fbpx
Таг: мачење

таг: мачење

Пребегнат руски офицер и командант на „Вагнер“ раскажуваат за злосторствата извршени од руските сили во Украина

Пребегнатиот руски офицер Константин Јефремов и поранешниот командант на руската платеничка војска „Вагнер“ Андреј Медведев во две одделни интервјуа раскажуваат за воените злосторства што ги имаат извршено руските сили во Украина. Станува збор за лица коишто биле директно распоредени во Украина по воената инвазија од Русија, која започна на 24 февруари лани. Константин Јефремов е највисок офицер од руската војска...

Одбраната на Мијалков тврди дека обвинението за случајот „Тортура“ е непоткрепено со докази

Одбраната на Сашо Мијалков на денешното изнесување на завршните зборови во случајот „Тортура“ изјави дека поднесеното обвинение против него претставува гола формулација што е непоткрепена со докази. Неговиот адвокат Љупчо Шврговски рече дека Мијалков не поттикнал мачење, нечовечко и сурово постапување при апсењето на Љубе Бошковски. Покрај поранешниот директор на УБК којшто е осомничен за кривично дело „мачење и...

Македонија, дел од алијансата против трговијата со опрема за мачење и за смртни казни

Македонија од вчеравечер е членка на меѓународната алијанса за запирање на трговијата со производи кои се користат за извршување смртни казни и за мачење. Меѓународната група е формирана за време на 72. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, кое се одржува оваа недела во Њујорк, а на иницијатива на Европската Унија, Аргентина и на Монголија. Во алијансата членуваат 58 држави...

Хелсиншки: Обвинителствата не спроведуваат ефективна истрага за случаите на тортура

Европскиот суд за човекови права, во текот на минатата година, донел рекордни пет пресуди против Македонија што се однесуваат на членот 3 од Европската конвенција за човекови права - забрана за мачење, посочуваат од Хелсиншкиот комитет во Македонија, а по повод одбележувањето на 26 јуни - Меѓународниот ден за поддршка на жртвите на мачење и на друго сурово, нечовечно или понижувачко...

Кривична пријава за жителот на Карбинци што мачеше волк

СВР Штип до Основното јавно обвинителство во Штип поднесе кривична пријава против З.В. (37) од село Карбинци поради постоење основи за сомневање дека сторил кривично дело мачење животни. Пред околу три месеци, пријавениот, пред продавница во село Карбинци, на повреден волк, кој не бил способен да се движи, со грубо постапување и со изложување на непотребни маки, му нанел непотребни болки...

Студент поднесе кривична пријава против Вевчанскиот карневал

Златко Јакимовски, студент во трета година на Правниот факултет „Јустинијан Први“, до Обвинителството во Струга поднесе кривична пријава против непознати сторители за убивање, мачење и за нанесување непотребни болки на животни на Вевчанскиот карневал, кој се одржа во периодот од 10 до 15 јануари годинава,  јави  „Академик“.  - Оваа кривична пријава ја поднесов како граѓанин, но, пред сè, како човек кој од...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...