fbpx
Таг: македонски државјани

таг: македонски државјани

С.Македонија избришана од германската листа на ризични ковид-земји, рестрикциите за патување остануваат

Германија од утре ќе ја избрише С.Македонија од списокот на ризични земји поради ковид-19, јавува Дојче Веле сервисот на македонски јазик, што ќе им овозможи на одредена категорија на граѓани од земјава полесно да патуваат во оваа европска земја. Германскиот институт „Робер Кох“ вчера ја објави листата на земји кои се тргнати од „црвената листа“ на ризични земји поради...

Македонците нема да може да патуваат во ЕУ до септември

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ одлучија на жителите од земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија, да не им дозволат влез во Европската Унија до септември. „Ројтерс“ јавува дека амбасадорите одлучиле да ја намалат листата на безбедни земји во кои се дозволуваат несуштински патувања на вкупно 11. На листата на безбедни земји во кои ковид-19 се смета...

Бугарија ќе дозволи влез на македонски државјани со негативен PCR тест

Бугарската влада ќе им дозволи на македонските државјани и на граѓаните на уште четири други земји да можат да влезат во оваа земја со негативен PCR тест, не постар од 72 часа, јавуваат бугарските медиуми. На туристите од Северна Македонија, Молдавија, Србија, Израел и Кувајт ќе им биде дозволен влез во Бугарија со претходно извршено тестирање, објасни заменик-претседателот на Народното...

Италија забрани влез на македонски граѓани, летовите кон Скопје откажани

Поради ризик од ширење на корона вирусот, Италија одлучи да го забрани влезот на македонски граѓани на нејзината територија. Во групата ризични земји од кои може да се прошири ковид-19 во Италија, влегуваат 13 земји во светот, меѓу кои се : Македонија, Босна и Херцеговина, Бразил, Перу, Чиле, Кувајт, Молдавија, Ерменија, Бахреин, Оман, Панама, Доминиканската Република и Бангладеш. Образложението дадено...

Јапонците имаат најмоќен пасош, може да патуваат без визи во 191 земја, Македонците во 124

Најновите податоци од истражувањето кое го спроведе компанијата „Хенли и Партнери“ за индексот на јачината на пасошите на државите во светот, покажуваат дека најсилен пасош на светот моментално е јапонскиот, чии сопственици можат да патуваат слободно во 191 земја во светот. Следува сингапурскиот со 190 слободни дестинации, а третото место го делат јужнокорејскиот и германскиот пасош со кои може...

Во Бугарија трета жртва, во Банско двајца Македонци се заразиле со Ковид-19

Бугарија ја регистрираше третата жртва на новиот корона вирус, Ковид-19, вкупниот број случаи се искачи на 94, од кои двајца македонски државјани, кои се заразиле во Банско, а биле дијагностицирани во Македонија, соопшти утрово генерал Венцислав Мутафчиски, началникот на бугарскиот Национален кризен штаб за борба со корона вирусот. Банско во моментов е во целосна блокада, и не се дозволува ниту...

МНР: Нема повредени македонски државјани во инцидентите во Каталонија

Македонското министерство за надворешни работи (МНР) до попладнево нема информации за повредени граѓани во судирите во Каталонија, каде се одржува референдум за независност, кој шпанската влада го прогласи за нелегален. Како што соопшти МНР преку својот твитер-профил, досега ниту еден македонски државјанин не побарал помош од македонската амбасада во Шпанија. МНР е во редовен контакт со амбасадата, а сите македонски...

Нема информации за настрадани македонски државјани во земјотресот во Мексико, соопшти МНР

Македонската амбасада во Соединетите Американски Држави до овој момент нема сознанија за македонски државајни погодени од земјотресот во Мексико, соопшти попладнево Министерството за надворешни работи. „Македонската амбасада во САД е во контакт со мексиканските институции за какви било нови информации. Македонски граѓани кои евентуално се погодени од земјотресот во Мексико, можат да ја контактираат македонската амбасада во САД на следниве...

Евакуирани македонските државјани од Сен Мартин

Македонското министерство за надворешни работи соопшти дека македонската државјанка од францускиот дел на островот Сент Мартин е евакуирана, исто како и семејството од Штип, кое е во холандскиот дел на истиот остров. „Амбасадата во Вашингтон е во континуирана комуникација со надлежните служби во САД. Досега нема информации за повредени или загинати македонски државјани. Апелираме на будност и на следење на...

МНР: Нема македонски државјани погодени од ураганот „Харви“ во Тексас

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, македонската амбасада во САД до овој момент нема сознанија за македонски државјани зафатени од катастрофалните поплави во Хјустон и околината, причинети од ураганот „Харви", соопшти денеска Министерството за надворешни работи. Од таму додаваат дека македонската амбасада во САД е во контакт со официјалните служби, одговорни за справување со природната катастрофа, за какви било нови...

МНР: Нема информации за настрадани македонски државјани во нападот во Барселона

Министерството за надворешни работи соопшти дека засега нема информации за настрадани македонски државјани во терористичкиот напад во Барселона. Од МНР велат дека поради сериозноста на ситуацијата, во моментов е отежната комуникацијата со релеватните институции, но, додаваат, дека македонската амбасада во Шпанија прави напори да добива редовни и прецизни информации за настанот и за евентуално настрадани македонски граѓани. За информации...

МНР: Нема настрадани македонски државјани во земјотресот во Грција и во Турција

Министерството за надворешни работи засега нема сознанија за повредени македонски државјани во силниот земјотрес што ноќеска ги погоди Грција и Турција. Како што информираат од МНР, досега ниту еден македонски државјанин не се обратил за информација или помош во македонските дипломатско-конзуларни преставништва во Грција и во Турција. Оттаму информираат дека се во постојана комуникација со Амбасадата на Република Македонија во...

МНР: Македонските државјани во Ситонија се безбедни

На дежурната телефонска линија во канцеларијата во Солун, досега се јавиле вкупно десет лица, а во Министерството за надворешни работи се јавилe три лица, главно родители кои барале известување за состојбата на нивните деца и роднини кои се на летување во Грција, по поплавите што го зафатија вториот крак Ситонија. „Канцеларија во Солун доби барање за информација (по е-меил) за...

МНР: Граѓаните добро да се информираат пред да патуваат во Катар

Министерството за надворешни работи ги советува македонските граѓани, кои патуваат во Катар, добро да се информираат за можните промени и за начинот на нивното патување, поради дипломатската криза што настана помеѓу неколку арапски земји од регионот на Персискиот Залив и Катар. „Иако забраните и рестрикциите во патувањата не се однесуваат на граѓани на други земји кои патуваат во Катар, Министерството...

МНР: Нема загинати или повредени македонски државјани во нападот во Лондон

Во терористичкиот напад што синоќа се случи во Лондон, според досегашните информации, меѓу жртвите и повредените нема македонски државјани, соопшти македонското Министерство за надворешни работи. „Министерството за надворешни работи на Република Македонија силно го осудува синоќешниот терористички напад во Лондон, во кој, според досегашните информации, животот го загубија 7 лица, а 48 се повредени. Министерството за надворешни работи е во...

Македонски државјани го организирале шверцот на 8 тони марихуана, запленета во Италија

Италијанската полиција запленила рекордно количество од 8 тони марихуана, која била натоварена во камион што го управувал македoнски државајнин, пишува весникот „Венеција тудеј“. Според весникот, дрогата била транспортирана со ферибот од Албанија до италијанското пристаниште во Анкона. Италијанските служби, пишува весникот, ја детектирале дрогата на пристаништето, но го пуштиле камионот да помине, а информацијата за транспортот ја чувале во тајност...

Вкупно 11 граѓани од дијаспората до денеска се пријавиле за гласање на изборите

До денеска, заклучно до 14 часот, вкупно 11 македонски државјани што живеат во странство се пријавиле за гласање на изборите на 11 декември во дипломатско-конзуларните преставништва на земјава, преку апликацијата поставена на интернет-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), соопштија денеска од Комисијата. Од пријавите, како што информираат од ДИК, 10 биле прифатени, а една пријава е во фаза на обработка. „Државната изборна...

По распитот МВР ги ослободи македонските државјани екстрадирани од Италија

Петтемина македонски државјани што беа протерани од Италија поради поддршка на Исламска држава, нејзините активности и терористички напади, поттикнување на џихад и поради врски со радикални исламски свештени лица од Балканот, се ослободени по распитот што го имале кога пристигнале во Македонија. Веднаш по слетувањето на аеродромот „Александар Велики“, со нив разговарале инспектори од Управата за безбедност и контраразузнавање, кои процениле дека протераните лица...

Петмина македонски државјани протерани од Италија поради ширење радикален ислам

Петмина македонски државјани, кои подолг период живееле во Италија, се протерани од земјата поради поддршка на Исламска држава, нејзините активности и терористички напади, поттикнување на џихад и поради врски со радикални исламски свештени лица од Балканот, јавуваат италијанските медиуми. Станува збор за четворица мажи и за една жена, членови на едно семејство, на возраст од 28 до 52 години. Тие,...

МНР: Досега нема информации за повредени и за загинати Македонци во Ница

Од Министерството за надворешни работи информираат дека досега нема информации за загинати или повредени Македонци во нападите во Ница, Франција. Од МНР соопштуваат дека се во постојан контакт со надлежните институции во Франција и до овој момент, нема информации за повредени или загинати македонски државјани, а за сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во...

Откриен еден од осомничените за тешка кражба на сеф во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник, осомничен за кражба на сеф во Црниче. Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот заедно со уште три лица, провалиле во...