалат дека го бранат
Во постизборниот период, како продолжение на политичката криза во земјава, соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ, но и јавните настапи на високи функционери на таа партија, ги обележуваат зборови и јазични изрази кои досега не биле присутни во секојдневната употреба - „десоросоизација“, „дефакторизација“, „просоросова“, „фашисоросоидна“, „тиранска платформа“...
Ако се вратиме наназад, сè почна од прогласот што лидерот на партијата, Никола Груевски, го прочита...
Тетовските гимназијалци ќе следат настава во старото медицинско училиште
Наставата на македонски наставен јазик за тетовските гимназијалци ќе продолжи привремено да се одвива во двете згради на старото медицинско училиште. Децата во овие објекти ќе почнат да учат откако, најверојатно месецов, ќе заврши нивната реконструкција. Засега средношколците следат предавања во големата сала на Општина Тетово.
- Па, тука е лошо за следење настава. Ги нема потребните услови. Нема табла, има само...
Во Охрид се одржува 43. Меѓународна научна конференција за македонски јазик
Во рамките на 49. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, со учество на бројни странски и македонски слависти, македонисти и балканисти, денеска и утре во Охрид се одржува 43. Меѓународна научна конференција.
Двете носечки теми се „70 години од првите книги за деца на македонски јазик“ и „Непреводливото во преводот“.
Меѓународниот семинар за македонски јазик почна на 11 јуни,...
Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид
Од денеска до 26 јуни, во Охрид се одржува 49. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура.
Осумдесет стипендисти од 17 држави ќе бидат дел од годинешниот македонистичко-славистички собир, во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Семинарот се одржува во Конгресниот центар на Универзитетот.
Во рамките на семинарот ќе се одбележат 1.100-годишнината од смртта на св. Климент Охридски,...
Новиот „Правопис на македонскиот јазик“ да биде реиздаден со пристапна цена
Оправдани се реакциите во јавноста дека цената од 1.500 денари за новиот „Првопис на македонскиот јазик“ е превисока и дека треба да се препечати во помалку луксузно издание со популарна цена. Ова е заклучокот од вчерашната седница на Советот за македонски јазик, кој ќе даде предлог до издавачот, Институтот за македонски јазик и Министерството за култура, за ново поевтино издание,...
Полска поетеса објави книга на македонски јазик во Бугарија
Во Плевен, Бугарија, објавена е поетската книга „Кога си со друга“ од полската поетеса Калина Изабела Зиола.
Издавач на книгата е „Бран“ од Струга, а печатена е во печатницата „Нома“ од Плевен.
Автори на препевот се бугарската поетеса Вања Ангелова и македонскиот писател Петко Шипинкаровски, кои воедно се и рецензенти.
Македонците во Албанија бараат настава на својот мајчин јазик
Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, заедно со разгранокот за Голо Брдо, достави ново барање, овојпат до највисоките претставници на власта и до сите надлежни албански институции, за организирање настава на мајчин македонски јазик во деветолетката „Ддесетте херои“ во село Требиште, област Голо Брдо.
Барањето е доставено до претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани, премиерот Еди Рама, претседателот на парламентот, Илир Мета,...