Таг: македонски јазик

таг: македонски јазик

Ковачевски: По примерот на Конески, се грижиме за македонскиот јазик низ дела

Наследството на Конески е темел на македонскиот јазик, а со тоа и темел во македонскиот идентитет и во македонската национална култура - но и со безвременско значење, поради поставеноста на Конески кон иднината, како приврзаник на сфаќањето дека јазикот е жива материја, порача премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање на настанот „Отворени денови на Институтот за македонски јазик“. Денешниот настан...

ЕУ одлучи договорот со „Фронтекс“ да се потпише на македонски јазик, без фусноти и ѕвездички

Советот на министри за внатрешни работи на ЕУ вчера донесе одлука за потпишување на договорот за соработка во управувањето со границите меѓу Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) и Северна Македонија. Договорот се очекува да биде потпишан на 20 октомври, при што договорот во дупликат ќе биде изработен на македонски јазик, без фусности и ѕвездички. Премиерот Димитар Ковачевски...

Објавен конкурс за најдобар прозен дебитантски ракопис на македонски јазик

Издавачката куќа „ТЕМПЛУМ“ по седумнаесетти пат го распишува конкурсот „Новите!“, за најдобар прозен дебитантски ракопис на македонски јазик. За наградата може да конкурираат исклучиво дебитанти, кои пишуваат на македонски јазик и кои претходно немаат објавено прозна книга. „Ракописите, треба да бидат напишани на кирилица, во македонска кодна поддршка, со фонт 12, проред 1,5 во А4 формат и не смее да...

Не е точно дека владата го забранила терминот „македонски“ на Саемот во Белград

Тврдењата дека Владата им забранила на компаниите во Белград да го користат зборот „македонски“ ги демантираа од Владата. Оттаму, посочија дека придавката „македонски“ ја има секаде на промотивниот материјал на Саемот за храна, вино и туризам во Белград. Од фотографија која ни ја испратија директно од Саемот во Белград јасно може да се види дека на еден од постерите...

Отворена јубилејната 55. Летна школа за македонскиот јазик и култура во Охрид

Расте интересот за изучување на македонистиката на странските универзитетски центри. На јубилејната, 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) има најголем број учесници последниве години. Покрај учесници од земјите во коишто се изучува македонистиката, годинава има учесници и од земји чиишто универзитети може...

Јубилејната 55. Летна школа на МСМЈЛК со 60 странски македонисти и слависти од 17 држави

Следната седмица во во Охрид ќе започне јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). На Школата, којашто ќе трае до 2 септември, ќе учествуваат 60 странски македонисти и слависти од 17 држави, коишто во Охрид доаѓаат да ги продлабочат своите познавања и...

По Бугарија, и Македонија достави еднострана изјава за јазикот

Македонија достави еднострана изјава за јазикот до ЕУ, која ќе биде приложена кон записникот од првата политичка меѓувладина конференција, откако претходно тоа го направи и Бугарија. Во изјавата се наведува дека како што е прoпишано во Уставот на Република Северна Македонија, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е службен јазик на РСМ на целата територија на државата и во нејзините...

Матурските резултати по македонски јазик за прв пат подобри од оние по англиски

На последното полагање државна матура, учениците покажаа подобри резултати на тестот по македонски јазик, одошто на оној по англиски јазик, што не беше случај до минатата година, информира за Мета.мк директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска. До лани учениците секоја година подобри постигања покажуваа по англиски, одошто на испитот по македонски јазик. „Годинава просечната оценка по македонски јазик е...

Урсула фон дер Лајен во македонското Собрание: Македонски јазик без квалификации, Европа ве чека

Ursula fon der Lajen vo Sobranie 14jul22 screenshot
Сакав да бидам денес овде за да се обратам директно, за од мене да слушнете дека Европа ве чека. Чекајќи и надевајќи се дека ќе направите уште чекор кон нашата унија. Вашата држава е на пат да стане членка на ЕУ. Ова го порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен при денешното обраќање во македонското Собрание. „И сега,...

Ковачевски – Фон дер Лајен: Време е за мудри одлуки, македонскиот јазик и идентитет во ЕУ се заштитени

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на денешната тет-а-тет средба разговараа за најважните прашања поврзани со проширувањето на Европската Унија. Тие констатираа дека сега е моментот кој треба Северна Македонија да го искористи за прифаќање на европскиот предлог, што понатаму значи и одржување на првата меѓувладина конференција и...

Пендаровски: Македонскиот јазик и идентитет мора да бидат почитувани и гарантирани од страна на ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски за време на денешната средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен потенцираше дека македонскиот јазик и идентитет мора да бидат почитувани и гарантирани од страна на Европската Унија. Пендаровски го реафирмираше ставот дека прифаќањето на францускиот предлог ќе овозможи деблокада на евроинтеграциите и отворање на првата фаза од пристапните преговори, што ќе претставува позитивен...

Контраспин: Нема потврда дека „вo сите идни документи на ЕУ“ македонскиот јазик ќе оди со додавка или фуснота

Голема група интелектуалци кои се нарекуваат македонски учители излегоа во јавност со Манифест: Велиме НЕ на понижувачките услови во непристоен предлог. Во Манифестот, покрај сите други причини наведени во содржината, има еден дел околу јазикот, кој засега е спин, затоа што нема фактичка потврда дека такво нешто ќе се случи во текот на евентуалното  пристапување на РСМ кон ЕУ...

Дојче веле: Договорот за добрососедство и Протоколите не се критериум за отворање и затворање на поглавјата

Според документацијата до којашто дошло Дојче веле, Бугарското Министерство за надворешни работи смета дека е проблематично тоа што Северна Македонија добила „чист“ македонски јазик во Преговарачката рамка, но францускиот предлог го смета за нешто на што не можело ни да се надева до пред само 6 месеци. Бугарското МНР е незадоволно што во Преговарачката рамка е наведен „чист“ македонски јазик,...

Владата ја проследи предлог-преговарачката рамка до Собранието, ВМРО-ДПМНЕ бара консензус за заклучоците

Владата, на денешната 59 седница, ја разгледа информацијата од Министерството за надворешни работи, за предлог-преговарачката рамка за Република Северна Македонија со ЕУ, претставена од Француското претседателство со Европската Унија. На седницата, Владата одлучи предлог-преговарачката рамка да ја проследи до Собранието на Република Северна Македонија на разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно процедурите. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека ќе учествуваат во дебатата,...

Вистиномер: Дезинформациите и манипулациите за и околу францускиот предлог

Серија дезинформации и манипулации кружат околу предлогот на француското претседателство на ЕУ на јавната сцена. Некои се бесмислени, но не и наивни и невини, други се однесуваат на самиот текст од документот, но имаат проблем со сопствената политичка позадина и потребата од стекнување политички поени, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Контроверзиите и несогласувањата околу таканеречениот...

Сарацин: Вратата на ЕУ е широко отворена како никогаш досега

Францускиот предлог е можност за отпочнување на преговорите со ЕУ и претставува широко отворена врата како што не била досега, рече специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан по средбата со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Сарацин ја потврди посветеноста на Сојузната влада за проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан, а ова е значаен чекор кој...

Маричиќ: Нашата цел беше да го заштитиме македонскиот јазик во рамките на ЕУ и ја исполнивме

„Нашата цел во овој процес беше да го заштитиме статусот на македонскиот јазик во рамките на Европската Унија, а не беше да ја убедиме Бугарија да го промени својот став. Целта беше да нема влијание тој став на ставот на Европската Унија“, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ на вчерашниот брифинг со уредници на Националната радио телевизија. Вицепремиерот Маричиќ посочи дека е...

Европскиот предлог за отстранување на бугарското вето е достапен и на македонски јазик на владиниот сајт

Владата на РСМ попладнево го објави и на македонски јазик европскиот предлог, изработен за време на француското претседателство со ЕУ, за отстранување на ветото од Бугарија за почетокот на преговорите со ЕУ. „Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна интегрално преведен на Македонски јазик, го објави европскиот предлог“, соопштија од владината...

Ковачевски: Се појавија многу лаги и шпекулации врзани со францускиот предлог, македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со сите други јазици во Европа

Премиерот Димитар Ковачевски денес се огласи во јавноста за да ги демантира, како што нагласи, лагите и шпекулациите во врска со францускиот предлог и порачува дека македонскиот јазик ќе биде официјален јазик на Европската Унија, без никакви фусноти и дополнувања. „Се појавија многу лаги и шпекулации врзани со францускиот предлог. Сакам да бидам кристално јасен: македонскиот јазик е апсолутно чист и...

Македонскиот јазик ќе можат да го изучуваат сите студенти на Истанбулскиот универзитет

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) соопшти дека од следната академска година, македонскиот јазик ќе можат да го изучуваат сите студенти на Истанбулскиот универзитет, коишто се заинтересирани за македонистиката. Како што велат оттаму, до сега, македонскиот јазик можеа да го изучуваат само студентите на Факултетот за литература,...

Посебен сообраќаен режим денеска во центарот на Скопје

Поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денес ќе преземе мерки за посебен режим на...