fbpx
Таг: легализација

таг: легализација

Над 1.000 нови барања за легализација на дивоградби во Штип

Во Штип, град со над 40.000 жители се поднесени дури 12.000 барања за легализација на бесправно изградени објекти. Само во последниот продолжен рок за легализација граѓаните  побарале легализација на нови 1.178 објекти. Според Општината Штип, се работи за дивоизградени објекти, надградби на куќи и станови и доградби. Од досега поднесените барања, легализирани се околу 60 проценти. Службите реагираат дека граѓаните...

Рокот за барања за легализација на дивоградби истекува в четврток

Рокот за поднесување на барања за легализација на дивоградби, кој веќе еднаш беше пролонгиран, истекува в четврток. Услов е објектот што е предмет на легализација да е изграден заклучно со 3 март 2011 година. Рокот за доставување геодетски елаборат беше пролонгиран за една година, за да можат граѓаните навреме да ги достават елаборатите, а геодетските фирми полесно да ја вршат работата....

Нови 1.000 барања за легализација на дивоградби во Тетово

Во секторот за урбанизам при Општина Тетово поднесени се повеќе од 1.000 нови барања за легализација на бесправно изградени објекти, откако се продолжи рокот за легализација на дивоградби. Досега овој сектор има издадено 2.700 позитивни решенија за легализација на бесправно изградени објекти. - Со измените на Законот, рокот за поднесување барања се продолжи до 31 март годинава, а за тие што...

Прв чекор кон легализацијата на канабисот за медицински цели

Собраниската комисија за здравство денеска го усвои предлогот за изменување и за дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци во прво читање и го даде на понатамошно разгледување. Измените се однесуваат на легализација и на контролирана употреба на строго контролирани производи од канабис за медицински цели во Македонија. – Потребата од донесување вакво законско решение е желбата...

Продолжен рокот за легализација на дивоградбите

Владата ги продолжи роковите за легализација на дивоградбите по едно евро за еден квадратен метар, до 31 март 2016 година. Ова денеска го најави премиерот Никола Груевски. - Но, ова не значи дека за новите што почнале да градат дивоградби подонесување на Законот за легализација, се дозволува повторно легализирање. Ова продолжување е за тие што тогаш, кога се носеше Законот за легализација на дивоградби,...

ЛП се залага за легализирање на канабисот во медицински цели

Kомисијата за здравство при Либералната партија ќе продолжи да ја разработува иницијативата за користење на канабисот во медицински цели. Од комисијата истакнуваат дека канабис сатива, како и другите растенија, чаеви и супозитории познати во фармакологијата, по медицински иследувања и емпириски докази за фармакокинетика и за фармакодинамика, можат да бидат употребени како едно од средствата за лекување. - Според ова, во согласност...

Продолжен рокот за легализација на дивоградбите

Рокот за достава на елаборатите за легализација на дивоизградени објекти се пролонгира до 31 март 2016 година. Граѓаните што поднеле барање може да достават геодетски елаборати до 31 декември 2016 година. Ова денеска го соопштија министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпевски. Според надлежните, пролонгираниот рок е во интерес на граѓаните, со...

Во Белград се одржа марш за легализациjа на марихуаната 

Стотици белграѓани се собраа на т.н. „Канабис-марш“ за да ја поддржат акцијата за легализација на канабисот, кој ќе се употребува во медицински цели. - Сакаме слободно да го одгледуваме, поседуваме и да го користиме канабисот, бидејќи многу истражувања покажуваат дека не му штети на човекот, туку му помага. Во нашата организација членуваат многу луѓе кои боледуваа од канцерогени болести, а ова...

СДСМ: Наскоро ќе никнат нови приватни плажи на Охридското езеро

Владејачкото мнозинство експресно си изгласа можност за легализација на дивоградби што се изградени во крајбрежни заштитени подрачја, покрај природни и вештачки езера, речни корита и слично. За полесна легализација, со спорните измени е предвидено да се прескокнат локалните самоуправи и Министеството за животна средина, реагираат од СДСМ. - По стапувањето на сила на ова криминално решение, следно што може да...

Ќе се формира здружение за легализација на канабисот

Утре, во 14 часот, пред Спомен-куќата на Мајка Тереза, ќе се одржи основачко собрание на здружението на граѓани „Канабис клуб“, пишува на настанот кој е формиран на социјалната мрежа „Фејсбук“. Како што е објаснето ,основната мисија на ова здружение ќе биде легализација на канабисот за медицинска употреба. „Ова здружение ќе оди во насока и ќе се стреми да биде твое здружение...

Општина Кисела Вода легализираше 50 дивоградби

Градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, денеска додели нови 50 решенија за легализирани објекти во општината. Истакнувајќи ја важноста на процесот на легализација, Беличанец-Алексиќ ја истакна бројката од досега 3.204 завршени предмети и упати апел до сите лица што имаат нелагално изграден објект, да достават комплетна документација до административните служби, со што легализирањето би можело да се реализира. - И овојпат...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...