fbpx
Таг: љупчо николовски

таг: љупчо николовски

Платежните агенции на Македонија и на Хрватска потпишаа меморандум за соработка

Директорите на платежните агенции на Македонија и на Хрватска, Николче Бабовски и Матилда Чопиќ, потпишаа нов меморандум за соработка. „Овој меморандум е важен за Македонија, бидејќи на овој начин двете страни се обврзуваат да соработуваат на техничко и на експертско ниво, преку размена на искуства во делот на моделот на искористување на финансиските средства од европската ИПАРД-програма, моделот на директната...

Николовски: Со предлог-буџетот за 2018 година ќе го зголемиме земјоделското производство

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска го презентираше предлог-буџетот за 2018 година за ова министерство, кој изнесува 165 милиони евра. - Со предлог-буџетот за секторот земјоделство ќе обезбедиме целосна, навремена и неселективна исплата на субвенциите за земјоделството, поголемо производство на домашни квалитетни и безбедни земјоделско-прехранбени производи, ќе го вратиме доистоинството на македонскиот земјоделец затоа што само така...

ЕК се надева на поголема искористеност на средствата од новата програма ИПАРД

Јиржи Богдан Плева, генерален директор за земјоделство и рурален развој во Европската комисија, на средбата со министерот за земјоделство, шумарско и водостопанство, Љупчо Николовски, во Брисел, позитивно го оценил големиот интерес и бројот на доставени барања за користење на финансиски средства од програмата ИПАРД 2014-2020 на првиот јавен повик и изразил надеж дека нема да се повтори искуството со...

Николовски: Науката е важна за креирање на развојните политики на земјоделство

Земјоделството е еден од најважните сектори кој во вкупниот домашен бруто-производ (БДП) учествува со 13 отсто, вклучително и во преработувачката индустрија, и е трет по големина сектор во земјата, по услугите и по индустријата, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на Меѓународен симпозиум за земјоделство и за храна на Факултетот за земјоделски науки. Тој додаде дека земјоделството обезбедува приходи...

Николовски: Искористувањето на средствата од ИПАРД е највисок приоритет на Владата

Проектот што требаше да придонесе за успешно искористување на финансиските средства од ИПАРД-програмата и за поефикасна реализација на програмата ИПАРД 2, заврши денеска. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, информираше дека целта на овој проект во вредност од 1,5 милион евра била да ѝ се даде поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и во руралниот развој во спроведување...

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски нема легитимитет да зборува за фер доделување земјиште

Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година поднесе измени на законот за доделување земјоделско земјиште, по пат на електронско јавно надавање, за фер и транспарентно доделување на земјоделското земјиште во државна сопственост за комерцијални намени, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Во соопштението се додава дека СДСМ преку иницијативата за ревизија...

Николовски најави ревизија на 7.000 договори за закуп на државно земјиште

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ќе направи ревизија на сите договори за закуп на државно земјоделско земјиште, склучени во 2016 година и во периодот пред тоа, а резултатите од анализата ќе бидат соопштени до крајот на годинава, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Министерот рече дека постојат сознанија за направени злоупотреби и дека со...

Интерпелациите на Николовски, Царовска и на Димитров денеска на собраниска седница

Собранието на Република Македонија денеска на пленарна седница треба да ја почне расправата за интерпелациите што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги поднесоа за министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за труд и социјална политика и за надворешни работи, Љупчо Николовски, Мила Царовска и Никола Димитров. Интерпелациите се петта, шеста и седма точка на денешната 13. седница на Собранието, чиј почеток се...

Николовски во Кавадарци вети дополнителни субвенции за лозарите

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска соопшти дека на првата наредна седница Владата ќе донесе одлука за дополнителни директни плаќања за произведено и предадено грозје во домашните винарски визби. Тој беше во Кавадарци на традиционалната манифестација во чест на грозјето и виното „Тиквешки гроздобер“. - Висината на субвенцијата ќе биде определена на самата седница на Влада. Со оваа...

Во Словенија министрите за земјоделство потпишаа декларација за соработка

На денешниот состанок во Словенија, министрите за земјоделство од Централна и Источна Европа и од Кина кои се дел од платформата за соработка во областа на земјоделството „16+1“, усвоија заедничка декларација за зголемување на трговската соработка. Со оваа декларација тие се обврзаа за преземање на мерки кои ќе ја олеснат трговската соработка, а мерките се однесуваат и на преработка на земјоделски производи,...

Николовски на Форум во Словенија, за да се зголеми трговијата со земјоделски производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски од денеска до 26 август, ќе учествува на 12. „Форум за агро-трговија и економска соработка помеѓу земјите од Централна и Источна Европа и Кина“, што годинава се одржува во Словенија. На утрешниот состанок, министрите за земјоделство од Централна и Источна Европа и од Кина, ќе ја промовираат иницијативата „16+1“ чиј што дел...

Николовски најави целосно исплаќање на субвенциите за земјоделците за 2016 година

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска на прес-конференција најави дека до крајот на овој или почетокот на следниот месец, целосно ќе бидат исплатени субвенциите за земјоделците за 2016 година. - Во изминатите два месеца, исплативме околу 60 милиони евра субвенции преку програмата за директна финансиска поддршка. Вчера на сметките на земјоделците се исплатени дополнителни 5,7 милиони евра по...

ВМРО-ДПМНЕ: Поради несериозноста на Заев и на Николовски изгореа 2,5 илјади хектари шума

Поради несериозноста на Заев и на Николовски изгореа над 2,5 илјади хектари шума или опожарена е дрвна маса од околу 12 илјади кубни метри, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „За неполни три месеци од владата на СДС излезе на виделина нивната неспособност и негрижа за проблемите и потребите на граѓаните. Во Република Македонија активни се 15 пожари, а министерот Љупчо Николовски единствените...

МЗШВ презема мерки за заштита на шумите од пожари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) активно презема мерки за заштита на шумите од појава на пожарите, реагираат од Министерството на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека министерот Љупчо Николовски презел низа мерки, меѓу кои и тоа што дал согласност за делумна, а потоа и за целосна забрана за движење во шумите или во одделни нејзини делови од 5 август до нејзино...

Хрватска попушти, ги враќа старите цени за контрола на овошјето и на зеленчукот

Хрватскиот министер за земјоделство, Томислав Толушиќ, се откажал од зголемувањето на надоместокот за фитосанитарна инспекција на овошјето и на зеленчукот што се увезува во Хрватска од Македонија, Србија, БИХ и од Црна Гора, јави хрватскиот „Т-портал“. Со тоа, цената на контролата по производ ќе изнесува 90 куни (12 евра) како и досега, наместо 2.000 куни (274 евра) по производ, како...

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара интерпелација и за Никола Димитров

Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Собранието денеска најавија дека ќе поднесат иницијатива за интерпелација и на министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Антонио Милошоски на прес-конфренција соопшти дека причини за интерпелација на Димитров има повеќе, а како прва го наведе „брзоплетото и штетно“ потпишување на Договорот за добрососедство со Бугарија. Тој рече дека со договорот Македонија не ги „заштитила своите...

Србија очекува следните три дена да се најде решение за проблемот со извозот во Хрватска

Српскиот министер за трговија и туризам, Расим Љајиќ, очекува во следните три дена да биде најдено решение за спорот помеѓу Хрватска и земјите во регионот, поради новиот правилник за увоз на овошје и на зеленчук, што Хрватска го донесе на 15 јули, а со кој значително се зголемуваат трошоците при извоз на свежото овошје и зеленчук. - Никому не му е во интерес заострување...

Николовски телефонски разговарал со Толушиќ за крај на трговската војна со Хрватска

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска телефонски разговарал со министерот за земјоделство на Хрватска, Томислав Толушиќ, поради новиот правилник за увоз на овошје и на зеленчук, што Хрватска го донесе на 15 јули, при што значително се зголемуваат трошоците при извоз на македонското свежо овошје и зеленчук. „Во текот на денешниот ден, министерот Николовски оствари телефонски разговор и со министерот...

Регионот побара од Хрватска да укине одредби од правилникот за увоз на овошје и зеленчук

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, надлежните министри од Босна и Херцеговина - Мирко Шаровиќ, од Република Србија - Расим Љајиќ и од Црна Гора - Драгица Секулиќ, на денешниот итен состанок во Сареаво донесоа неколку заклучоци во врска со новиот хрватски правилник за увоз на свежо овошје и зеленчук. Министрите ја повикуваат Хрватска итно да ги укине дискриминаторските одредби од...

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерот Љупчо Николовски

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието поднесоа интерпелација за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Пратеникот Зоран Илиоски рече дека интерпелацијата ја поднесуваат затоа што Николовски не успеал да излезе на крај со појавата на шумските пожари и дека за тоа треба да поднесе одговорност. - Како резултат на несериозноста, неодговорноста и на некомпетентноста на министерот Љупчо...

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...