fbpx
Таг: локални избори 2021

таг: локални избори 2021

До 17 часот гласале 150.000 гласачи помалку во споредба со локалните избори во 2017 година (инфографик)

Одѕивот на гласачите до 17 часот во првиот круг на локалните избори вкупно земено е понизок за околу 16 отсто во споредба со изборите во 2017 година. Во апсолутни бројки, според веб-страницата на Државната изборна комисија, денеска до 17 часот гласале 734.475 лица, а во 2017 година гласале 883.673 лица. Разликата е 149.198 гласачи. Овие избори метежот на гласачките места...

Даштевски: Лицата што ќе се затекнат во кругот на избирачките места ќе гласаат и по 19 часот

Поради застојот предизвикан од нефункционирање на некои од електронските читачи на отпечатоци од прст, Државната изборна комисија (ДИК), донела едногласна одлука секој што до 19 часот ќе биде во кругот на избирачкото место, вклучително и дворот на училиштата, градинките, или објектите во кои се врши гласањето, да може да го оствари своето гласачко право и по официјалниот крај на...

Обвинителство добило дојава за агитација в Гостивар, кинење гласачки ливчиња и нерегуларности во Кочани

Покрај претходно пријавените изборни нерегуларности, до 15 часот во Комисијата за следење на евентуални нерегуларности во Јавното обвинителство, пристигна поднесок испратен од политичка партија, во врска со сомнение за вршење на притисок и агитација од страна на лице во избирачки места во Гостивар. Основното јавно обвинителство Гостивар оформи предмет по допрен глас и веднаш издаде насоки за проверка на...

МВР: До 12 часот 39 отсто помалку нарушувања на изборниот процес во однос на лани

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека до 12 часот денеска има 39 отсто помалку нарушување на јавниот ред и мир во текот на гласањето во однос на парламентарните избори минатата година. Не се регистрирани посериозни нарушувања, а гласањето главно се одвива мирно и без проблеми. Од регистрираните инциденти, имало случај на изборен поткуп, агитации и притисоци врз гласачите, но...

ДИК: Излезноста на гласачите до 13 часот е 20,76 проценти

Излезноста на гласачите до 13 часот е 20,76 отсто, соопшти на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски. Податоците се собрани од 2.519 гласачки места (72,39 отсто), а на гласање излегле 237.476 гласачи. Даштевски додаде дека на шест избирачки места се гласа на стариот начин со УВ ламба и со спреј, а на 11 места имало прекин повеќе од еден...

Излезноста до 11 часот е 10,22 проценти, велат од ДИК

Портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Љупка Гугучевска соопшти дека од вкупно обработени 2.544, односно 73,1 проценти од избирачките места, до 11 часот гласале вкупно 135.906 гласачи, односно 10,22 проценти. Општини со најголема излезност се Новаци каде што на гласање излегле 25,84 проценти, Крива Паланка со 20,44 проценти, Вевчани со 18,61 процент, Лозово со 17,51 процент, а најмала излезност има...

Хелсиншкиот комитет утре со отворена канцеларија за пријавување на повреда на избирачкото право

Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека во текот на утрешниот ден канцеларијата на Комитетот ќе биде отворена во текот на целиот ден, со цел да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на локалните избори. Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот...

Локалните избори во детали: Советите се бираат во еден круг, за градоначалник можно е да има и втор круг

На Локалните избори 2021 право на глас ќе имаат 1.824.864 гласачи впишани во Избирачкиот список. На седмите по ред избори за градоначалници и општински совети за 80 општини и Град Скопје, граѓаните утре ќе избираат нови градоначалници и општински совети од пријавените 299 кандидати за градоначалници и 10.532 кандидати за членови во општинските совети, покажуваат податоците на ДИК. За да...

Денеска изборен молк, гласаат затворениците, болните и немоќните, лицата во карантин и самоизолација

Гласањето на Локалните избори 2021 започна денеска со изјаснувањето на болните и немоќните лица, лицата кои се наоѓаат во карантин и самоизолација поради ковид-19, како и лицата кои се во затвор, притвор, раселените лица и лицата во установи за вонсемејно сместување. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), барање за гласање доставиле вкупно 7.921 лица, чии пријави се прифатени од...

„Слушни ме“ – кампања што ги вади на површина потребите на младите во општините

Кога воздухот е исполнет со најавата за претстојните локални избори што беше пуштена во етерот пред некое време, неизбежно е да се поттикнуваат теми, иницијативи и настани поврзани со изборите. Изборите претставуваат симбол на демократските општества, во кои граѓаните имаат право на глас да го одредат својот предводник за одреден период кој следи. Локалните избори се одвиваат на локално ниво,...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...