fbpx
Таг: Лекторат по македонски јазик

таг: Лекторат по македонски јазик

Македонскиот јазик ќе се изучува и на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав

Заемната определба да се вложува во перспективите за македонистиката во Полска дава конкретни резултати. По одбележувањето на јубилејот 35 години Лекторат по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, од следната академска година, македонскиот јазик ќе се изучува и на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав. Определбата македонскиот јазик уште посилно да одекнува...

Лекторатот на македонски јазик во Риека одбележува 15 години постоење

На 10 и 11 мај со низа свечени активности ќе се одбележат 15 години од отворањето на Лекторатот по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Риека, Хрватска. Од 2008 година до крајот на академската 2021/2022 година, низ Лекторатот поминале над 2.000 студенти, така што во текот на првите децении на XXI век, ова е лекторатот со најголем број студенти...

Во Париз одбележана 50-годишнината од отворањето на лекторатот по македонски јазик

На Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) вчера се одржа меѓународен симпозиум по повод 50 години од отворањето на тамошниот Лекторат по македонски јазик – најстариот активен лекторат по македонски јазик на универзитетите во светот, информираат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. „Одекнаа научните вистини за...

Студенти од Конго, Грција и Франција учат македонски јазик во Париз

Студенти запишани на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз, а кои се од Конго, Грција, Албанија, Франција, учат македонски јазик. При денешната посета на претседателот Стево Пендаровски на овој институт, тој се сретна со Жан-Франсоа Хуше, претседател на ИНАЛКО, како и со ЈФроса Пејоска-Бушеро, шеф на катедрата за македонски студии при ИНАЛКО и лекторот...

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...