вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: лидери | 102 резултати

Турција од ЕУ за мигрантите бара уште три милијарди евра и укинување на визите

март 7, 2016

Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, изјави дека Турција барала дополнителни три милијарди евра од Европската Унија за згрижување на мигрантите на своја територија. Шулц најави дека Европскиот парламент е подготвен да ја забрза процедурата за доделување на тие средства. Во нацрт-договорот на ЕУ и на Турција, во кој агенцијата „Ројтерс“ имала увид, се вели […]

Средба Величковски – Острени: Потребно е одговорно однесување на политичките елити

март 2, 2016

Лидерите на Либерална партија и на Унитети, Ивон Величковски и Гзим Острени, денеска се сретнаа во хотелот „Александар палас“. На средбата соговорниците се согласија дека веродостојни избори се единствен излез од тековната политичка криза, но и дека земјата веќе е оптоварена со сè поизразената бегалска криза, која е предизвик и за Македонија и за земјите во […]

Вонредна лидерска средба пред објавувањето на оцената за условите за избори

февруари 21, 2016

Лидерите на политички партии потписнички на Договорот од Пржино, во моментов се во Клубот на пратеници каде од 15 часот е закажана вонредна лидерска средба. На средбата, од засега непознати причини, не е присутен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, додека претседателите на СДСМ, ДУИ и на ДПА се во Клубот на пратеници, каде повеќе од […]

Средбата со Хан трае, новинарите по шест часа на дождот, ја „освоија“ гаражата и добија греалки

јануари 15, 2016

Повеќе од шест часа трае лидерската средба на еврокомесарот Јоханес Хан и на претставници на меѓународната заедница со лидерите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино. Од средбата, која се одржува во резиденцијата на Европската унија во Пржино, сè уште нема никакви информации. За новинарите, по неколку часа чекање надвор, пред резиденцијата, и работа во […]

Иванов: Недоволната безбедносна соработка во регионот е сериозен проблем

ноември 25, 2015

Претседателот Ѓорге Иванов на вонредниот самит на лидерите на процесот Брдо-Бриони, кој се одржа денеска во Загреб, рече дека недоволната безбедносна соработка во регионот е сериозен проблем. „Земјите од регионот соработуваат во многу сфери, но не и во безбедноста, а сè е условено од безбедноста и од стабилноста. Тоа е последното предупредување дека земјите од регионот […]

Партиите постигнаа договор, Оливер Спасовски нов министер за внатрешни

ноември 6, 2015

Лидерите на четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, по повеќечасовни преговори постигнале договор за законот за влада и за законот за „бомбите“. Нов министер за внатрешни работи, според договореното, ќе биде генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, а со ресорот труд и социјална политика […]

Претседателот Иванов ќе учествува на состанокот во Брисел посветен на бегалците

октомври 25, 2015

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска во Брисел ќе учествува на лидерскиот состанок посветен на приливот на бегалци во земјите на балканската рута. Целта на состанокот е усвојување заеднички оперативни заклучоци поврзани со приливот на бегалци. Покрај македонскиот претседател, на лидерскиот состанок се поканети шефовите на држави или влади на Србија, Бугарија, Грција, Хрватска, Словенија, Унгарија, Романија, Австрија […]

Груевски и Заев ќе се сретнат на полноќ

октомври 23, 2015

Лидерите на четирите партии, потписници на Договорот од Пржино, ќе се сретнат вечерва на полноќ во Клубот на пратеници. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја потврдил оваа информација за Радио Слободна Европа. На средбата треба да присуствуваат и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на ДУИ, Али Ахмети, и на ДПА, Мендух Тачи. Четворицата лидери ќе разговараат […]

Договор нема, Хан разочаран, но верува дека уште има шанси

октомври 20, 2015

По десетчасовни маратонски разговори, лидерите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, не успеаја да постигнат договор на средбата што се одржуваше со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во резиденцијата на ЕУ. Еврокомесарот Хан рече дека е разочаран од денешната средба, но и дека сè уште има време и заради европската иднина на државата, партиите […]

По средбата со Заев, лидерите на заедничка средба со Хан

октомври 19, 2015

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пристигна на средба со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан. Тој е во придружба на Радмила Шекеринска, Рената Десковска, Дамјан Манчевски и на Оливер Спасовски. Претходно, еврокомесарот Хан се сретна со премиерот Никола Груевски и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Во придружба на Груевски беа министерот за […]

Ахмети: Дали ќе има решение, зависи од вечерашната средба на лидерите

октомври 19, 2015

Според лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дали ќе има решение за отворените прашања, зависи од вечерашната средба на лидерите на политичките партии. Ова го изјави тој по завршувањето на средбата со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан. Ахмети рече дека со комесарот Хан разговарале за актуелните политички случувањата, односно за тоа што било на маса изминативе […]

Меркел: Во контролата на границите на ЕУ треба да учествуваат сите земји-членки

октомври 15, 2015

Сите земји-членки на Европската унија (ЕУ) треба да бидат подготвени да испратат безбедносен персонал за контрола на надворешните граници на унијата, изјавила германската канцеларка, Ангела Меркел, при пристигнувањето на денешната средба на лидерите на ЕУ во Брисел, јавува „Би-Би-Си“. Меркел, во тој контекст, изјавила дека не би било фер од членките на ЕУ кои досега […]

Хан: Отворете ги границите и стивнете ја реториката

септември 23, 2015

Европскиот комесар за соседска политика, Јоханес Хан, побара од сите држави на Западен Балкан да ги отворат границите за непречен протек на стока и да ја стивнат реториката. – Ги повикувам сите земји на Западен Балкан одговорно да се однесуваат спрема мигрантите, а особено да не ги затвораат граничните премини – рече Хан во пресрет на денешниот самит […]

Претседателот Иванов ги додели сертификатите на учесниците на шестата Школа за млади лидери

август 28, 2015

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, синоќа ги додели сертификатите на учесниците на шестата по ред Школа за млади лидери, што по негова иницијатива се одржа од 16-ти до 28-ми август во Охрид. Школата за млади лидери е лична иницијатива на претседателот Иванови, а досега се организирани пет интензивни тренинзи за лидерство во 2010, 2011, […]

Камповите чекаат сигнал од партиите дали и кога да се растурат

јули 15, 2015

Од „Кампот на слободата“ пред Владата и од „Чуварите на демократијата“ пред Собранието, по постигувањето на договорот меѓу политичките лидери за решавањето на кризата, со позитивна оцена за договореното и со подршка за лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, но со тврдо спротивставени ставови за она што допрва престои, изборите во април догодина. – Синоќа […]

Прес-конференцијата на Хан одложена за 20 часот

јули 14, 2015

Претходно закажаната прес-конференција на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, од 18.30 часот е презакажана за 20 часот. Како што е предвидено, пред Инфоцентарот на ЕУ, изјава ќе дадат Хан и европратеничката тројка, Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит. Во резиденцијата на Европската унија, на претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и на […]

Хан: Лидерите да работат во интерес на државата, а не за лични интереси

јули 13, 2015

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, откако пристигна во Скопје, во изјава за „Телма“ порача дека доаѓа во Македонија за да го помогне процесот на преговори за да се пронајде решение со кое, како што рече, ќе се зачува евроатлантската перспектива на државата. Тој апелираше до сите политички лидери да работат во интерес на државата, а не за […]

СДСМ: „Вистината за Македонија“ го разобличи Груевски

јули 9, 2015

„Проектот „Вистината за Македонија“ го разобличи вистинското лице на Никола Груевски и на неговите соработници. Тие точно знаат што правеле и тоа е нивната најголема болка“, пишува во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Груевски најавува дека ќе се повлече, па се премислува дека нема да се повлече, затоа е колеблив во министерствата што […]

АПМ: Лидерите што имаат привилегија да преговараат, да најдат компромис

јули 9, 2015

Алијансата за позитивна Македонија ги повика лидерите на двете партии што ја имаат „привилегијата“ да преговараат и да одлучуваат за судбината на Македонија и на нејзините граѓани, да најдат компромис во решавањето на досега најголемата политичка криза во историјата на Република Македонија. „Со ваквиот начин на одоговлекување на решението на кризата, граѓаните на Македонија се држат […]

Иванов во МАНУ ги искара и нашите политичари и Европската унија

јули 2, 2015

Лидерите треба да најдат решение за излез од политичката криза, рече претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, на вториот меѓународен научен собир „Македонско-словачки книжевни, културни и духовни врски“, што се одржа во МАНУ. – Македонските лидери мора да ги урнат менталните ѕидови и да ги затрупаат менталните ровови. Во вакви сложени услови, лидерите на политичките партии […]

Страна 4 од 5