Таг: македонски јазик
таг: македонски јазик
Издавањето учебници е комплексно, велат од МОН за учебникот кој стаса пред крајот на училишната година
Министерството за образование и наука (МОН) се огласи по повод последните случувања кои предизвикаа реакции во јавноста, кога на две недели пред крајот на учебната година, стаса новиот учебник по македонски јазик за петто одделение.
Од Министерството тврдат дека претходно имало три неуспешни јавни повици за пријавување на автори за изработка на учебник по македонски јазик за 5-то одделение, објавени...
На две недели пред крајот на учебната година стаса нов учебник по македонски јазик за петто одделение
На две недели пред крајот на учебната година, во основните училишта стаса учебникот по македонски јазик за петто одделение. Учебникот е направен согласно новата Концепција за основно образование. Во Министерството за образование и наука (МОН) објаснуваат дека тие го праќаат на печатење учебникот штом ќе добијат одобрение од Националната комисија за учебници дека може да се користи.
„Печатењето учебник е...
Отворен конкурсот за млади автори и уметници „Цртај на македонски јазик“
Конкурсот „Цртај на македонски јазик“ за 2023 година е отворен, а е наменет за млади автори и уметници од независната културна сцена. Целта е преку различни културни активности да се поттикне создавањето на дела со употреба на македонскиот јазик од младите уметници и независната културна сцена, неформални групи и автори од областа на културата.
„Младите автори лани со кирилицата пополнија...
Се прават напори повторно да се отвори Лекторатот по македонски јазик во Тирана
Се забрзува иницијативата повторно да се отвори Лекторат по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, по заложбите на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). Како што информираат од МСМЈЛК, подготвеност и подадена рака за вложување во перспективите на македонистиката во Албанија,...
Лекторатот на македонски јазик во Риека одбележува 15 години постоење
На 10 и 11 мај со низа свечени активности ќе се одбележат 15 години од отворањето на Лекторатот по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Риека, Хрватска. Од 2008 година до крајот на академската 2021/2022 година, низ Лекторатот поминале над 2.000 студенти, така што во текот на првите децении на XXI век, ова е лекторатот со најголем број студенти...
Метју Лосон: Чест ми е што зборувам македонски јазик со луѓето во оваа прекрасна земја
Денеска, на 5 Мај се одбележува Денот на македонскиот јазик. По тој повод, британскиот амбасадор Метју Лосон објави видео на кое зборува на македонски и вели дека му е чест што има можност да го учи јазикот.
„Денес го одбележуваме Денот на македонскиот јазик. Како британски амбасадор, чест ми е што имав можност да го научам македонскиот јазик и да...
Во Париз се одбележува половина век од основањето на најстариот лекторат по македонски јазик
Деновиве се одбележуваат 50 години од основањето на најстариот активен лекторат по македонски јазик во светот, Лекторатот по македонски јазик во Париз. Овој значаен јубилеј за македонистиката и за македонската држава и култура ќе биде одбележан со голем меѓународен симпозиум на престижниот Национален институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО).
Како што информираат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература...
Митровски: Старите хартиени записи на македонски јазик ги претворивме во дигитален материјал
Околу 4,5 милиони оригинални хартиени примероци, со записи на македонски јазик што датираат од 14 и 15 век, неодамна Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ги доби во дигитална форма. Со овој сложен, долготраен и обемен процес, овозможено е трајно чување и заштита од оштетување и уништување. Проектот, поддржан од Министерството за култура и Фондот за иновации и технолошки...
Ќе се формира Инспекторат за македонски јазик, предвидува предлог-законот за употребата на јазикот
Новиот предлог-закон за употребата на македонскиот јазик, за кој денеска се дебатираше во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, предвидува да биде формиран Инспекторат за македонски јазик. Оваа новина ја најави проф. д-р. Елизабета Бандиловска, членка на Советот за македонски јазик која кажа дека во практиката сè повеќе се забележува непочитувањето на законските мерки и негрижата за македонскиот...
Дигитализацијата на картотеките од Институтот за македонски јазик во фокус на новата епизода на „Шорткат“
Милиони листови хартија со стари македонски зборови, дијалекти и изрази сега се достапни во дигитална форма. За сложениот процес на дигитализација на картотеките на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ погледнете во новата епизода на „Шорткат“.
Во новите вести за млади информираме за протестот пред Младинскиот културен центар (МКЦ) за заштита на оваа културна институција од обидите за партизација и...
Отворена Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ во чест на Ацо Шопов
Денес, Македонија е во светот, а светот во Македонија. Развојот на странската македонистика веќе се одвива по цврсто утврдена патека на која има јасни патокази за развојот и во времето што следи. Стиховите на великанот Ацо Шопов добиваат и нови значења и толкувања преку посветеноста на македонскиот јазик, литература и култура од страна на странските македонисти – ова се...
Српскиот културен центар го „посрби“ Ѓорѓија Пулевски, социјалните мрежи зовреа, реагираше и МЗ Галичник
Српскиот културен и информативен центар „СПОНА“ ја возбуди јавноста во земјава и ги разбранува социјалните мрежи со завчерашното постирање на линкот до содржината на официјалниот веб-сајт, во која се обработува македонскиот преродбеник Ѓорѓија Пулевски и најголем акцент се става на неговите пројави за „старосрпството“ и потребата за спротивставување на бугарската пропаганда.
Најчестите реакции од корисниците на социјалните мрежи се дека...
Контраспин: Николоски спинува за употребата на македонскиот јазик според Преспанскиот договор
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски спинува кога вели дека со член 7 од Преспанскиот договор е забранета употребата на македонскиот јазик надвор од територијата на државата. Членот 7, точка 4 од Преспанскиот договор се однесува на деклариран став на официјално Скопје дека ништо од идентитетот на македонската страна во македонската држава, вклучувајќи го и јазикот, не се однесува на...
По речиси 15 години, УКИМ отвора нови лекторати по македонски јазик во светот
Со заложби на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) е засилено присуството на македонистиката на универзитетските центри во светот – за првпат по близу 15 години се отвораат нови лекторати по македонски јазик, соопштија од овој универзитет.
Оттаму велат дека заложбите на УКИМ за изучување на македонскиот јазик на странските универзитети остварени во изминатите неколку години преку Меѓународниот семинар за...
101 година од раѓањето на Конески: Да продолжиме да пишуваме на македонски
Пораката да продолжиме да пишуваме на македонски јазик е една од оние што Конески ни ги остави како аманет, вели во интервју универзитетската професорка Весна Мојсова-Чепишевска, на денот кога се навршува 101 година од раѓањето на Блаже Конески.
Конески е роден во селото Небрегово на 19 декември 1921 година. Основно училиште и нижа гимназија завршил во Прилеп, а студиите по...
Официјално регистриран „Центар за македонски јазик во Грција“
Центарот за македонски јазик во Грција објави дека официјално е регистриран како невладина организација (НВО) од страна на судските власти во соседната држава.
Барањето за регистрација на организацијата беше одобрено од страна на Судот на 28 јули 2022 година, додека одлуката беше објавена во Билтенот за судски одлуки и публикации на 7 ноември 2022 година. Последните административни работи поврзани со...
Предавање за Итар Пејо и Насредин Оџа на Истанбулскиот универзитет
На Катедрата за македонски јазик при Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет, пред студентите кои го посетуваат напредниот курс по македонски јазик кај лекторката по македонски јазик, д-р Габриела Ивановска, предавања одржаа проф. д-р Славчо Ковилоски и м-р Марина Цветаноска од Одделението за македонска литература во XIX век на Институтот за македонска литература.
Како што соопштија од Меѓународниот семинар за...
Нема докази за било каква „промена на суштината на македонската држава,“ освен непоткрепените зборови на Николоски
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски искажа став за ветување на актуелната власт за промена на суштината на македонската држава преку јазикот, историјата и идентитетот, кои не се поткрепени со ниту еден релевантен аргумент или факт, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.
Текстот подолу го пренесуваме во целост:
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, гостувајќи на емисија на ТВ Алфа изрази став околу неприсуството...
Еден договор, многу зборови
Договорот за оперативните активности на ФРОНТЕКС во Северна Македонија предизика најголемо внимание од сите такви договори на ЕУ склучени со „земјите кои не се членки во ЕУ“. Вниманието не е насочено кон содржината или значењето на договорот, туку кон фактот дека во неговите завршни одредби, наместо досегашната формулација на договорите со ЕУ дека е составен на „службените јазици на...
Фон дер Лајен: Ќе се исполни сонот на младите Северна Македонија да биде членка на ЕУ
Кратка посета, но со конкретна агенда и помош од Европската Унија за земјава. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во македонскиот главен град дојде и со конкретна порака до македонските граѓани - заедно ќе ја пребродиме актуелната енергетска криза, со која се соочува целиот европски континент.
Одговарајќи на новинарско прашање во однос на барањето за вметнување на Бугарите...