fbpx
Таг: лидери

таг: лидери

АПМ: Лидерите што имаат привилегија да преговараат, да најдат компромис

Алијансата за позитивна Македонија ги повика лидерите на двете партии што ја имаат „привилегијата“ да преговараат и да одлучуваат за судбината на Македонија и на нејзините граѓани, да најдат компромис во решавањето на досега најголемата политичка криза во историјата на Република Македонија. „Со ваквиот начин на одоговлекување на решението на кризата, граѓаните на Македонија се држат во еден вид заложништво на...

Иванов во МАНУ ги искара и нашите политичари и Европската унија

Лидерите треба да најдат решение за излез од политичката криза, рече претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, на вториот меѓународен научен собир „Македонско-словачки книжевни, културни и духовни врски“, што се одржа во МАНУ. - Македонските лидери мора да ги урнат менталните ѕидови и да ги затрупаат менталните ровови. Во вакви сложени услови, лидерите на политичките партии мора што поскоро, преку дијалог,...

Утре нова лидерска средба

Лидерската четворка утре повторно ќе се состане, пренесува телевизија „24 Вести“. По интензивните средби и состаноци на преговарачките тимови и на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Николa Груевски и Зоран Заев, утре, повторно во Клубот на пратеници, лидерската четворка ќе седне на маса со амбасадорскиот двоец Бејли и Орав. Денеска лидерите, според партиски извори, се на одвоени средби со амбасадорот...

До крајот на неделава ќе се знае исходот од преговорите

До крајот на неделата ќе се знае како ќе завршат преговорите и дали ќе има договор меѓу лидерите на најголемите политички партии, истакна Зоран Заев, лидерот на СДСМ, на денешната прес-конференција. Тој кажа дека и покрај притисоците што се вршат врз него, алудирајќи на вчерашната одлука на Кривичниот суд, тој нема намера да ги прекине преговорите. Рече дека ако го притворат поради непочитување...

Лидерите се договорија да продолжат со преговори

Лидерите на главните политички партии се состанаа денеска во Клубот на пратеници за да ги продолжат дискусиите за точната организација на владата што ќе ги подготви изборите, како што е предвидено во шестата точка од договорот од 2 јуни, се вели во партиските соопштенија на СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. - Во овој контекст, лидерите се договорија да се состанат повторно...

Заврши средбата меѓу лидерите на политичките партии

Заврши презентирањето на извештајот од Европската комисија. Се очекува лидерите на партиите, заедно со Аиво Орав и со Џес Бејли, да излезат со заедничко соопштение. „Ние, лидерите на главните политички партии, се согласивме уште еднаш да ја потврдиме нашата согласност, нашата целосна посветеност на договорот од 2 јуни и да продолжиме со разговорите за негово целосно спроведување на лидерско ниво на...

„Твитер“: Хaн е рaзoчaрaн, ние рaзoчaрaни, Грујo рaзoчaрaн, Зaев рaзoчaрaн…

Неуспешните преговори на лидерите на најголемите политички партии и на европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, и неговата изјава дека е разочаран од одговорноста и од лидерството на некои од лидерите, наидоа на низа коментари на социјалните мрежи. Мда. Груевски го обвини Заев дека ги минирал преговорите, не прифаќајќи ја неговата оставка. Нека се шири ова во кампот собрание. Техехе —...

Најави за долга преговарачка ноќ во Брисел

Иако имаше куса надеж дека преговорите се ближат кон крајот, повторно не се соопштува никаква информација во зградата на Европската комисија во Брисел каде на 11.  кат се одвиваат преговорите помеѓу четворицата политички лидери, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи. Неофицијалната проценка е дека средбата би можела да трае до доцна, а еврокомесарот Јоханес Хан ја откажа...

„Во добра атмосфера“, почна лидерската средба во Брисел

Лидерската средба во Брисел со посредништво на европскот комесар за претпристапни преговори, Јоханес Хан, почнаа некаде претпладне, во зградата на Европската комисија. Четворицата лидери на најголемите политички партии во Македонија, Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети, денеска со посредникот Хан ќе бараат излез од политчката криза во која се наоѓа земјата повеќе од една година, а која се заостри...

Составот на преодната влада – главна тема на утрешните преговори

Бриселската рунда преговори помеѓу четворицата лидери на најголемите политички партии во Македонија ќе почне утре околу пладне, во зградата на Европската комисија, потврдија за „Мета“ дипломатски извори во Брисел. Еврокомоесарот Јоханес Хан прави сè за пронаоѓање решение за излез од политичката криза, и речиси целиот ден му е резервиран за македонските преговори. Нејасно е дали тие би продолжиле утредента, но...

Заев одлучи да оди во Брисел

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, заедно со Радмила Шекеринска и Рената Дескоска, ќе присуствуваат на утрешната средба во Брисел со комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан. „Изјаснувањето на еврокомесарот Јоханес Хан заедно со генералниот секретар на ОБСЕ, дека конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори во 2014 година во Македонија содржи бројни недостатоци на изборниот процес, за кои...

Хан на средба со Заев и со Груевски

Пред малку почна средбата на еврокомесарот за проширување ЕУ, Јоханес Хан, со делегациите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се обиде да најде излез од политичката криза. Во делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Никола Груевски, се Мартин Протоѓер, Никола Попоски и Никола Тодоров, додека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е придружуван од Радмила Шекеринска и од Петре Шилегов. Засега не...

Без договор заврши и втората лидерска средба

Заврши втората лидерска средба помеѓу лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА без постигнат конкретен договор. Следната лидерска средба е закажана за 26 мај, во 13.30 часот, на истотото место, во Клубот на пратеници. Утре лидерите на СДСМ, Зоран Заев, и на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ќе имаат средба во Стразбур, со предлозите од европратениците за решавање на кризата. Премиерот Никола Груевски, по...

Почна втората лидерска средба

Во Клубот на пратеници, по половина час доцнење, почна втората средба меѓу лидерите на четирите најголеми партии: Зоран Заев од СДСМ, Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА. Лидерите седат на иста маса заедно со Џес Бејли, амбасадорот на САД, и со Аиво Орав, шеф на Мисијата на ЕУ во Македонија, кои се гости-набљудувачи. Првата...

Почна лидерската средба, Груевски првпат стигна предвреме

Почна лидерската средба меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи. На средбата, како гости, присутни се амбасадорот на САД, Џес Бејли, како и на Мисијата на ЕУ, Аиво Орав. Прв на состанокот пристигна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, придружуван од шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, и од пратеникот...

Организацијата на американски држави на средба во Панама

Средба на врвот на Организацијата на американските држави денеска почнува во Панама. Првпат од 1962 година ќе има претставник и од Куба. На Самитот ќе учествуваат државни и владини лидери од 35 земји, а најверојатно клучен момент на дневниот ред ќе биде враќањето на Хавана во заедничките американски структури. На последниот форум на Организацијата во Колумбија во 2012 година, повеќето земји-членки...

Иванов ќе се обрати на Конференција за млади лидери „Предизвици и можности за балканското лидерство денес“

На дводневната Конференција за млади лидери „Предизвици и можности за балканското лидерство денес“, која почнува денеска, ќе се обрати претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Предвидено е на отворањето на конференцијата да се обратат поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов, и поранешниот претседател на Албанија, Бамир Топи. Во рамки на дводневната Конференција за млади лидери „Предизвици и можности за балканското лидерство...

Нов раздор меѓу Папандреу и Венизелос

Нови внатрешни несогласувања ја тресат партијата на грчките социјалисти - ПАСОК, по предлогот на поранешниот премиер и лидер на партијата, Јоргос Папандреу, партијата да се рестартира и да се распише нов конгрес за да се избере нов претседател на социјалистите. Предлогот на Папандреу дојде еден ден по средбата со актуелниот лидер на ПАСОК и министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос....

Обама ја почна азиската турнеја

Претседателот на САД, Барак Обама, со посетата на Пекинг ја почна турнејата во Азиско-пацифичкиот регион. Тој утринава се обрати на отворањето на средбата на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), а вечерва ќе има работна вечера со клучни лидери од Азија. Се очекува Обама да се сретне со новиот индонезиски претседател Џоко Видодо. За време на посетата, американскиот претседател ќе се сретне со кинескиот...

САД со порака до косовските лидери: Немојте да упропастите

Амбасадорот на САД во Приштина, Трејси Ен Џејкобсон, денеска го прекрши дипломатскиот протокол за да го изрази незадовлството на САД од косовските политичари кои не можат да се договарат за формирање нова влада. Џејкобсон во дебатата во седиштето на невладината организација „Фољ“ во Приштина, на албански јазик рече „Немојте да упропастите“. - Пораката што ја упатив до сите лидери, можам да ви...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...