среда, 15 април, 2026
Meta.mk

Ознака: лекари | 97 резултати

Лекарската комора бара институциите да ги заштитат лекарите кои се злоупотребуваат за лажно рекламирање

јануари 25, 2023

Во последно време стана зачестена појавата на лажни и манипулативни реклами за т.н. медицински производи, препарати и методи кои се пласираат на интернет, реагираат од Лекарската комора на Република Северна Македонија. Оттаму велат дека ги осудуваат сите обиди за злоупотреба на професионалниот интегритет и авторитет на лекарите преку различни реклами за лекови, помошни средства за […]

Венко Филипче злоупотребен за промоција на суплемент преку фабрикувано интервју

декември 22, 2022

Текстот што се пласира на Фејсбук е лажно интервју на извесен новинар Кристи Лиивовгејт со ексминистерот за здравство Венко Филипче. Во текстот, Филипче наводно промовира производ, Cardione, кој корисниците на социјалните мрежи се наведуваат да го купат, бидејќи наводно ќе им ги прочистел крвните садови. Филипче за Вистиномер демантираше дека воопшто дал такво интервју и […]

Докторите на кралицата Елизабета Втора загрижени за нејзиното здравје

септември 8, 2022

Лекарите се загрижени за здравјето на британската кралица Елизабета Втора и советуваа таа да остане под медицински надзор, соопшти во четвртокот Бакингемската палата. Членовите на потесното семејство се информирани и во моментов патуваат во замокот Балморал, кралската резиденција на кралицата во Шкотска. „По дополнителна проценка утрово, докторите на кралицата се загрижени за здравјето на нејзиното […]

Oтворен реновираниот хируршки ургентен центар

јули 29, 2022

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, заедно со министерот за здравство Беким Сали и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска го отворија реновираниот Хируршки ургентен центар во Скопје. Директорот на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Александар Трајановски, […]

Лекарска комора: Стручниот надзор се врши според годишен план кој го одобрува министерот за здравство

јули 25, 2022

Лекарската комора соопшти дека вршењето на редовниот стручен надзор во здравствените установи и здравствените работници, според Законот за здравствена заштита, го врши по однапред утврден годишен план за кој согласност дава министерот за здравство. Ова соопштение дојде повеќе денови откако беше објавен документарниот филм „Нечиста крв“ на Истражувачката репортерска лабораторија во кој приватната клиника „Жан […]

Вистиномер: Паушално се тврди дека вакцинацијата на децата против ковид-19 е агенда за нивно убиство

јуни 9, 2022

Центарот за контрола и превенција на болести на САД ја одобри вакцината против ковид-19 за децата. Извршниот директор и коосновач на „БајоНтек“, Угур Шахин, веќе изјави дека резултатите се „први и единствени откриени долгорочни податоци кои ја демонстрираат безбедноста и ефикасноста на вакцината против ковид-19 кај поединци на возраст од 12 до 15 години“. Мајо […]

Сè позастапен е пост-ковид синдромот: Опаѓање на коса, пад на имунитет, главоболки

февруари 14, 2022

Вртоглавици, сериозен пад на имунитет, продолжена кашлица, активирани синуси, анксиозност, се само дел од здравствените проблеми и состојби со кои се соочуваат мал дел од лицата кои прележале ковид. Темата за пост-ковид синдром е сериозна и се очекува допрва да се прават анализи и планови за тоа како да се треитраат пациентите кај кои се […]

Филипче: Заминувам од позицијата министер горд на сработеното

јануари 17, 2022

Ми беше чест и задоволство да ви служам во изминатите 4 години. Заедно поминавме многу во историски најтешкиот период за македонското здравство. Поддршката која ја добивавме јас и моите колеги ни даваше сила да продолжиме напред и да ја водиме битка со пандемијата, рече екс-министерот за здравство Венко Филипче во видеообраќање до јавноста. Тој се […]

Вистиномер: Никој не нуди пари за семејството да потпише дека блискиот починал од ковид

септември 25, 2021

Не е вистина дека болниците нудат пари на семејствата за покривање на погребните услуги доколку потпишат дека блискиот починал од ковид. Семејствата немаат право да одлучат од што починал нивниот близок, тоа е работа на лекарите, пишува „Вистиномер“ во анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост на Фејсбук, во којшто се тврди […]

Вистиномер: Лекарите не се масони, секташи и не извршуваат масовни убиства

август 30, 2021

Фејсбук објава ја злоупотребува критичната ситуација со големиот наплив на новозаразени од ковид-19 во Тетово и ги деградира и сатанизира лекарите, нарекувајќи ги убијци, масони и секташи. Во невистинитата објавата е присутен говор на омраза, кој влева страв и вознемиреност кај граѓаните, додека лекарите водат беспоштедна битка да обезбедат здравствена помош и хоспитализација за огромниот […]

Филипче: „Фајзер“ бара без посредници да аплицира за регистрација на вакцината во земјава

јануари 22, 2021

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека компанијата „Фајзер“ побарала вакцината против ковид-19 да ја увезува директно во земјава, без посредници. Тие побарале до македонските надлежни институции да аплицираат за увозник на вакцината, а со тоа и да аплицираат за регистрација на вакцината во земјава. Токму поради таа причина, во Собранието на РСМ се […]

Фактоје: Албанија има двојно помалку лекари од РСМ, а двојно повеќе смртни случаи од нивните редови за време на пандемијата

јануари 5, 2021

Северна Македонија има двојно поголем број на лекари на 10.000 жители во споредба со Албанија. Кога станува збор за бројот на смртни случаи од редовите на белите мантили, овој сооднос е преполовен. Од почетокот на пандемијата, бројот на лекари кои ги загубија своите животи во Албанија е двојно поголем од оној во Македонија. Во оваа […]

Волонтери од Воено-медицинскиот центар и студенти се вклучуваат во работата на ковид центрите

декември 1, 2020

Лекарите и медицинските сестри од Воено-медицински центар (ВМЦ) и студентите кои се на шеста година студии на Медицинскиот факултет во Скопје, од денеска почнаа да волонтираат во ковид центрите во Скопје, информираат од Министерство за здравство. Првата група на лекари и медицински сестри веќе е вклучена во сменската работа и во дежурствата. Утрово министерот Венко […]

Владата издвои 54 милиони денари за награда на здравствените работници

октомври 28, 2020

Со ребаланост на буџетот, Владата ќе издвои 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од ковид-19, информираат од Министерство за здравство. „Парите ќе бидат наменети за вработените во ковид центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ земјава. Овие 54 милиони се дел […]

Студентите по медицина се вклучија во „војната“ со ковид-19, Велиу: Нашата хумана професија го бара тоа

октомври 20, 2020

Студентите по медицина се вклучија во „војната“ со ковид-19. „Имаме хумана професија, ова е она што го правиме секој ден, ѝ помагаме на заедницата“, вели Ревије Велиу, една од студентките од шеста година по општа медицина, која ќе се приклучи во поддршката на своите колеги на фронтот за соочување со корона вирусот во земјата, пишува […]

Двајца инфектолози си одат од ГОБ „8 Септември“ и Инфективна клиника, а на работа не се враќаат ни трите сестри кои дадоа отказ

октомври 10, 2020

Имам информации дека една докторка инфектолог веќе дала отказ на Клиниката за инфективни болести и планира да замине да работи во приватна болница. А исто така и докторка која што го раководеше инфективно одделение во болницата „8 Септември“, најави дека ќе си замине. Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција по […]

Во јули има 66 нови лиценцирани доктори на медицина, половината изразиле желба да работат со пациенти со ковид-19

јули 11, 2020

Министерството за здравство информира дека во јули, 66 доктори на медицина го положиле стручниот испит и се стекнале со лиценца за работа од Лекарската комора. Министерството за здравство стапило во контакт со сите 66 ново лиценцирани доктори на медицина, а повеќе од половината од нив изразиле желба да работат со ковид пациенти. „Во услови кога […]

Пациентите доцна одат во болница, „8 Септември“ секојдневно се бори против смртта

јули 10, 2020

Северна Македонија е понатаму е во критичната фаза на ширење на корона вирусот, регистрирајќи троцифрени бројки на новозаболени секој ден. Ваквата состојба трае речиси два месеци, а од 3 јуни земјата регистрира над 100 нови случаи речиси секој ден. Врвот беше регистриран на 13 јуни, со 196 нови случаи. Ова придонесе болниците да се преполнат […]

Филипче: Со помош на ЕУ ќе се инвестира во кадар и опрема во интензивните одделенија

јули 6, 2020

На средбата во Охрид со специјализантите и младите лекари, министерот за здравство Венко Филипче ги истакна и можностите кои се нудат на јавното здравство преку усогласувањето со законодавството на Европската Унија, како и новите можности кои ги нудат програмите. Во таа насока тој истакна дека преку ИПА 3 – инструментот за првпат има средства за […]

Борисов: Ќе подариме стотина медицински скафандери „за браќата во Северна Македонија“

април 8, 2020

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешниот брифинг во владата соопшти оти дал наредба да се изработат стотина медицински скафандери коишто потоа ќе бидат подарени на Северна Македонија, јавија бугарските медиуми. Тој се пофали дека скафандерите произведени во Бугарија се неколку пати поквалитетни од оние што се произведуваат во „големи империи“. – Кога ќе дадеш 5 […]

Страна 2 од 5