fbpx
Таг: македонски јазик

таг: македонски јазик

Медиа Плус: Од дезинформација до сајбер омраза

Тврдењето на првиот човек на МАНУ, Љупчо Коцарев дека ќе се укинуваат катедрите по македонски јазик и по македонска книжевност беше демантирано од Филолошкиот факултет во Скопје. Меѓутоа од петокот, кога објави академик Коцарев, па до демантот во понеделникот, се случи долг викенд на силна јавна дебата, која селејќи се на социјалните мрежи премина во сајбер омраза, пишува „Медиа...

Пендаровски: Јазикот и историјата ѝ го даваат идентитетот на Северна Македонија – а јазикот не е бугарски

Тие велат дека постојат етнички Македонци…. Но дека одеднаш, сме се разбудиле едно утро и сме рекле: „Аха! Сега сме всушност етнички Македонци, а вчера бевме етнички Бугари. Така што, тоа е апсолутен историски нонсенс, вели претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во интервју за влијателниот ЕУ Обсервер, зборувајќи за тезите на официјална Бугарија за прашањата за идентитетот...

Бугарија го блокира договорот на Фронтекс со Скопје поради македонскиот јазик, пренесе бугарски „Дневник“

Бугарскиот „Дневник“ вчера извести дека Бугарија е единствената држава која го блокира важниот договор за гранично управување меѓу Македонија и европската служба за безбедност, поради „македонскиот јазик“, повикувајќи се на изјава на портпаролот на Европската комисија. „Договорот со Фронтекс е втората тема за која Бугарија поставува пречка за Македонија на европско ниво. Првата е почетокот на преговорите на Скопје со...

Заев: Нашето место во ОН е потврда за македонскиот јазик и македонскиот идентитет (Видео)

Македонија е меѓународно призната држава со сопствена армија, со државна валута и со сите постулати на државност, нашето место во ОН е кристална и недвосмислена потврда и за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет. Македонскиот јазик се користи слободно секаде во сите меѓународни институции, активности и настани. Во европските институции во Брисел и во Стразбур. Одбележувањето на ваквите денови...

Димитров: Ако ЕУ дозволи македонскиот јазик да биде пречка, нема да ја заслужи придавка „европска“

Ако Европската Унија (ЕУ) дозволи на некој начин македонскиот јазик да биде пречка тогаш нема да ја заслужи во своето име „европска“, порача вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров од Прилеп, каде ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание. - Една работа ќе кажам. Мислам дека е неевропски предизвик македонскиот јазик да стане...

Вистиномер: Две години подоцна – Преспанскиот договор и македонскиот идентитет (II дел)

Како и колку е заштитен македонскиот идентитет во Преспанскиот договор и можно ли е негово поништување во Обединетите нации, или, пак, од некоја идна власт во земјава?, пишува Вистиномер во својата нова анализа. ШТО ПРЕДВИДУВА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА Лидерот на СДСМ и во тоа време преимер, Зоран Заев, образложувајќи ги четирите амандмани пред собраниската Комисија за уставни прашања (07.11.2018), кажа дека со...

Европската комисија ја предаде предлог-преговарачката рамка за Македонија на земјите-члeнки

Европската комисија го усвои предлогот на Преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија и документот е испратен до земјите-членки. „Преговарачката рамка од страна на ЕК е конципирана врз основа на новата методологија за пристапниот процес. Основна цел на овие измени е пристапниот процес да биде поизвесен, поконкретен, поверодостоен, подинамичен, со засилено политичко управување, влијание од страна на земјите-членки, засновано на...

„МАИКА“ – бесплатна алатка која гласовно чита текст на македонски јазик

МАИКА е бесплатна алатка која пишаниот текст на македонски јазик го претвора во говор. Алатката е изработена од тимот на „Emit Knowledge“. Инспирација за создавањето на оваа алатка, како што велат од тимот, е да се остави наследство за следните генерации, со цел да се зачува и збогати македонскиот јазик, но и да се помогне на лицата со попреченост, поконкретно...

Македонскиот јазик е одамна кодифициран и признаен, а членството во ЕУ е врвен стратешки приоритет од осамостојувањето до денес

Во емисијата „Нашиот ден“ на Бугарското национално радио, бугарскиот новинар Костадин Филипов како гостин повикан да ја коментира ситуацијата со ЕУ амбициите на Северна Македонија во неколку наврати искажа ставови што веќе се подолго присутни во бугарскиот јавен простор. Филипов ја коментираше изјавата на македонскиот претседател Стево Пендаровски во емисијата „360 степени“ на 1 мај годинава. Претседателот на прашање на...

Бечев: Реториката на бугарската власт ќе го засили ВМРО-ДПМНЕ

Одговарајќи на познатата реторика во политичкиот и медиумскиот простор во Бугарија во изминативе неколку седмици, за зовриениот котел со прашањето на националниот идентитет на Македонците, за македонскиот јазик и за Гоце Делчев, познатиот професор и аналитичар Димитар Бечев во колумна за Радио Слободна Европа на бугарски јазик порачува дека диктатот на Бугарија кон Северна Македонија од позиција на сила...

Борисов: Готови сме да помогнеме на Северна Македонија, но ги кажавме нашите услови

Бугарскиот премиер Бојко Борисов по вчерашната онлајн-средба ЕУ- Западен Балкан порача дека Бугарија не сака Северна Македонија да си тера внатрешна политика на нејзин грб, јави бугарското радио „Дарик“. - ЕУ целосно го поддржа ветувањето кон партнерите од Западен Балкан за соработка за нивно придружување. Бев многу поддржан од други колеги, зашто искажав разбирање кон нашите колеги, вклучително и за...

Бугарски „Стандарт“ со „исплашен“ наслов за реакциите на Заев и Димитров на негаторството од БАН

Бугарскиот весник „Стандарт“ објави на својата веб-страница денеска текст со наслов „Нè плашат со крај на пријателството со Македонија“, со кој е озаглавен текст за реакциите на министерот Никола Димитров и премиерот Зоран Заев на потегот на Бугарската академија на науките (БАН) да нагласи дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. На едно место во текстот на „Стандарт“ се наведува...

БАН со „тенки“ аргументи се скара со МАНУ за македонскиот јазик

Бугарската академија на науките (БАН), водечкото тело во академската сфера во Бугарија, бурно реагираше на потегот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) од 3 декември годинава да усвои „Повелба за македонскиот јазик“, во којашто „ги изнесува научно признатите факти за македонскиот јазик, како и улогата на МАНУ во проучувањето и афирмацијата на македонскиот јазик во домашни и...

Владата предлага задолжително ангажирање лектори во сите државни и јавни установи

Советот за македонски јазик, стручно тело при Владата на Република Северна Македонија, отпочнува јавна расправа за консултации за Предлог - законот за употребата на македонскиот јазик, соопштуваат од владината прес - служба. Во предложениот Закон, со промените се предвидува задолжително ангажирање или вработување на лектори по македонски јазик во сите државни и јавни установи и институции, како што се Владата,...

Есејот по македонски јазик за државната матура за прв пат ќе биде на слободна тема

Учениците во четврта година периодов се подготвуваат за полагање на државната матура. Државниот испитен центар (ДИЦ) веќе објави на кои датуми ќе се одржат тестирањата. Првиот тест по странски јазик ќе се полага на 1 јуни, а мајчин јазик ќе се полага на 8 јуни. Новина годинава е тоа што по предметот мајчин јазик, учениците ќе пишуваат есеј на слободна...

Заев: Владата е посветена на грижата за правилната употреба на македонскиот јазик

Премиерот Зоран Заев, денеска во Свечената сала на Владата се обрати по повод „5 Мај - Денот на македонскиот јазик“, кој годинава за прв пат се одбележува, откако минатиот месец на владина седница беше донесена одлука овој ден да биде празник од работен карактер. Заев рече дека Владата е посветена на грижата за правилната употреба на македонскиот јазик и спомена...

Библиотеката во Тетово сè уште нема доволно пари за книги на албански јазик

Распределбата на буџетот за градската библиотека во Тетово „Кочо Рацин“ од страна на Министерството за култура се врши во сооднос 50/50 за книги на македонски и албански јазик, иако во оваа библиотека мнозинството читатели се Албанци, беше истакна денес на дебатата на тема „Читањето и младите“ што се одржа на Универзитетот на Југоисточна Европа, пренесува „Порталб.мк“. Читателите на градската библиотека...

Одржана првата владина седница со превод од и на албански

Владата соопшти дека на вчерашната 117-тата седница првпат министрите Албанци говореле на албански јазик, според одредбите на Законот за употреба на јазиците. Овој закон беше објавен во „Службен весник“ иако не доби потпис од претседателот Ѓорге Иванов. Биле прифатени владините измени на законот за абортус, со кој се укинуваат претходните ограничувања, а започната е и постапка за решавање на проблемот...

Грчки славист глув за лингвистичката реалност на македонскиот јазик

Извесен Маркус А. Темплар, славист и долгогодишен разбивач на шифри, шифрант и советник на Армијата на САД, како и на безбедносни агенции на САД, а најпознат како советник за национална безбедност на грчката „Македонска лига“, односно организација формирана исклучиво за борба против, како што велат „пропагандата на Скопје и неговиот експанзионизам“, во подолг есеј  се обидува да го прогласи...

Македонскиот останува единствен службен јазик на целата територија

Законот за јазиците ги унапредува правата на сите немнозински заедници и не предвидува нови вработувања, а македонскиот јазик со кирилското писмо останува единствен службен јазик и на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи, велат во денешното соопштение од Владата во врска како што велат лажните вести и невистини за примената на Законот за употреба на...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...