fbpx
Таг: љупчо николовски

таг: љупчо николовски

Порибени акумулацијата Глобочица и ревирот Црн Дрим 2

Со порибувањето на риболовните води кои немаат концесионер, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се грижи за зачувување и заштита на автохтоните видови риби во речните води, порача министерот Љупчо Николовски при денешното порибување на акумулацијата Глобочиџа со 40 килограми, односно 8.000 единки подмладок од речна пастрмка и со 1.700 единки крап. Во текот на денот ќе биде порибен и...

МЗШВ: Нова субвенција од два денари за килограм откупени сливи

Владата на денешната седница донесе одлука за воведување на нова мерка за стабилизирање и решавање на проблемот со откупот на сливи, информираше на прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Сите правни лица откупувачи на сливи регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи, кои извршиле откуп на сливи...

Министрите од регионот го повикаа Косово целосно да ги укине зголемените царини

Министрите од регионот денеска во Белград на заеднички состанок ја повикаа косовската Влада целосно да ги укине зголемените царини за извоз на земјоделски производи во Косово, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тие ја поздравиле одлуката на Косово за делумно укинување на зголемените царини, но побарале од Приштина итно и целосно да ги укине воведените зголемени царини за...

Владата со контрамерки ако Косово не ги намали царините на земјоделските производи

Во насока на решавање на проблемот со воведените зголемени царини од страна на Косово, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, е во постојана комуникација со ресорните министри од регионот, информираат од МЗШВ. Следната недела е планирана заедничка средба на сите ресорни министри од регионот, на која што ќе присуства и министерот Николовски, а со цел да се заеднички...

За зголемените царини во Косово, Македонија ќе се жали на ЦЕФТА и ЕУ

Против одлуката на Косово да ги зголеми царините за одредени земјоделски производи, Македонија денеска ќе се пожали на ЦЕФТА и ЕУ, а ќе испрати и допис до министерството за трговија и индустрија на Косово, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Тој рече дека зголемувањето на царината за 30 отсто е прекршување на договорот ЦЕФТА договорот, како и...

Николовски: Просечната цена на пченицата е 9,14 денари

Просечната производна цена на пченицата годинава е 9,14 денари, а се очекува просечен принос од 3.500 килограми од хектар, соопшти денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски на прес-конференција. Николовски ги повика мелничарите да ја земат предвид оваа цена добиена согласно анализите на производните трошоци на 300 земјоделски стопанства и врз основа на неа, да ја формираат откупната цена. - Секој регистриран...

Николовски: Нема застој во откупот на лубениците и другите земјоделски производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски рече дека дневно се откупуваат по околу 500 тони лубеници, и доколку се процени дека има потреба, Владата ќе преземе соодветни мерки, како што бил случајот со доматите. Тој потсети дека лани, МЗШВ воведе дополнителна субвенција од два денари за килограм за лубениците и шест денари за килограм праски, дополнителни мерки за пченицата, како...

Земјоделството е приоритет на Светска банка во нова стратегија за партнерство со државата

Светска банка започнува со подготовка на новата стратегија за партнерство со Македонија, во која што земјоделството е високо на листата на приоритетни сектори, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. На состанокот, министерот Љупчо Николовски го информирал директорот на Светска банка за Македонија, Марко Мантованели за сегашните и идните реформи кои ќе ги спроведува МЗШВ, искористувањето на средствата од...

Николовски: Даночните постапки за земјоделците се поедноставуваат

Со последните измените на Законот за персонален данок на доход, значително се поедноставуваат даночните постапки за земјоделците, порачаа на денешната заедничка прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. Со последните законски измени, се намали прагот за регистрација на овие даночни обврзници. Со измените на законот се зголеми прагот за...

Потпишан протокол за побрз проток на жива стока на Табановце и Богородица

Директорите на Царинската управа и на Бирото за јавна безбедност, Ѓоко Танасоски и Лазо Велковски, денеска потпишаа нов Протокол за уредување на постапките за побрз проток на жива стока, стока во жива состојба, опасни материи и стока. Овој протокол, како што истакна министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Љупчо Николовски, е од исклучително значење за извозот на македонските земјоделско –...

Николовски учествува на конференција за дигитално земјоделство во Софија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски учествува на меѓународна конференција „Заедно за силно дигитално земјоделство“, што се одржува во Софија. На панел-дискусијата, Николовски рече дека воведувањето на новите технологии во земјоделството е приоритет на секоја држава која што цели кон создавање на едно модерно, развиено и конкурентно земјоделско производство. „По поврзаноста помеѓу регистрите и базите на податоци на релевантните институции...

Николовски: Деновиве ќе биде исплатена дополнителната субвенција за лозарството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешниот состанок со винарските визби, на кој учествуваше и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, порача дека лани се исплатени сите обврски и субвенции за лозарите и винарските визби, а наскоро треба да стартува и исплатата на дополнителната субвенција од по два денари. -...

Николовски – Пелеши: Додека чекаме да влеземе во ЕУ, да ја зголемиме трговијата

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и неговиот колега од Албанија, Нико Пелеши денеска во Охрид разговарале за можноста за зголемување на трговијата, за системот на следење на млечни и месни производи, како и мерките на двете држави за контролата на искористувањето на пастрмката во Охридското Езеро. „Отворивме повеќе прашања кои и претходно се отворале, но немало резултат. Разговаравме...

Надминат проблемот со увозот на брашното од Србија, Љајиќ и Николовски постигнаа договор

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и српскиот  министер за трговија, Расим Љајиќ кој денеска беше на работен состанок во Скопје, потпишаа Договор согласно кој, за брашно од 1,2 и 5 килограми маркичките ќе се лепат во Србија, а за пакувања од 25 и 50 килограми маркичките ќе се лепат во Македонија. На овој начин, Николовски и Љајиќ...

Потпишани првите договори за програмата ИПАРД 2014-2020

Денеска во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се потпишаа првите договори за користење на финансиски средства од програмата ИПАРД 2014-2020. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски посочи дека ефикасното искористување на програмите ИПАРД е еден од главните приорити на МЗШВ, со цел приближување до европскиот аграр. „Станува збор за 60 милиони неповратни средства, европски пари...

Николовски: Ќе се зголемат субвенциите за лозарите кои имаат насади до 10 хектари

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на одбележувањето на денешниот празник на лозарите и винарите, ги информираше лозарите за новите мерки во програмата за поддршка на земјоделството и руралниот развој. - Оваа година со програмата предвидуваме зголемување на субвенциите за сите лозари кои имаат  лозови насади до 10 хектари. Нашата интенција како политика ќе биде, да ги стимулираме лозарите да...

Николовски: Тутунарите ќе добијат повисоки субвенции

Тутунарите ќе добиваат повисоки субвенции почнувајќи од реколтата 2017 година, информираше денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Тој рече дека се направени измени во висината на субвенциите, со што, директно се стимулира производство на квалитетен тутун. - Воведени се субвенции на три нивоа, и тоа, субвенцијата за прва класа тутун ќе изнесува 80 денари по килограм, што е прво...

Министерот Љупчо Николовски договорил помош од Русија за Фитосанитарната инспекција

Во рамки на официјалната тридневна посета на Москва, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имал работна средба со министерот за земјоделство на Руската Федерација, Александар Ткачов, на кој се разговарало и за експертска помош од страна на Русија за македонската  фитосанитарна инспекција, согласно потпишаниот Меморандум за соработка, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Македонскиот министер на...

Николовски: Климатските промени ќе ги намалат приносите во земјоделските култури

Зелениот климатски фонд (ЗКФ) ќе биде главна меѓународна финансиска институција за обезбедување на финансиски средства за поддршка на активности, за ублажување и адаптација од климатските промени во земјите во развој, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на работилницата за искористување на средствата од овој фонд, која овие два дена се одржува во хотелот „Александар Палас“. Тој порача, дека Македонија...

Николовски: Околу 65 илјади земјоделци ќе бидат ослободени од персонален данок

Земјоделците на кои земјоделството им е основна дејност, и ќе имаат приход до еден милион денари, персоналниот данок кој во текот на годината ќе им се задржи, ќе им биде вратен во целост на крајот на годината, информираше денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски за измените на Законот за персонален данок на доход. Тој додаде дека, заедно со...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...