fbpx
Таг: лидер

таг: лидер

Тереза Меј и Андреа Лидсам, единствени кандидатки за премиер на Велика Британија

Велика Британија повторно ќе има жена премиер, првпат по Маргарет Тачер, откако во трката за нов лидер на Конзервативната партија останаа две жени, министерката за внатрешни работи, Тереза Меј, и министерката за енергетика, Андреа Лидсам, јавуваат британските медиуми. На денешното гласање, Меј добила 199, а Лидсам 84 гласови, додека од трката, со 46 освоени гласови, излегол министерот за правда, Мајкл...

МВР: Студентски парламент нè повика зашто се плашеле од боење

Членовите на Студентски парламент, исплашени од заканите на „Студентски пленум“ дека ќе ги блокираат изборите за нов лидер, побарале да им биде обезбедено физичко присуство на полициски припадници пред канцелариите на СПУКМ и на факултетите, како и при транспортот на кутии од факултетите кон канцелариите, информираат од МВР. Оттаму велат дека по затворањето на гласањето, добиле повик зашто група студенти пред...

Груевски: Засега не се враќам на позицијата премиер

Одлучив засега да не се враќам на позицијата претседател на Владата, бидејќи не сакам да оставам впечаток дека потезите што ги влечам се само во правец да постигнам некоја лична цел или позиција. Сакам да покажам и дека може да се функционира и поинаку, а пак да се биде успешен и многу корисен - вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола...

Куба ги легализираше малите и средни приватни претпријатија

Властите на Куба објавија дека ги легализирале малите и средни приватни претпријатија што е нова фаза во реформите кои се спроведуваат од кога е претседател Раул Кастро, кој го презеде управувањето со земјата од својот брат Фидел во 2008 година. Раул Кастро се обидува да го поттикне растот на слабата кубанска економија, но е соочен со отпорот на лидерот на...

Време е за промена на турскиот устав, порача новиот лидер на владејачката АКП

Бинали Јилдирим денеска, по неговиот избор за нов лидер на партијата на правдата и развојот (АКП), повика дека Турција треба да премине на претседателски систем на владеење, јавуваат медиумите. Обраќајќи се на конгресот на партијата, пред и офцијално да биде прогласен за лидер, Јилдирим рекол дека е потребен нов устав, додавајќи дека е време моменталната „де факто ситуација“ да стане...

Бинали Јилдирим денеска ќе биде избран за нов премиер на Турција

Турската владејачка партија на правдата и развојот (АКП) денеска на специјален конгрес за нов партиски лидер и премиер на државата ќе го избере Бинали Јулдирим, по оставката на Ахмед Давутоглу. Јилдирим, кој досега ја извршуваше функцијата Министер за транспрот, е близок соработник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој е единствениот кандидат за лидер на денешниот конгрес на АКП. Аналитичарите...

Убиен лидерот на авганистанските талибанци во напад на американски дрон

Водачот на авганистанските талибанци, Мула Актар Мансур е убиен во напад на американско безпилотно летало. Смртта на Мансур, како што јавуваат светските агенции, денеска ја потврдил и талибанскиот командант Мула Абдул Рауф, кој рекол дека водачот бил убиен во петокот вечерта во погранична област меѓу Авганистан и Пакистан. Неименуван службеник на САД, синоќа соопштил дека лидерот на талибанците најверојатно е...

Канадски инструктори ќе предаваат како да се води успешен бизнис

Бизнис-едукација за професионалци и за претприемачи ќе се одржува во рамките на проектот „Лидер“, кој е во организација на платформата „Македонија 2025“ и ќе трае од 9 до 20 мај. Теоретските познавања, совети и тајни од занаетот за водење успешен бизнис ќе ги пренесат инструктори од школата за бизнис „Ричард Ивеј“ (Richard Ivey) од Канада. - Овој проект ѝ помага на Македонија да...

Прес-конференција на Заев во 14 часот

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во 14 часот ќе одржи прес-конференција. Прес-конференцијата ќе се одржи во седиштето на СДСМ. Од партијата не најавуваат за што точно ќе зборува лидерот на опозицијата.

Самка Ибраимовски реизбран за претседател на ПЦЕР

Самка Ибраимовски е повторно избран за лидер на Партијата за целосна еманципација на Ромите. На денешниот седми по ред партиски конгрес, беа избрани и потпретседатели на партијата, како и претседатели и членови на надзорниот орган и на другите совети. На конгресот на ПЦЕР одржан во Тетово, беше презентирана и предлог-програма на партијата. - Ние, како ПЦЕР, ќе се залагаме за заштита на Ромите...

Пакистанските талибанци не го признаваат Ал-Багдади за водач на муслиманите

Пакистанските талибанци ги отфрлаат тврдењата на лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади дека тој е водач на сите муслимани во светот. Тоа се наведува во соопштението на талибанците, до кое дојде „Ројтерс“. Претходно и авганистаските талибанци соопштија дека не го признаваат Ал-Багдади за водач, како реакција на тоа што неколку команданти од понизок ранг на авганистанските и на пакистанските талибанци...

Заев се сретна со амбасадорот на Албанија

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со новиот амбасадор на Албанија, Фатос Река. Како што соопштија од СДСМ, на средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во Македонија, за демократските предизвици со кои се соочува земјата, како и за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете држави. Заев го информирал амбасадорот Река за текот на преговорите меѓу политичките партии...

Талибанскиот лидер Мула Омар починал пред две години во Пакистан

Лидерот на талибанците, Мула Омар, починал пред две години во болница во Пакистан, изјавил за „Би-Би-Си“ портпаролот на авганистанските безбедносни служби, Абдул Хасиб Седики. Според Седики, Мула Омар починал од здравствени проблеми во 2013 година во болница во Пакистан. Од авганистанската влада, пак, соопштиле дека во тек е истрага во врска со тврдењата за смртта на Омар. Изминатиов период во медиумите се...

Лабуристите во септември ќе го избираат наследникот на Милибанд

Лабуристичката партија, која е во опозиција, на 12 септември ќе избира нов лидер, соопштено е денеска во Лондон, шест дена по поразот на парламентарните избори. Кандидатурите ќе се поднесуваат до 15 јуни. Лабуристите на парламентарните избори минатиот викенд доживеаја катастрофален пораз освојувајќи 100 пратеници помалку од конзервативците, кои првпат по 18 години сами формираат влада. Лидерот на опозициските лабуристи, Ед Милибанд, поднесе оставка по...

Борче Димитровски, нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Борче Димитровски, актуелниот директор на Центарот за култура во Битола, е новиот претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Нов лидер битолските вмровци избираа неколку месеци, на што претходеа интервјуа на кандидатите и анкети меѓу членството и граѓаните. Веста за назначувањето на Димитровски ниту официјално ја потврдуваат во општинскиот комитет во Битола ниту, пак, ја демантираат. Наши извори велат...

Горан Милевски, нов претседател на ЛДП

Горан Милевски од денеска ќе биде претседател на Либерално-демократската партија. Тој беше избран на шестото собрание на партијата, кое се одржа денеска. На состанокот се усвои нов статут, резолуции за поддршка на мали и на микробизниси, а се реизбра и генералниот секретар, Дуфе Кукоски. За политиката на владејачката партија и за политиката на премиерот Никола Груевски, Милевски смета дека тој продолжува да...

Демократскиот сојуз бара транспарентност во случајот „Пуч“

Демократскиот сојуз бара на случајот „Пуч“, МВР, Јавното обвинителство и судот да работат јавно и транспарентно и да ги објават сите релевантни докази и факти врз кои се темели судската постапка против обвинетите, меѓу кои е и претседателот на СДСМ, Зоран Заев. „Се работи за тешки обвинувања, поради што инсистираме судот да покаже висок степен на резистентност и да не...

Весел Мемеди, нов лидер на НДП

Професорот на Тетовскиот универзитет и советник во Општина Гостивар, Весел Мемеди, е новиот претседател на Националната демократска преродба. На партиското централно собрание, беше избран и Амди Саити за потпретседател и Зенун Исмаили за генерален секретар. Оваа промена се случи поради тоа што по последните парламентарни избори, раководството на оваа албанска опозициска партија, предводена од Руфи Османи, си поднесе неотповиклива...

Убиен е еден од најбараните лидери на Ал Каеда

Пакистанската војска денеска соопшти дека е убиен еден од најбараните терористи на листата на ФБИ, Аднан ел-Шукриџухах. Овој член на Ал Каеда се смета за еден од „мозоците“ на операцијата за нападите на метрото во Њујорк во 2009 година. Шукриџухах се смета за лидер на програмата за надворешни операции на Ал Каеда и дека бил еден од организаторите на плановите...

Лидерот на Исламска држава тешко ранет

Абу Бакр ал-Багдади, лидер на Исламската држава ( ИД), е тешко ранет при нападот што американските воени авиони го извршиле на местото каде што се одржувал состанок. - Абу Бакр ал-Багдади е тешко ранет и се бори за живот, по саботниот напад, во кој исфрлените бомби го погодиле градот Ал-Ќаим, на границата со Сирија. Во нападот има и многу убиени и...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...