fbpx
Таг: Левица

таг: Левица

Повторно одложено рочиштето на членовите на Левица

Денешното судење на двајцата членови на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски обвинети за демолирање на канцеларијата на Иванов повторно е одложено. Следното рочиште е закажано на 10 јуни. Одбраната се уште не го добила вештачењето поради тоа што не може да ја подготват листата на докази. Како што тврди адвокатот Сашко Дуковски вештачењето е важен елемент за тие да можат...

Левица: Апелациониот суд да го укине куќниот притвор за Савески и Куновски

Партијата Левица денеска побара од Апелациониот суд да ја прифати нивната жалба и да ја укине мерката куќен притвор за членовите на партијата, Здравко Савески и Владимир Куновски. - Савески и Куновски се држат во куќен притвор веќе 36 дена. Ние се сомневаме дека тие ќе бидат во куќен притвор максимални 60 дена. Ваквата мерка е престрога имајќи ги во...

Судот им го продолжи куќниот притвор на Савески и Куновски од Левица

Кривичниот суд денеска им го продолжи куќниот притвор за уште 30 дена на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, кои се обвинети за демолирање на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, на протестите против аболицијата од 13 април. Судскиот процес против Савески и Куновски на два пати беше одложуван, а следното рочиште е закажано за 31 мај. Тројца демонстранти,...

Судењето на Савески и Куновски одложено, адвокатите сè уште не го добиле вештачењето

Судењето на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, кои се товарат дека учествувале во демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, на протестот од 13 април, е повторно одложено, бидејќи адвокатите на обвинетите не го добиле вештачењето за висината на штетата, кое е одамна изготвено. Недоставеното вештачење, како што пренесува „Академик.мк“, е една од причините за одложување....

Левица: ВМРО-ДПМНЕ да ги уплати парите што планира да ги потроши за свој каприц

Левица предупредува дека во случај да се одржат избори на 5 јуни, ќе биде прекршен Уставот на Република Македонија. Како што соопштија од партијата, според Уставот, една од темелните вредности на уставниот поредок се демократски избори. „И оној што има најелементарно познавање од правото сфаќа дека најелементарен услов за демократски избори е да се има избор помеѓу две опции, а сега...

Битолчани со поддршка за притворените Савески и Куновски

Група од дваесетина битолчани денеска во 10 часот се собраа пред Основниот суд во Битола за да искажат поддршка на двајцата членови на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски. На двајцата членови на новоформираната партија им се суди за учество во толпа на протестите на „Шарената револуција“. Никола Славески, член на левица од Битола, рече дека во општество каде политичарите од...

Денеска почнува судењето на членовите на Левица

Денеска во Кривичниот суд ќе почне судењето против членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски. Двајцата се обвинети за учество во толпа и се наоѓаат во куќен притвор. За нив и за другите осомничени и обвинети, обвинителството процени дека сториле материјална штета од 15.000 евра.

Демири не доби притвор, Левица бара пуштање и на другите двајца нивни членови

Ниту притвор, ниту какви било превентивни мерки не побарал обвинителот по денешниот информативен разговор со Мариглен Демири, член на президиумот на Левица. Демири денеска беше повикан на информативен разговор во Основното јавно обвинителство поради учество во толпа. Бранимир Јовановиќ од Левица на денешната прес-конференција, по завршувањето на информативниот разговор, рече дека мерките за куќен притвор, изречени за двајца членови на партијата,...

Уште еден член на Левица повикан на информативен разговор

Мариглен Демири, член на президиумот на Левица, денеска е повикан на информативен разговор во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, поради неговото учество во протестите и демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов. Од Левица информираат дека по тој повод, денеска, во 13 часот, ќе одржат прес-конференција пред ОЈО. - Потсетуваме и дека по претходните приведувања и апсења, граѓанскиот револт само се зголемуваше....

Продолжен куќниот притвор на Савески и на уште двајца демонстранти за нови 30 дена

За нови 30 дена им е продолжен куќниот притвор на членот на президиумот на Левица, професорот Здравко Савески, и на уште двајца демонстранти приведени по протестите во Скопје против одлуката за аболиција на функционери и на нивни блиски соработници што ја донесе претседателот, Ѓорге Иванов, објави „СДК“. На Савески, Владимир Куновски, кој е член на Левица, и на Борјан Ефтимов, член...

ПОПГМ: Власта знае дека е со изминат рок на употреба

Во судската практика продолжува примената на двојни стандарди, реагирааат од Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ). Според нив, потврда за тоа е одлуката за определување на мерката куќен притвор за претставниците на Левица. Целта, според нив е властите да ги заплашат граѓаните кои протестираат, но и да ја продлабочат поделбата на народот. - Со ваквото постапување на судовите и на...

„Шарената револуција“ ја обои и зградата на МНР

Демонстрантите на денешниот протест против одлуката на Иванов да помилува политичари, ја обоија и зградата на Министерството за надворешни работи во боите на „Шарената револуција“ која, како што велат, означува боење на Македонија во боите на слободата и на демократија. Граѓаните со чадори ги штитеа полицајците што ја чуваа зградата на МНР за да не им се обојат нивните штитови и...

Домашен притвор за членовите на Левица

На приведените двајца членови на Левица, Здравко Савески и Владимир Куноски, попладневно судот им одредил мерка домашен притвор и одземање на пасошите. https://twitter.com/protestiram/status/724646582189187074 Од судот потврдија дека судија на претходна постапка на Савески и Куноски им одредил мерка домашен притвор во траење од 8 дена. Здравко Савески, член на партијата Левица, утрово беше повикан на информативен разговор, а потоа и приведен во полициската...

МВР: Кривична пријава против Савески поради демолирањето на канцеларијата на Иванов

Членот на партијата Левица, Здравко Савески, кој утрово беше повикан и задржан во полициската станица Пролет во населбата Кисела Вода, се товари дека за време на протестот на 13 април, со дел од толпата демонстранти влегол во народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, каде запалил фотографија со ликот на претседателот и фрлил предмет кон канацеларијата, соопшти попладнево МВР. Против Савески...

Левица: Приведувањето на Савески е обид сите да нè исплашат

Приведувањето на Здравко Савески, член на президиумот на партијата Левица, е отворен прогон на членовите на партијата, кој доаѓа по најавите на некои од провладините движења за забрана и за укинување на политички партии и на граѓански здруженија, рекоа од Левица на денешната прес-конференција пред Кривичниот суд во Скопје. Од партијата велат дека Савески е сè уште во полициската станица...

Здравко Савески од Левица приведен во полициската станица Пролет

Здравко Савески, член на партијата Левица, утрово бил повикан на информативен разговор, а потоа и приведен во полициската станица Пролет, поради учество во протестите против аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов, пишуваат од партијата на својот фејсбук-профил. Како што стои во информацијата од Левица, Савески „ќе биде одведен пред јавен обвинител и судија на претходна постапка, со барање за определување...

СЈО е подготвено за „Панама пејперс“

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во моментов води повеќе предистражни постапки за финансиски криминал, а доколку покажат вмешаност на офшор-компании, предмет на истрага ќе бидат и овие финансиски трансакции, велат за „Мета“ од СЈО. Аферата „Панама пејперс“ што од неделата го тресе светот, стана синоним за перење пари и за други финансиски малверзации, а денеска и дел од опозициските партии во земјава...

Левица: Да се откријат имињата на Македонците што имаат офшор-сметки во Панама

Новоформираната политичка партија Левица бара да се откријат имињата на Македонците што се поврзани со аферата „Панама пејперс“. „Иако Јавното обвинителство наводно отвори постапка во врска со овие случувања, јавноста сè уште не знае како противправно биле отворени овие сметки, како ни кое е потеклото на тие милионски суми на средства. Воопшто не сме изненадени што Јавното обвинителство нема намера да го...

Левица: Привилегиите на функционерите мора да бидат укинати

Иницијативниот одбор на Левица им упати новогодишна честитка на пратениците и на функционерите и им порача дека во 2016 година ќе се потруди да ги оневозможи да уживаат во привилегии и во високи плати додека народот тоне во сиромаштија. „Додека народот се дави во сиромаштија – народните претставници пливаат во лој. И тоа мора да престане. Тука сме да им...

Ни ВМРО-ДПМНЕ, ни СДСМ не ја фермаат Левица

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не коментираат ништо за барањето на новоформираната партија Левица да ја поддржат иницијативата за измена на Законот за политички партии. Левица бараше да се поедностават процедурите и да се намали трошокот за регистрација на политичка партија. Од најголемите македонски партии велат дека сè уште не добиле никакво барање, кое би можело да се разгледа. - Не сме добиле...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...