fbpx
Таг: Левица

таг: Левица

Членови на Левица најавија формирање фракција во партијата

Членови и основачи на партијата Левица најавија дека ќе формираат внатрешна фракција во партијата - „Единство“, чија цел, како што рекоа денеска на прес-конференција, ќе биде да се обедини членството и партијата да се врати на вистинскиот пат, пренесува „Канал 77“. Причините за формирање на фракцијата, како што велат тие, се организациските и стратешки грешки на актуелните раководни органи на...

Левица: Судот го одби барањето на саботерите што не сакаат да учествуваме на изборите

Основниот суд Скопје 2 донел решение со кое го одбил како неосновано барањето за донесување привремена мерка за забрана на партијата Левица да учествува на предвремените парламентарни избори, закажани за недела, 11 декември. Барањето, кон крајот на минатиот месец, го поднесе лице кое се преставува како член и основач на партијата. „Ова е уште еден правен пораз на обидот на...

Повторно одложено судењето на Савески и на Куновски од Левица

Поради болест на Владимир Куновски, кој заедно со Здравко Савески се обвинети за демолирање на народната канцеларија на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска повторно беше одложено рочиштето од судењето на двајцата членови на Левица, пренесува „24 Вести“. Судењето е презакажано за 18 јануари следната година. Инаку, Савески и Куновски се товарат дека на 13 април учествувале во демолирањето на народната...

Левица: Манипулатор го поднесе предлогот до судот да се повлечеме од изборите

Жарко Петрески од Скопје, кој се претставува како основач и член на Левица, до Основниот суд Скопје 2 поднел предлог за донесување привремена мерка за забрана за оваа партија да учествува на престојните предвремени парламентарни избори во декември. Здравко Савески, член на президиумот на Левица, за „Мета“ вели дека човекот што има поднесено предлог за донесување привремена мерка за забрана...

Левица порача: Треба да се слушне гласот на сиромашните, работниците и обесправените

Носителот на изборната листа на Левица во втората изборна единица, Трајче Стојанов, заедо со кандидатите за пратеници од партијата денеска во Куманово на прес-конференција ја презентираа изборната програмата на партијата за предвремените парламентарни избори, закажани за 11 декември. Стојанов рече дека членовите на Левица се луѓе кои созреале во суровите транзициски услови во изминативе 25 години, но и луѓе кои најдиректно...

Одложено судењето на Мариглен Демири, наредното рочиште закажано за 24 јануари

Денешното судењето против членот на Левица и кандидат за пратеник Мариглен Демири е откажано и рочиштето е презакажано за 24 јануари следната година. Судијката Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1 го одложи судењето затоа што претставничката на Државното правобранителство доцна ја доставила процената за материјалната штета од кршењето на стаклото на канцеларијата за претседателот Ѓорге Иванов за време на...

Левица најави забрана за отворање странски воени бази во Македонија

Партијата Левица, која самостојно ќе настапи на изборите на 11 декември под реден број 11, најави 15 ударни мерки во нејзината изборна програма. Раководството на партијата преку медиумите најави воведување на минимален гарантиран приход по семејство, враќање на можноста работникот да стекне право на пензија и врз основа на работен стаж, забрана на понатамошна приватизација на јавните претпријатија, запирање на...

Груевски оди во четворката против Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва преку својата официјална страница на „Фејсбук“ соопшти дека изборната битка против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе ја бие во четвртата изборна единица. Тој вели дека на 11 декември заедно со народот ќе го соочат Заев со реалноста. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред малку ги достави до ДИК листите на кандидати за пратеници за предвремените парламентарни...

И СДСМ, ДПА и ДУИ ги доставија до ДИК листите со кандидати за пратеници

Опозициската коалиција предводена од СДСМ, владејачката албанска партија ДУИ и албанската опозициска партија ДПА вечерва околу 22 часот до Државната изборна комисија ги доставија листите со кандидати за пратеници во шесте изборни едници за предвремените парламентарни избори на 11 декември. - Toa e листа на кандидати која е победничка, усогласена со граѓаните на Република Македонија и која е одобрена од...

Шекеринска: За Македонија најдобро е да биде една изборна единица

За Македонија најдобро е да биде една изборна единица, рече денеска заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање за иницијативите до Уставен суд за оценување на уставноста на одлуката за распишување на изборите. - Сметаме дека ова прашање може многу лесно да се коригира и затоа уште еднаш повторуваме дека за Република Македонија, најдобро решение е целата држава...

Величковски: Се надевам дека и СДСМ ќе прифати договор за изолација на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, го поздравува ставот на Левица, сите опозициски партии да потпишат декларација со која ќе се обврзат дека нема да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ во владата по изборите на 11 декември. Величковски вели оти се надева дека идејата ќе биде прифатена и од СДСМ. „Денеска од медиумите разбравме дека предлогот на Либералната партија, услов за соработка со други опозициски партии...

Левица: Партиите да формираат кордон за изолација на ВМРО-ДПМНЕ

Партијата Левица даде предлог за формирање експлицитен кордон околу ВМРО-ДПМНЕ за изолација на партијата, бидејќи, како што велат од Левица, таа е креатор на владејачки политики 10 години и со тоа ја упропастува Македонија. – Потребно е сите опозициски партии, вклучително и партиите од албанскиот блок, да кажат експлицитно на јавноста и да потпишат заеднички меморандум, во кој ќе кажат...

Савески: Левица ќе оди на избори сама оти сите од опозицијата нè игнорираа

Партијата Левица на централен комитет донела одлука самостојно да настапи на предвремените парламентарни избори на 11 декември откако нивната иницијатива за обединет настап на сите антирежимски партии била целосно игнорирана од опозицијата, потврди за „Мета“, Здравко Савески, член на президиумот на Левица. - На централниот комитет, кој се одржа во неделата, на 16 октомври, по гласањето на локалните разграноци, донесовме...

Кривична постапка против уште еден член на Левица

Основниот суд Скопје 1 почна судски процес против уште еден член на Левица, Мариглен Демири, поради учество на протестите годинава, соопштија денеска од партијата. „Режимот не престанува со политичкиот прогон против членовите на Левица. Малку му беше што веќе води судски процес против двајца наши членови, Здравко Савески и Владимир Куновски, па реши да поведе кривична постапка против уште еден...

Одложено судење на Савески и на Куновски, судот чека податоци од МВР

Судијката Весна Петровска-Тагасовска денеска го одложи судењето на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, обвинети дека учестувале во демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов на 13 април, за време на протестите, ден по неговата одлука за аболиција на 56 лица, политичари и нивни соработници. Рочиштето е одложено бидејќи, како што пренесува „Академик“, судот ги чека податоците...

Левица: Вчерашниот напад е само уште еден од низата против нашата партија

Левица најостро го осуди инцидентот во кој нивни член заради критика на парадирањето на поранешниот премиер Н.Г во поплавените подрачја, е физички нападнат од член на неговата придружба. „Левица ја оценува како бесрамна реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ во која нашиот член се нарекува провокатор на СДСМ и во која отсуствува осуда на физичкиот напад извршен во присуство на лицето кое е на...

Судот им ги врати пасошите на Савески и на Куновски

Судијката Весна Петровска-Тагасовска на денешното рочиште на членовите на Левица, Владимир Куновски и Здравко Савески, на барање на одбраната, им ги укина превентивните мерки, јави „Академик“. Освен укинување на превентивните мерки, одбраната побара и дополнително време за разгледување на новите докази, кои на денешното рочиште ги достави Обвинителството. Обвинителството до судот и до одбраната достави докази – имотен лист и одлука...

Левица до Иванов: Сега е јасно дека, освен царот, и неговиот дворски шут е гол!

Со својот последен говор, Ѓорге Иванов ѝ даде до знаење на целата македонска и светска јавност дека целосно ја деградирал функцијата претседател на Република Македонија и станал „само еден обичен гласноговорник“ на осомничениот за тешки криминали, поранешен премиер, Никола Груевски, стои во реакцијата на партијата Левица на вчерашниот говор на Иванов. „Сега е јасно дека, освен царот, и неговиот дворски...

Левица: Сите министри да го следат примерот на Ставрески

Партијата Левица на денешната прес-конференција побара од другите министри да го следат примерот на Зоран Ставрески и да си поднесат оставки, со што ќе создадат пат за преодна експертска влада која ќе создаде услови за фер и демократски избори. - Благодарност до сите граѓани што ни дадоа поддршка за време на куќниот притвор. Нè чека уште судење на 5 јуни...

Судот им го укина куќниот притвор на Савески и на Куновски

Кривичниот суд им го укина куќниот притвор на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, кои се обвинети дека учествувале во демолирањето на Народната канцеларија на претседателот Ѓорги Иванов на протестите против аболицијата од 13 април. Куновски, кој од судот излезе видно возбуден, во име на Левица се заблагодари на, како што ја нарече, „партијата во стечај ВМРО-ДПМНЕ“, затоа...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...