fbpx
Таг: локални избори 2021

таг: локални избори 2021

Спасовски: Не се регистрирани никакви посериозни инциденти и поголеми нарушувања на изборниот процес

Во текот на денешниот ден не се регистрирани никакви посериозни инциденти и поголеми нарушувања на изборниот процес и на јавниот ред и мир во текот на вториот круг од гласањето, земајќи ги предвид досега пријавените случаи во МВР, соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој рече дека граѓаните во текот на целиот изборен процес покажале што значи партнерскиот однос...

Богданка Кузеска од СДСМ: Изборите беа фер, слободни и демократски

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на вечерашнава прес-конференција рече дека денеска се одржале фер, слободни и демократски избори. Огромно мнозинство од граѓаните излегле на гласање, изјави таа. Кузеска изјави дека денеска победила демократијата и слободната волја на граѓаните и покрај обидите за компромитирање на изборниот процес. Таквите режимски методи биле откриени и по нив постапуваат, и тоа во општините Ѓорче...

Али Ахмети: Слободните избори се одраз на нивото на демократија во државата

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети денес гласаше во неговото родно место во кичевското село Зајас. По гласањето Ахмети им порача на граѓаните да излезат на гласање затоа што тоа е чекор напред кон иднината и воедно да се помогне со вредностите за градењето на државата. „Ова е култура, семеен и државен празник на кој се демонстрираат...

Даштевски: До 18:30 часот во вториот круг излезноста е 48,88 отсто

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски на прес-конференција информираше дека излезноста на гласачите до 18:30 часот изнесувала 48,88 отсто од вкупниот број на граѓани запишани во Избирачкиот список, односно 555.943 гласачи. Притоа, најголема излезност до 18:30 часот имало во општина Вевчани - 81,2 отсто гласале, а исто така во општините Росоман и Демир Капија имало излезност од над...

Мицкоски: Злоупотребите и неправилностите ќе имаат спротивен ефект

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ им честиташе на граѓаните што масовно излегуваат и ја изразуваат својата слободна волја на вториот круг на локалните избори. „Од она кое што можам да го добијам како информација од терен е дека волјата и надежта за новата иднина се присутни кај народот во Македонија и тие практично со своето гласање масовно во утрината го покажуваат“,...

ДИК: До 17 часот излезноста е 42,44 отсто, за речиси 1,5 отсто поголема од првиот круг на изборите [инфографик]

Државната изборна комисија (ДИК) објави дека до 17 часот гласале 42,44 отсто од запишаните избирачи во Избирачкиот список на вториот круг од локалните избори во земјава. Во споредба со првиот круг, излезноста е зголемена за речиси 1,5 отсто во оние општини каде што се избира нов градоначалник во вториот круг. До 17 часот на гласање излегле 559.519 гласачи од...

Во вториот круг до 15 часот гласале 33,5 отсто од гласачите, околу 2 отсто повеќе од првиот круг [инфографик]

Процентуално земено, до 15 часот во вториот круг на Локалните избори гласале 33,5 отсто од гласачите во избирачкиот список, што е за неколку проценти повеќе од 31,5 отсто колку што гласаа до 15 часот во првиот круг. Ако се земат предвид апсолутните бројки, во вториот круг до 15 часот гласале околу 125.000 граѓани помалку, односно околу 438.000 гласачи наспроти 563.000...

ЦИВИЛ: Гласањето во Дом на АРМ во општина Центар започна во 9:45 поради проблеми со апаратот за читање отпечаток од прст

На ИМ 2815, во Дом на АРМ, општина Центар, наместо во 7 часот наутро, гласањето започнало дури во 09:45 часот, поради проблеми со апаратите за читање на отпечаток од прст при идентификација на гласачите, објави ЦИВИЛ. „Пред избирачко место чекаа граѓани кои беа прилично нервозни“, додаваат од таму. Од ЦИВИЛ исто така посочуваат дека еден нивни набљудувач бил опструиран од претседателот...

До 9 часот одѕивот на гласачите е 5 отсто, процентуално најмногу гласале во Ранковце (15%)

Од утрово од 7 часот се отворени сите гласачки места во вкупно 44 општини каде се бира градоначалник во вториот круг на Локалните избори 2021 година. До 9 часот гласале нешто повеќе од 5 отсто од гласачите. Процентуално земено, најмногу гласале во Ранковце, 15 отсто, но во апсолутни бројки највеќе гласачи до 9 часот излегле на избирачките места во...

Втор изборен круг: Денеска гласаат болните, немоќните, лицата со Ковид-19, затворениците

Денес на вториот круг на Локалните избори гласаат болните и изнемоштените, како и граѓаните кои се во изолација поради ковид-19. Овој втор изборен викенд бројот пријавени болни и изнемоштени е поголем отколку во првиот круг. На пример во Охрид и Дебрца, правото на глас се пријавиле да го искористат 112 лица повеќе од 17 октомври, односно вкупно 311. Освен болните...

Распишан тендерот за изградба на брзиот автобуски превоз – БРТ во Скопје

Tри дена пред одржувањето на вториот круг од локалните избори во Скопје, скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска објави дека е распишан тендерот за изградба на брзиот автобуски систем - БРТ. „Скопје е првиот град на Балканот кој ќе воведе БРТ систем, што не е само успех за градот туку и за целата држава“, изјави градоначалникот Шилегов. Тендерската постапка следува откако Европската...

Граѓаните ќе можат да ги подигнат своите лични карти и на 30 и 31 октомври

Во пресрет на одржување на вториот круг од локалните избори што ќе се одржи во недела на 31 октомври 2021 година, Министерството за внатрешни работи (МВР) известува дека и во сабота и недела (30 и 31 октомври) управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање во втор круг, со цел да им се излезе во пресрет...

На гласањето во недела, за важечки ливчиња ќе се сметаат само оние со печат од Избирачкиот одбор

Државната изборна комисија (ДИК) во период од само едно деноноќие се пишмани и ја промени одлуката што ја донесе вчера. На гласање за вториот круг од изборите во недела за важечки ливчиња сепак ќе се сметаат единствено оние, на кои имаат печат од Избирачкиот одбор, информираат од ДИК. „Ве известуваме дека на 35-та седница на ДИК беше донесена Одлуката за...

Контраспин: Очигледна манипулација видлива и од авион

Бројката од 631.860 жители, којашто Влатко Ѓорчев манипулативно ја претставува како показател за победа на ВМРО-ДПМНЕ наспроти СДСМ од 4 спрема 1, воопшто не значи тоа. Од овие 631.860 жители во 22 општини има луѓе кои воопшто не излегле да гласаат, има лица кои гласале за независни кандидати или кандидати што се од друга партија, а има и такви...

Изборни инциденти во Куманово и Вевчани, боксерска пресметка и неовластено фотографирање лични карти

На неколку дена пред вториот круг на гласањето на локалните избори во земјава, Министерството за внатрешни работи (МВР) и различните политички партии информираат за изборни инциденти, кои влегоа и во билтените на МВР. Во Куманово, во саботата на 23 октомври во 14.15 часот во СВР Куманово Р.Р. пријавил дека во населбата Средорек бил физички нападнат од С.С. и неговиот татко....

Управниот суд ги поништи изборните резултати од две избирачки места во Дебар и Шуто Оризари

Тужбите на Алијансата на Албанците и Алтернатива за Дебар и на движењето Одлучно за промени за Шуто Оризари се прифатени од Управниот суд, што значи дека во недела во овие две општини ќе има прегласување за првиот круг на по едно избирачко место. Во општина Дебар, поништени се резултатите за избирачкото место бр.0543 за гласањето за членови на општински совет...

Анализа на „Порталб.мк“: Возен парк на општините – од скромност до луксуз!

Од луксуз – до скромност. Различни видови на возила, автомобили, камиони, комбиња и автобуси се заведени во Регистарот на возила што е објавен од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата. „Порталб.мк“ повикувајќи се на официјалните податоци од овој регистар објавува детали за возниот парк на поатрактивните општини во земјава. Интересно е дека во регистерот нема податоци за возниот парк...

ДИК ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори, втор круг во 44 општини

Државната изборна комисија (ДИК) на јавна седница денеска ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори, што се одржа во неделата. Втор круг избори на 31 октомври, ќе има во 44 општини. Избрани градоначалници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се: Аеродром – Тимчо Муцунски Босилово – Ристо Манчев Бутел – Дарко Костовски Велес – Марко Колев Виница – Миле Петков Гази Баба – Бобан...

SafeJournalists: Осуда за попречување на работата на новинарите за време на изборите – институциите мора да реагираат

Мрежата „SafeJournalists“, чиј дел е Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), регираше на попречувањето на работата на новинарите и нивна дискредитација во локалните избори и порача дека ќе ги алармира релевантните меѓународни институции и чинители за инцидентите. „Во овој период бевме сведоци на повеќекратни, тешки навреди, вербални напади и обиди за јавна дискредитација кои придонесоа за загрозување на безбедноста на...

Ревизорите бараат да се запре исплатата на буџетски пари за изборната кампања на учесниците кои не ги откриваат донаторите

Дури 84 од 122 учесници во изборната кампања на локалните избори во земјава не доставиле Извештаи во законски пропишаниот рок или со законски пропишаната содржина до Државниот завод за ревизија (ДЗР). Поради ова, ревизорите поднесоа предлог до Државната изборна комисија (ДИК) за запирање на исплатата на средствата од државниот буџет за надомест на трошоците за финансирање на изборната кампања...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...