fbpx
Таг: лидерска средба

таг: лидерска средба

Иванов ги откажал другите обврски и ги чека лидерите на средба и во наредните денови

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, останува на ставот дека е неопходно да се одржи средба на лидерите на парламентарните партии, како најодговорни за наоѓање решенија во согласност со Уставот и со законите на Република Македонија, соопштија од кабинетот на претседателот. Во наредните денови, како што се наведува во соопштението, кабинетот на претседателот на Република Македонија останува отворен за дијалог...

Иванов апелира за смирување на тензиите и повика на лидерска средба во неговиот кабинет

Претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање до граѓаните вечерва упати апел за смирување на тензиите и на ненасилство и ги повика лидерите на парламентарните партии на лидерска средба утре во неговиот кабинет. - Во овие моменти на општа загриженост околу настаните во Собранието на Република Македонија, ве повикувам да бидете смирени. Ве повикувам да останете присебни и да не подлегнувате...

Арифи: Ќе го чекаме Уставниот суд да „пресече“ за локалните избори

Потпретседателката на ДУИ, градоначалничка на општина Тетово, Теута Арифи, изјави дека за разврска на политичката криза најважно е да се избере претседател на Собрание. Таа не ја исклучува можноста за лидерска средба, нагласувајќи дека „ДУИ никогаш не бегала од средби, било да се лидерски или на други нивоа“. - Најважно е да се избере претседател на Собрание. ДУИ никогаш не...

НСДП: Идеите за лидерска средба се неприфатливи и непотребни

Пласирање на идеите за одржување лидерска средба, како начин за деблокада на институциите на системот и за излез од политичката криза, е неприфатливо и непотребно затоа што седнувањето на маса со криминалци ќе значи враќање на состојбите во државата од пред две години, дури и пoлошо од тоа, велат од НСДП. Од партијата посочуваат дека смислата и целта на политичките...

Партиите почнаа со лицитирањето: Лидерска средба, преодна влада, па нови избори?

Денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието, донесе две изјави кои можеби укажуваат дека има некакво поместување од рововските позиции на партиите. Прво, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, рече дека излезот од кризата е во лидерска средба. – Почитувани колеги, се уриваат рекорди по број на денови и по бројност при изразување незадоволство од платформата со која е уценет СДСМ. Сакам...

ВМРО-ДПМНЕ предлага лидерска средба, компромис, па нови избори?

На 17. продолжение на конститутивната седница на Собранието денеска, првпат, имаше и повик од пратеник на ВМРО-ДПМНЕ да се организира лидерска средба за да се решат сите прашања и да се постигне компромис, а потоа да се организираат нови избори. Повторувајќи ги обвинувањата што многупати досега беа чуени, пратеникот Крсто Мукоски, во реплика на својата колешка Благица Ласовска, рече дека излезот...

Брисел не потврдува, но и не исклучува дека Хан наскоро ќе дојде во Скопје

Европската комисија засега не потврдува дали еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, на средината од месецов ќе допатува во Скопје на лидерска средба. - Засега не можеме да потврдиме. Кога ќе ја имаме агендата и потврдата, ќе испратиме соопштение – изјавија за „Мета“ извори од Брисел. Како што јави „Дојче веле“, повикувајќи се на неофицијални дипломатски извори, Хан ќе дојде да...

Предвремени избори на 11 декември, утре привремена влада

Лидерите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино вечерва се договорија на 11 декември да се одржат предвремените парламентарни избори. Четворицата лидери, задоволни од постигнатото, кажаа дека се исполнети сите услови за фер и демократски избори. Задоволни од договореното се и двајцата претставници на меѓународната заедница, амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, и претставникот на Европската...

Груевски: Прифативме сè што бараше СДСМ, само за да има избори на 11 декември

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, порано ја напушти денешната лидерска средба во Клубот на пратеници, на која се договараат деталите за изборите што би требало да се одржат во декември. Тој рече дека за неговата партија се прифатливи сите услови што ќе ги предложи СДСМ само за да не им дадат можност повторно да ги одложуваат изборите. - Ни се потврди по...

Лидерите зедоа и втора пауза на преговорите

Лидерите на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино, веќе зедоа и втора пауза по три часа откако ја почнаа лидерската средба. Претставниците на партиите ги користат паузите за меѓупартиски консултации. Средбата, на која присуствува и амбасадорот на САД, Џес Бејли, и двајца претставници на Делегацијата на ЕУ, почна со 40 минути доцнење откако последен пристигна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Него...

Почна лидерската средба во Клуб на пратеници

Со доцнење од 40 минути, почна лидерската средба во Клубот на пратеници помеѓу лидерите на четирите најголеми политички партии, потписнички на Договорот од Пржино. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пристигна последен и сакајќи да ги избегне новинарите, во клубот влезе од задната врата. Него го дочека Александар Ѓеорѓиев, кој е портпарол на Владата. На средбата, освен Груевски, од ВМРО-ДПМНЕ присуствува и...

Лидерска средба денеска во 13 часот

Лидерска средба, на која треба да се направи пресек дали има услови за одржување избори и што од договорот од 20 јули е досега спроведено, би требало да се одржи денеска во 13 часот, дознава „Мета“ од извори од СДСМ. Политичките партии потписнички на Договорот од Пржино не ги исполнија сите рокови предвидени со договорот што го постигнаа на 20 јули, пред одржувањето...

Лидерска средба утре во 13 часот

Лидерска средба, на која треба да се направи пресек дали има услови за одржување избори и што од договорот од 20 јули е досега спроведено, би требало да се одржи утре во 13 часот, дознава „Мета“ од извори од СДСМ. - Начелно, договорено е средбата да се одржи утре во 13 часот – ни одговорија од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека...

Шекеринска: Одлука за избори ќе има ако има политичка волја на 31 август

„До 31 август можат да се исполат сите услови што беа предвидени во договорот од 20 јули оваа година. Ако има политичка волја, решение на 31 август и одлука за избори ќе има“, изјави заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, како одговор на новинарско прашање денеска во Велес. - Процесот што се одвиваше во ДИК потврди дека во Македонија постоеле голем број...

Заев: Ад хок телото не може да биде причина за да не се одржат изборите

Одржувањето на изборите во декември не е доведено во прашање поради проблемите со изборот на петтиот член на ад хок телото за регулација на медиумите, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во одговор на новинарско прашање при посетата на Матка за празникот Пресвета Богородица. - Не треба да дозволиме поради една ваква мала причина да се одложат ставовите за заклучоците...

Ќе има ли лидерска в среда: Роковите делумно пробиени, неизвесноста целосно присутна

Политичките партии потписнички на Договорот од Пржино не ги исполнија сите рокови предвидени со договорот што го постигнаа на 20 јули, пред одржувањето на лидерската средба на која треба да се одреди датумот за одржување на предвремените парламентарни избори. Договорот заглави кај формирањето на ад хок телото за регулација на медиумите во предизборниот период, чие комплетирање требаше да заврши пред три дена, односно...

Заев: Очекувам лидерска средба на 31 август и избори во декември

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната средба со амбасадорот на Република Словачка, Мартин Безак, разговарал за актуелната политичка ситуација во земјата и за преземените обврски за регуларни избори. - Очекувам секој да биде на ниво на задачата, на 31 август да се одржи лидерската средба на која ќе утврдиме дека во декември ќе се одржат следните предвремени парламентарни избори...

Тачи: Не сум баба Ванѓа да знам дали ќе има лидерска средба

Сега е моментот да се прекине политичката криза и да се договори датум за избори и сега сите заедно треба да работиме на тоа, рече лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата со помошник државниот секретар на САД за европски и за евроазиски прашања, Викторија Нуланд. - Зборувавме за тоа дека е крајно време Македонија да ја надмине кризата, но...

Димитриев се надева дека партиите ќе најдат „оправданост“ за лидерска средба

Премиерот Емил Димитриев денеска од Штип упати апел до политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино, да покажат максимална конструктивност во наоѓањето решение за излез од политичката криза. Прашан за коментар на денешната заедничка изјава на амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Македонија, Димитриев рече оти се надева дека ќе дојде до лидерска средба и до епилог на...

Бејли и Орав: Во постојан контакт сме со партиите, очекуваме договор наскоро

Амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, и евроамбасадорот Аиво Орав изразуваат надеж дека наскоро партиите потписнички на Договорот од Пржино ќе успеат да се договорат околу условите за одржување на изборите. Двајцата амбасадори по средбата со претставници на политичките партии во Пржино рекоа дека состанокот поминал во конструктивна атмосфера. - Со партиите имавме средби последните неколку недели и се надеваме дека...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...