fbpx
Таг: локални избори 2021

таг: локални избори 2021

ЗНМ: Осуда за обидите за дискредитација кон новинарката Џумадије Ибраими од ТВ Клан

Во период од една недела, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) по трет пат реагира за случаи во кои новинарките и новинарите се попречувани во својата работа или добиле закани и навреди, а сето тоа во периодот на одржување на локалните избори во земјава. Изминатава недела ЗНМ реагираше и на вербалните напади кон новинарката на ТВ 21 Салије Садику...

Досега поднесени 15 приговори до ДИК во однос на првиот круг од локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) до овој момент добила вкупно 15 приговори во однос на првиот круг од локалните избори. Два приговора од опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ се поднесени за прекршување на изборниот молк, додека останатите 13 приговори се однесуваат на постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на резултатите до Државната изборна комисија. Владејачката коалиција предводена...

Неважечките ливчиња побројни од освоените гласови на Алијанса и Алтернатива или независните листи

Волјата на граѓаните преточена во резултатите на локалните избори предизвика „земјотрес“ на политичката сцена. Но, има ли скриена порака која треба сериозно да ја разберат нашите политичари? Според синоќешните резултати за советничките листи во општините, без градот Скопје и без резултатите од околу 40 избирачки места, ВМРО-ДПМНЕ освои 288.044 гласови, СДСМ 238.031, ДУИ 104.554, Алијанса за Албанците и Алтернатива 56.301,...

ЗНМ: Осуда на понижувачкиот однос на кандидатот Фатмир Лимани кон новинарката Салије Садику од ТВ 21

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува јавниот понижувачки однос на независниот кандидат за градоначалник за општина Кичево Фатмир Лимани кон новинарката Салије Садику од ТВ21 и бара јавните чинители да внимаваат на нивниот однос, посебно кон жените новинарки во државата. „Имено, додека новинарката Салије Садику, известувала за локалните избори во Северна Македонија се соочила со непријатна ситуација проследена...

Левица и Христијан Мицкоски потрошиле најмногу пари на Фејсбук во изборната кампања (инфографик)

Во време на предизборната кампања за локалните избори, од 13 септември до 12 октомври најмногу платени реклами на Фејсбук имале политичката партија Левица и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави Рефлектор. Левица во тој период потрошила 8.353 евра, Мицкоски 7.068 евра само за рекламирање на социјалната мрежа Фејсбук. Следен на листата е претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, но со...

Во Карпош, во вториот круг ќе се натпреваруваат Душко Весковски и Стевчо Јакимовски

По маратонското пребројување на гласовите, на официјалната веб-страница страница на ДИК е објавено кои двајца кандидати ќе се спротивстават меѓусебно во вториот круг на локалните избори во општина Карпош. По преброени 99,86 отсто од гласовите, јасно е дека во вториот круг ќе оди Стевчо Јакимовски од ГРОМ како второрангиран, за кој вчера гласале 6.830 гласачи. Првопласиран во Карпош е Душко...

Поранешни членови на ДИК: „Фингерпринт“ методата не беше добро тестирана, па затоа се предизвика хаос на изборите

Поранешните членови на ДИК оценуваат дека „фингерпринт“ методата на гласање требало претходно да се тестира на различни места и ситуации, пред да се примени во првиот круг на локалните избори на 17 октомври. „Фингерпринт“ гласањето, вчера наиде на бројни технички проблеми во текот на процесот, што предизвика збрка во различни избирачки места и го продолжи времето на затворање на избирачките...

ОДИХР: Изборите со натпреварувачки дух и со почитување на основните слободи, но требаат суштински реформи

Мисијата на ОДИХР денеска ја соопшти прелиминарната оценка од набљудувањето на локалните избори во Северна Македонија. На прес-конференцијата се обрати шефица на Набљудувачката мисија за изборите на ОДИХР, Тана де Зулуета. „На локалните избори во Северна Македонија кандидатите можеа слободно да водат кампања и основните слободи беа широко почитувани, но бројните празнини во законот и законските измени направени близу до...

Петре Шилегов: Во вториот круг влегуваме изедначено

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов на денешната прес-конференција посочи дека вчера имало успешен демократски ден и празник на демократијата. „Драги скопјанки и скопјани, вчера имавме успешен демократски ден и празник за демократијата. Им честитам на сите кандидати за резултатот во првиот круг и на граѓаните кои излегоа на гласање. Сакам да се заблагодарам за поддршката...

Данела Арсовска: Ќе бидам градоначалничка на сите граѓани подеднакво

Независната кандидатка Данела Арсовска за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција изјави дека според последните податоци од Државната изборна комисија, таа е во водство пред Петре Шилегов со околу 5.334 гласа и таа влегува во вториот круг. „Ниту сум политичар, ниту планирам да се занимавам со политика“, рече Арсовска во своето и нафласи дека ќе биде градоначалничка...

Обвинителството води постапки за пукања, кинење ливчиња, подмитување гласачи…

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности на Јавното обвинителство, денеска ги презентираше случаите на изборни нерегуларности во текот на вчерашните локални избори, како и од претходно. Нерегуларностите се движат од агитација и поткуп на гласачи, преку кинења на ливчиња и оставање празни ливчиња на гласачки пулт, до закани и пукање. Комисијата на Јавното обвинителство соопшти дека пристигнале голем број известувања, поднесоци...

Данела Арсовска и Петре Шилегов одат во втор круг, градоначалник веќе добија Гази Баба, Сарај, Бутел, Аеродром и Кисела Вода

Иден скопски градоначалник ќе се бира во втор круг што ќе се одржи на 31 октомври. Според досега преброените гласови објавени на веб-страницата за локалните избори на Државната изборна комисија (ДИК), односно околу 80 отсто од нив, битката за Скопје ја водат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Во трката за нов градоначалник на главниот град досегашниот Петре Шилегов, кој е кандидат на...

Во Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Охрид, Гостивар, Струга, Кочани и Гевгелија ќе има втор круг на 31 октомври

Во најголем дел од поголемите општини во земјава ќе се одржи втор круг од локалните избори на 31 октомври. Државната изборна комисија (ДИК) веќе ги преброи гласовите и резултатите покажуваат дека во поголемите населени места има тесна разлика меѓу најголемите политички партии. Врз основа на преброени 100 отсто од гласовите во Битола, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Коњановски освоил 42,83 отсто...

Заев: Победивме и водиме во над 30 општини и Градот Скопје, ќе ја обединиме владината коалиција во втор круг

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев доцна синоќа рече дека социјалдемократите и нивната коалиција успеале да победат во прв круг или имаат сериозно водство и влез во втор круг во над 30 општини низ земјата. Тој прогласи победа во Градот Скопје, како и во општините Струмица, Крива Паланка, Карпош, Центар, Шуто Оризари, Кочани, Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Валандово, Македонска Каменица, Богданци,...

Мицкоски: Ова не е финална победа туку чекор кон сигурна и интегрирана победа

„Ова е победа на младите, старите, жените, атеистите, муслиманите, уметниците, лекарите и буквално на сите. Победи народот“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција во „белата палата“ прогласувајќи победа на локалните избори. Според него, ова не е, како што рече, финалната победа, туку „чекор кон сигурна и интегрирана победа“ рече Мицкоски пред бројните поддржувачи во седиштето на партијата. Тој реше...

Николовски: Локалните избори имаат втор круг, затоа кочи Мицко

ВМРО-ДПМНЕ се обидува да креира лажна еуфорија, изјави генералниот секретар и шеф на изборниот штаб на СДСМ, Љупчо Николовски вечерва на прес-конференција. Според него, СДСМ ќе добие најголем број на градоначалници на локалните избори и ќе победи. Николовски, исто така, посочи дека кандидатот на СДСМ, „Петре Шилегов ќе биде новиот градоначалник на Скопје бидејќи води пред Данела Арсовска“. „Ова не е...

Али Ахмети на прес-конференција објави победа на ДУИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на прес-конференција во седиштето на партијата рече дека ДУИ победи и на овие избори, пренесува Порталб.мк „Во Липково имаме одличен резултат, во Сарај, Пласница. ДУИ води во Тетово, Чаир, Кичево, Струга, Желино, Теарце, Боговиње, Арачиново, Долнени. Во Дебар, Чашка и Врапчиште одиме во втор круг“, рече тој. Тој исто така дополни ДУИ има одличен резултат и...

Мицкоски преку социјалните мрежи прогласи победа на локалните избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва објави порака со честитка до гласачите и прогласи победа на локалните избори. „Народот е определен. Надежта e родена. За секој човек во Македонија. Заеднички за новата иднина. Победа и голема одговорност! Ви благодарам народе на Македонија!“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Бујар Османи прогласи победа за ДУИ уште во првиот круг во Сарај, Пласница и Липково

Повеќе политички партии најавуваат победа во неколку општини уште во првиот круг од Локалните избори 2021. Така, Бујар Османи од ДУИ најави на прес-конференција победа во првиот круг во Сарај, Пласница и Липково. Според Османи, партијата води во речиси сите општини каде што има кандидат. „Тоа што нема да можеме да го завршиме во првиот круг, ќе гледаме да го потврдиме...

Шилегов: Очекувам победа во првиот круг

Откако гласаше денеска во текот на денот, актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат на СДСМ и коалицијата, Петре Шилегов посочи дека одѕивот е онаков каков што тој очекувал. Тој додаде дека исто така очекува да победи уште во првиот круг. „Очекувањата мои се дека ќе имаме победа уште во првиот круг, затоа што во самата кампања скопјани може да...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...