fbpx
Таг: лидерска средба

таг: лидерска средба

Шилегов: Груевски лаже и не сака да преговара

Партиите и понатаму тактизираат и се натегаат околу одржувањето нова рунда лидерски средби, на кои би се договарале идните чекори за расплет на кризата и, евентуално, нов рок за изборите. Во таа насока се и најновите изјави на претставниците на партиите, кои се движат од „треба да се почне“ до „нема потреба од средба“, како и вообичаената надеж што ја изразува...

Брисел: Се надеваме дека оваа недела ќе се одржи лидерска средба за изборите

Брисел се надева дека оваа недела ќе се одржи лидерска средба на која партиите ќе поведат иницијатива за договор за организирање на фер избори. Од Европската комисија велат дека се во постојан контакт со партиите и ги следат случувањата во Македонија. „Делегацијата на ЕУ е во постојан контакт со партиите и се надеваме дека тие ќе се согласат да се сретнат...

Груевски: Лидерска средба – само со тема и со план

Би присуствувал на лидерска средба, но претходно мора да ја знам темата и планот за средбата, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на промоција на нови наслови на книги во читалната „1000 Книги“ во Градскиот трговски центар во Скопје. Тој повтори дека во неговата партија не се против одржување на лидерски средби и дека досега присуствувале на многу...

Тачи не верува во одржување на лидерска средба

„На лидерската средба што се најавува за деновиве нема што да се понуди за излез од кризата. Таква средба би била несериозна и не верувам дека ќе се одржи“. Ова на брифинг со новинарите, го изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по синоќешната ифтарска вечера, која традицонално ДПА ја одржува во Тетово. Решението за излез од политичката криза, според Тачи, е...

Мај – месец на важни и на тажни датуми, искушенија и на тешки моменти

Mај минатата година беше месец на голем број настани, искушенија и на тешки моменти. Во тие триесетина дена се случија конфликтот во Диво Насеље, оставките на тројца високи функционери на владејачката партија, протестите за Мартин Нешковски, три лидерски средби, средба во Стразбур, големиот протест на опозицијата и на граѓанските организации по што се формираше „Кампот на слободата“ и масовниот собир...

Орав им пренел порака на лидерите во име на Хан

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, не се обратил директно со писмо до четворицата лидери во Македонија за да побара обновување на преговорите, објави телевизија „Телма“. Во негово име, пораките им ги пренел евроамбасадорот Аиво Орав, потврдуваат за телевизијата дипломатски извори. Изминатиот викенд, медиумите пренесоа дека Хан побарал дијалог, прочистен избирачки список, реформа на медиумите и сè...

Брисел: Следуваат сериозни последици, поддршка за мирните протести и за невладините организации

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, и европратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгл денеска изразија жалење што лидерската средба со челниците на четирите најголеми партии во Македонија утре нема да се одржи во Виена. - Како еврокомесар и посредници од Европскиот парламент, жалиме што лидерската средба, планирана за 22 април во Виена, нема да се одржи....

Викенд, скратена работна недела, па Велигден: Се кратат роковите за разврска на кризата

Откажувањето на лидерската средба во Виена ја намали надежта дека, сепак, е можен излез од политичката криза во која се наоѓа Македонија подолго време. Утринава се појави веста дека лидерската средба закажана за утре во Виена, а на која треба да учествуваат и еврокомесарот Јоханес Хан и европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, е одложена. Делегацијата на ЕУ во...

Коцијанчич: Ретроградните чекори ги минираа Пржино и Виена

Европската комисија денеска изрази жалење што нема да се одржи утрешна лидерската средба во Виена, соопшти денеска за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. - Ние постојано велевме дека прекршувањето на Договорот од Пржино ќе има сериозни последици за државата. Длабоко ќе жалиме ако некои ретроградни чекори во Скопје ја оддалечат земјата од нејзините аспирации за приклучување кон Европската Унија...

Одложена лидерската средба во Виена

Лидерската средба закажана за утре во Виена, а на која треба да учествуваат и еврокомесарот Јоханес Хан и европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, е одложена, дознава „Мета“ од дипломатски извори. Засега нема официјална потврда од Брисел за одложување на средбата ниту, пак, има информации кога би можело да се одржи средбата која има цел да го спаси...

Брисел за изјавата на Заев: Не коментираме „услови“ на одделни партии

Европската комисија денеска не сака да ја коментира одлуката на СДСМ да не учествува на лидерската средба во Виена доколку претседателот Ѓорге Иванов не ја повлече аболицијата и не се свика Собранието за да се повлече одлуката изборите да се одржат на 5 јуни. - Не коментираме „услови“ кои ги поставуваат одделни партии. Комесарот Јоханес Хан беше многу јасен кога рече...

Димовски: Заев донесе неодговорна и деструктивна одлука

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска уште еднаш покажа колку не се грижи за иднината на Република Македонија и за нејзините граѓани, реагира Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на обраќањето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Димовски рече дека Заев не се грижи за стабилноста и не се грижи за немирот што секојдневно го внесува помеѓу граѓаните. Според Димовски, Заев донел неодговорна...

Ахмети: Не сакам од Виена да се вратиме без договор

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во гостување на емисијата „Клик плус“ на „Телевизија 21“ го потврди своето учество на лидерската средба во Виена што за петок ја закажа еврокомесарот Јоханес Хан. Ахмети рече дека не сака од Виена да се вратат без договор. Тој вели дека Договорот од Пржино треба да се потврди бидејќи, според него, тој не е мртов. „Работи...

Коцијанчич: Средбата во Виена е за спас на Договорот од Пржино

Лидерската средба во Виена нема цел да постави некој нов договор туку да обезбеди имплементирање на постојниот Договор од Пржино, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. - Целта на состанокот е да се дискутира за начините за решавање на кризата и да се обезбеди дека лидерите ќе продолжат со имплементација на Договорот од Пржино и со реформските приоритети,...

Што ќе донесе Виена: Бетонирање на 5 јуни или ново одложување?

По одлуката за општа аболиција на политичарите што ја донесе претседателот Ѓорге Иванов, што предизвика масовни протести, меѓународната заедница презема решителен чекор за смирување на состојбата. Последните информации се дека в петок во Виена е планирана средба на лидерите на четирите најголеми партии од Македонија. Најавата за средба доаѓа по речиси забетонираните ставови на двете најголеми македонски политички партии. СДСМ тврди...

ЕУ испратила покани до партиите за нова лидерска средба во Виена

Делегацијата на Европската Унија во Скопје испратила покани до политичките партии за лидерска средба планирана за петок во Виена, потврдија за „Мета“ од делегацијата. Европратениците Ричард Ховид, Евдард Кукан и Иво Вајгл ги повикале четворицата лидери, потписници на Договорот од Пржино, в петок да се сретнат во Виена. На средбата, според најавите, поканет е и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан,...

Брисел потврдува: Лидерска средба ќе има, но не се знае кога и каде

Европската комисија засега не потврдува дали политичките лидери в петок во Виена ќе имаат средба со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит и со еврокомесарот за проширување, Јонаес Хан. - Не можеме да го потврдиме состанокот, но секако комесарот Хан е во постојан контакт со политичките лидери во земјата, европратениците и со Делегацијата на ЕУ и со...

Лидерска средба в петок во Виена?

Меѓународната заедница за петок во Виена планира средба на лидерите на четирите најголеми партии од Македонија, дознава „Алсат - М“. Поканата до партиите формално ја упатуваат тројцата европратеници вклучени во постигнувањето и во спроведувањето на Договорот од Пржино, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит. Како што пренесува телевизијата, во Виена е предвидено и присуство на еврокомесарот Јоханес Хан и на...

Ахмети: ДУИ нема да се конфронтира со меѓународната заедница

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, по завршувањето на денешната вонреднa лидерска средба рече дека неговата партија е на иста линија со меѓународната заедница и оти партиите не смеат да дозволат Договорот од Пржино да пропадне. - Како што гледате, се одвиваат многу интензивни средби помеѓу сите политички субјекти, со присуство на меѓународната заедница, односно олеснувачите на Договорот кој беше...

Вонредна лидерска средба пред објавувањето на оцената за условите за избори

Лидерите на политички партии потписнички на Договорот од Пржино, во моментов се во Клубот на пратеници каде од 15 часот е закажана вонредна лидерска средба. На средбата, од засега непознати причини, не е присутен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, додека претседателите на СДСМ, ДУИ и на ДПА се во Клубот на пратеници, каде повеќе од еден час трае состанокот. На него,...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...