fbpx
Таг: лични документи

таг: лични документи

Пет иницијативи доставени до Уставниот суд за личните документи

Пет иницијативи се доставени до Уставниот суд во врска со личните карти, возачките дозволи и пасошите. Иницијативите се однесуваат за периодот на издавањето на овие лични документи, односно на нивното времетраење бидејќи некои сѐ уште се со важност, како и на правото на слобода на движење, рече претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска. Сепак, таа потенцираше дека слободата на...

Кратенката МКД останува на личните документи, НМК е само за регистарски таблички

Според Договорот од Преспа кодот за земјата на регистарските таблички на возилата ќе биде НМ или НМК. За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Објави на социјалните мрежи невистинито тврдат дека личните документи кои се издадени со новото име Северна Македонија нема да важат затоа...

Контраспин: Жалењето на Ковачевски е задоцнето и бескорисно, зијанот е голем

Изјавата на Ковачевски дека „мора да се биде реален“ и „тоа е процес кој мора сите заедно да го изодиме“ е спин. Министрите на СДСМ во техничката влада не го предложиле и не го изгласале ова со бесплатните возачки поради висока свест и затоа што „патот треба да го изодиме заеднички“, туку поради претстојните избори, но и уште повеќе,...

Државна делегација во посета на амбасадата во Брисел каде што се врши фотографирање за пасоши

Ќе има организирање на конзуларни денови и други видови олеснувања за граѓаните во странство, за кои нашите претставништва беа инструирани и наскоро следи објава на планот, информираше денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој заедно со премиерот Талат Џафери и вицепремиерот Бојан Маричиќ, за време на престојот во Брисел, ја посетиле македонската амбасада каде што се врши сликање...

Здруженија: Државата не смеела да издава документи со старото име, граѓаните да консултираат адвокати

Од стапување на сила на Амандманот XXXIII на Уставот (12.02.2019), државата не смеела да издава документи со поранешното име, тврди Здружението на млади правници. Од Хелсиншкиот комитет за човекови права, пак, велат дека повредата на правото на слободно движење настаната со хаосот во обезбедувањето на нови патни исправи, што не може да се стави на одговорност на граѓаните, им дава...

МНР: Ниту еден граѓанин не пријавил проблеми при патување со патни листови

Ниту еден наш државјанин не пријавил во Министерството, ниту во дипломатско-конзуларните претставништва проблеми при патување со патни листови, ниту со друг вид на документи со Република Северна Македонија, известува Министерството за надворешни работи, од каде тврдат дека во изминатиов период, целосно ја реорганизирале дипломатско-конзуларната мрежа во светот, со цел да им излезе во пресрет на државјаните кои се наоѓаат...

МВР: Ако не ве пуштат на граница да излезете со стар пасош, може да побарате писмено известување

Министерството за внатрешни работи ги информира оние граѓани кои ќе бидат спречени од страна на граничните полициски службеници да направат излез од државата поради тоа што поседуваат патна исправа со името “Република Македонија“, дека можат да побараат писмено известување во кое ќе бидат наведени причините поради кои се оневозможени да направат излез. Во соопштението на МВР се вели и дека...

Новите возачки и сообраќајни дозволи ќе бидат бесплатни за граѓаните

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ја потврди најавата на лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски дека замената на сообраќајните и возачките дозволи ќе биде бесплатни за граѓаните, до крајот на годината. „Пратеничката група на СДСМ вчера, нормално и претседателот на Собранието кој е сега од нашата партија низ разговор со сите политички партии дојдоа веднаш до консензус дека треба да...

Усвоени законските измени: До крајот на годината ќе може да се вози со старите возачки дозволи

Експресно, попладнево, Собранието ги донесе законските измени со кои се продолжи рокот на важење на возачките дозволи на граѓани со старото име на државата до крајот на годината, односно до 31.12.2024 година.  Ова значи дека со старите возачки дозволи, кои имаат валиден рок, граѓаните ќе можат да се движат во државата, но не и надвор од границите. Измената во членот 5...

Старите возачки дозволи да важат до Нова година, гласи новиот предлог закон

Старите возачки дозволи кои имаат важечки рок, а се со старото име на државата, наместо до 12 февруари 2024, да важат до 31.12.2024. Ваков предлог на закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, поднесоа пратениците Никола Мицевски, Мартин Костовски, Вјолца Адеми, Атнан Незири, Димитар Апасив и Павле Трајанов. Собранието ја усвои потребата...

Џафери: Денеска ќе се одлучува околу проблемот со личните документи

Јас сум свесен дека во овие десет дена се најдов пред многу предизвици во „цајтнот“. Секако дека ги имаме преземено сите можности и евентуални решенија кои би биле во полза на граѓаните и секако размислуваме и за законско решение и во текот на денот ќе имаме соодветно решение и одлука. Ова денеска го изјави техничкиот премиер Талат Џафери, на...

Мета факт: Тошковски невистинито тврдеше дека ќе важат возачките дозволи со старото име

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски на 6 февруари годинава во интервју за телевизија Алсат изјави дека во државата ќе важат возачките дозволи на граѓаните со старото име - Република Македонија. Само пет дена по оваа изјава, вчера, МВР излезе со соопштение дека возачките дозволи со старото име на државата ќе бидат невалидни и ги повика граѓаните да...

Пендаровски: Неприфатливо е граѓаните да бидат во паника, итно да се донесат законски измени

Неприфатливо е македонските граѓани кои се веќе изложени на сопствен трошок да менуваат документи, да бидат ставени во состојба на паника и страв дали ќе бидат казнувани при нивното учество во сообраќајот. Ги следам реакциите на загрижени граѓани кои и лично ме контактираа вечерва и ги разбирам нивната вознемиреност и гнев. Ова е ставот на претседателот Стево Пендаровски, откако попладнево,...

МВР: Од утре на полноќ немојте да возите ако имате возачка со „Република Македонија“

Министерството за внатрешни работи известува граѓаните дека од 00 часот на 13 февруари 2024 година, согласно веќе донесените законски измени, а во врска со Преспанскиот договор, престануваат да важат патните исправи со името Република Македонија и во важност ќе бидат само патните исправи со името Република Северна Македонија. „Ги замолуваме граѓаните со стари патни исправи воопшто да не се обидуваат...

Ако сте се сликале за документи кон крајот на декември, не се мачете да чекате ред да ги земете

„Ако сте се сликале за лични документи после 27 декември, воопшто не се трудете да чекате и да зафаќате место, подобро да си одите, не се пристигнати кај нас“. Вака денеска им се обратија вработените во пунктот на МВР на редиците од луѓе кои чекаа да си ги подигнат личните документи. Но, „патот“ што треба да го поминат новите лични...

Двесте повици за два часа – нула термини за пасош и лична карта

Откако пунктот за вадење лични документи во полициската станица „Пролет“ сега работи само со закажувања, се вжештија телефонските линии за закажување, а термин не може да се закаже ниту на страната за онлајн закажувања, бидејќи има технички проблеми. Граѓаните се жалат дека губат часови и часови на вртење телефони за да дојдат до термин за вадење лични документи, но дека...

Од утре пунктот за лични документи во полициската станица Пролет нема да работи без закажување

Од утре, среда, пунктот за фотографирање за лични документи во ПС Пролет нема да работи без закажување, туку ќе се трансформира во пункт за презакажани термини за сите оние кои имале резервиран термин за фотографирање на територија на град Скопје до крајот на 2024 година, информира МВР. „Трансформацијата се прави со цел да се воведе ред наместо хаос и да...

Ташковски ќе ги наградува вработените кои издаваат лични документи

Панче Ташковски, дополнителниот министер за внатрешни работи го посетил Одделението за управни работи - Скопје каде се запознал со фактичката состојба во делот на издавање на лични документи. Тој преку Фејсбук статус информираше дека 25 вработени од други организациски единици доброволно се пријавиле и биле упатени да помогнат во овој процес. „Во таа насока во текот на вчерашниот ден истите почнаа...

МВР почна со достава на готови лични карти и дозволи на домашна адреса во Скопје

Министерство за внатрешни работи известува дека со цел да се олесни и забрза процесот на промена на личните документи, започна со имплементација пилот проект на територијата на Скопје за доставување на готови лични карти и возачки дозволи на домашна адреса. Пилот проектот ќе се врши преку полициските станици, исклучиво во Скопје. Од МВР известуваат и дека утре, во сабота (27.01.2024) ќе...

Народниот правобранител: МВР бесплатно треба да ги замени важечките документи

Граѓани се жалат до Народниот правобранител дека Министерството за внатрешни работи не го почитува законскиот рок за издавање на патни исправи. Народниот правобранител Насер Зибер тврди дека МВР има недостиг на обрасци за патни исправи, како и за другите документи. Во однос на претставките што доаѓаат до Канцеларијата на народниот правобранител, Зибери вели дека сред метежите за лични документи, има...

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...