fbpx
Таг: локални избори

таг: локални избори

Лични карти ќе може да се подигнат и в сабота и недела, на денот на изборите

Во пресрет на претстојните локални избори што ќе се одржат в недела, 17 октомври, Министерството за внатрешни работи (МВР) извести Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР (Куманово, Штип, Велес, Струмица, Битола, Охрид и Тетово) на 16 октомври, сабота ќе работат на прием на барања и издавање на лични карти...

Порталб: Младите во земјава се користат само за кампањски муабети, не се приоритет на партиите

Иако политичките партии велат дека младите им се приоритет и постојано ги повикуваат истите да се вклучат во политиката и одлучувањето, како и да го промовираат истото, практиката во повеќето случаи го покажува спротивното. Конкретен случај се локалните избори, каде кандидатите за градоначалници на возраст од 18 до 29 години се застапени со 2,9 проценти, односно од вкупно 301...

(Галерија) Времено прекинат сообраќајот во строгиот центар на Скопје, се отвара предизборен штаб

Денеска полицијата го блокираше сообраќајот во строгиот центар на главниот град поради отворање на предизборен штаб на една политичка партија. Од МВР за сега нема информации во однос на времетраењето на прекинот на сообраќајот. Погледнете ја галеријата:

Мендух Тачи дел од група што уништувала изборни реклами во Тетово?

Пратеникот и претседател на партијата ДПА, Мендух Тачи синоќа од полицијата бил легитимиран како вози автомобил, во кој се превезувале лица осомничени дека оштетиле изборен рекламен материјал на неколку локации во Тетово, пишува Порталб.мк. Од МВР за Порталб.мк го потврдуваат случајот. Според полицијата, синоќа (30.09.2021 г.) околу 2 часот по полноќ во СВР Тетово било пријавено дека е оштетен изборен рекламен...

Вистиномер: Карпош не го доби ветениот голем парк со ботаничка градина

Во изборната програма „Живот во Скопје, за сите“ со која градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов се претстави на локалните избори во 2017 година, вети нов градски парк со ботаничка градина „за нови зелени простори во Карпош“, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Ветување: Нов градски парк со ботаничка градина Како логичен продолжеток на зелениот појас по течението на Вардар и...

Започна изборната кампања за локалните избори

Политичките партии и независните кандидати за градоначалници и општински совети ќе имаат 19 дена за да ги убедат граѓаните постари од 18 години да излезат на гласање и да го дадат гласот за нив. Денеска започна изборната кампања, која ќе трае до 15 октомври. Државната изборна комисија (ДИК) веќе го заклучи Избирачкиот список, а на него фигурираат 1.824.864 гласачи. На...

Трет ТВ-дуел меѓу Заев и Мицкоски, во фокусот пожарот и одговорноста за тетовската ковид болница

Двајцата лидери на најголемите партии во земјава, Зоран Заев и Христијан Мицкоски вчера вечер на телевизија Канал 5 се соочија во третиот по ред телевизиски дуел меѓу нив, на кој во фокусот беше темата за пожарот и одговорноста за тетовската ковид болница. Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на дебатата повтори дека одговорноста кај владата е голема, но за...

Политички барометар: Заев сè уште најпопуларен, СДСМ води со 2 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ

Резултатите од „Политичкиот барометар“, анкета која ја спроведува агенцијата „Брима“ покажуваат дека, и покрај ниските рејтинзи на политичарите, најпопуларен политичар во Македонија во моментот е премиерот Зоран Заев за кого се изјасниле 11,8 отсто од испитаниците, додека за Христијан Мицкоски 7 отсто. Како што објави „Слободен печат“, од етничките Албанци, води Али Ахмети со 5,9 отсто, потоа Биљал Касами...

Централен регистар со продолжено работно време за поднесување на пријави за локалните избори

Централен регистар информира дека од недела до среда ќе биде со продолжено работно време, односно регионалните регистрациони канцеларии ќе работат со дежурства поради роковите за поднесување на пријави за претстојните локални избори. Работното време е следно: Недела – 12.09.2021 - 08 до 16 часот Понеделник – 13.09.2021 - 08 до 20 часот Вторник – 14.09.2021 - 08 до 20 часот Среда – 15.09.2021 -...

На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список

Граѓаните денеска до полноќ ќе може да извршат увид во Избирачкиот список и да побараат дополнување, бришење или бришење на нивните податоци до Државната изборна комисија (ДИК). Локалните избори ќе се одржат на 17 октомври. Заклучно со вторник, 7 септември, вкупно 13.502 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се вкупно 122 барања за запишување во избирачкиот список, 31 барање за...

Вистиномер: Оливер Илиевски не му е братучед на Оливер Спасовски

И покрај ветувањето за чиста кампања, оценуваме невистина искажана од ВМРО-ДПМНЕ за кандидатот за градоначалник од СДСМ за во Куманово, пишува „Вистиномер“ во новата анализа, што подолу ја пренесуваме во целост: Партијата ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи ги кандидатите за градоначалници на СДСМ во повеќе градови, во соопштение до медиумите го тврди следното: Понудата на СДСМ за локалните избори е од лошо полошо. Братучедот...

Вистиномер: Централниот одбор не го потврдува само исклучувањето на Димитриевски од СДСМ, туку расправа во негово присуство

Максим Димитриевски најверојатно ќе биде исклучен од партијата. Но, постапката не е така едноставна како што ја прикажува лидерот Зоран Заев, пишува „Вистиномер“ во новата анализа. Текстот го пренесуваме во целост: Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, даде изјава за постапката и причините за исклучување од членството на партијата на Максим Димитриевски, градоначалник од СДСМ, при што ја искажа следна изјава што...

Порталб: Општина Тетово во „офанзива“ со проекти во пресрет на локалните избори

Во последниот период, од јули наваму, односно три месеци пред локалните избори, Општина Тетово промовираше и финализираше неколку големи проекти, кои според ветувањата требаше да бидат завршени порано. Пред два дена беше пуштено во употреба долгоочекуваното основно училиште во Мала Речица, но само за прво одделение. Порталб ја праша градоначалничката на Тетово, зошто во толку краток временски период се промовираат...

Go Green: Потребен е младински дигитален еко-активизам

„За да имаме активна младина, мора да има проекти што ќе ги активираат младите и ќе ги вклучат во процесот на донесување одлуки“, вели за Порталб.мк, Арта Ќерими, асистентка на проектот за „Младински дигитален еко-активизам“, од страна на Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Go Green“ (Го грин)- Скопје. Проектот „Младински дигитален еко-активизам“ е поддржан од Фондацијата...

НаТочак од кандидатите за локална власт во Скопје бараат град кој е пријателски за пешачење и за возење велосипед

Иницијативата на НаТочак побара од кандидатите на локалните избори во Скопје и скопските општини, во своите програми да предложат конкретни мерки за одржлив и безбеден сообраќај и да се заложат за град кој е пријателски за пешачење и за возење велосипед. „Промените кои се случуваат во главниот град се со многу споро темпо, во некои општини комплетно изостануваат, а со...

ДИК: Лицата со попреченост ќе може да се потпишуваат на кандидатските листи и надвор од просториите

Државната изборна комисија (ДИК) извести дека со цел овозможување на целосно остварување на правата на сите граѓани/ки кои сакаат да даваат поддршка за некоја независна листа во постапката за собирање на потписи , вработените во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија кои се сместени во простории каде нема услови за пристап на лица со попреченост, се задолжуваат...

Ана Петровска влегува во трката за градоначалник на Скопје како независен кандидат на „Зелен хуман град“

Поранешната директорка на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, денеска беше промовирана како независен кандидат за градоначалник на Скопје која ќе биде поддржана од коалицијата „Зелен хуман град“. Оттаму веќе најавија дека на локалните избори ќе настапат и со независна листа на советници за Градот Скопје. Коалицијата исто така поддржува и независни советнички листи во општините Центар, Карпош...

Јана Белчева – Андреевска ќе ја предводи независната листа на советници во Центар

Јана Белчева-Андреевска, актуелен член на Советот на општина Центар ќе ја предводи листата на независната граѓанска иницијатива „Шанса за Центар“ на локалните избори во октомври. Таа денеска заедно со кандидатите за советници проф. д-р Дивна Пенчиќ и Јане Димески ја претставија својата платформа, за која од утре ќе собираат потписи. „Во 2017 ни ветија работа на средување на урбаниот хаос...

Антикорупциска ја потсети власта што е забрането во предизборието

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска испрати соопштение со кое ги потсетува министерствата, фондовите, агенциите, јавните претпријатија и другите државни институции дека по распишувањето на локалните избори не смеат да започнуваат нови изградби со средства од буџетот на нови објекти во инфраструктурата, да вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати кои не се редовни, а...

Талат Џафери ги распиша локалните избори, ќе се одржат на 17 октомври

Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери вчера ги распиша локалните избори во земјава, кои е предвидено да се одржат на 17 октомври. Изборната кампања за избор на новите состави на општинските совети и новите градоначалници на општините и Градот Скопје ќе започне три недели пред денот на изборите. Инаку, собранискиот спикер ги распиша локалните избори денеска, бидејќи од распишувањето...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...