сабота, 14 ноември, 2026
Meta.mk

Ознака: ЛДП | 80 резултати

Милевски: Иселувањето го преполови бројот на жители во Битола

5 ноември 2015

Масовното иселување на битолчани и кражбата на гласови на власта беа главните поенти на говорот на лидерот на ЛДП, Горан Милевски, на вечерашната трибина во Битола која беше дел од серијата „Македонија по груевизмот – либерални решенија“. – Градот е преполовен, битолчани се иселуваат. Последните години тоа добива драматични размери. Според некои процени, денес во […]

Министерот за одбрана и партиите упатија честитка по повод 11 Октомври

11 октомври 2015

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, во свои и во име припадниците на Армијата на Република Македонија, им го честита на граѓаните државниот празник, 11 Октомври – Денот на народното востание. „На 11 октомври 1941 година, македонскиот народ покажа дека неговиот идеал, неговата цел се слободата, демократијата и еднаквоста. Македонија и нејзиниот народ покажаа […]

ЛДП: Владата да престане да се задолжува

4 октомври 2015

„Надворешниот бруто-долг на Република Македонија, заклучно со вториот квартал на 2015 година, изнесува 7 милијарди и 100 милиони евра, што е речиси 71 отсто од БДП на државата. Овие податоци на Народната банка јасно ја отсликуваат катастрофалната економската состојба на државата во која нè втурнаа Никола Груевски и неговата влада во заминување“, велат од Либерално-демократската […]

Кредитот од 2,5 милиони евра повлечен од буџетот на Oпштина Битола

28 септември 2015

Советот на Општина Битола денеска расправа за ребалансот на буџетот за 2015 година, а во него ги нема парите од кредитот тежок 2,5 милиони евра, задолжување кое Oпштината го направи за изградба на инфраструктура во поранешната касарна. Повлекувањето на парите од кредитот ја изненади битолската опозицијата, дотолку повеќе што задолжувањето од самиот почеток крена многу прав […]

Величковски: Попоски нека си го оградува партиското седиште, а не границата

11 септември 2015

Основно прашање денес е како Македонија може да помогне и како да се вклопи во европските напори и мерки за надминување на бегалската криза, а не како да постави жичена ограда на македонско-грчката граница, вели претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, по вчерашната изјава на министерот за надворешни работи, Никола Попоски. – Додека во Германија […]

ЛДП: Зошто после 9 години владеење, МВР поднесува кривични пријави против „Макпетрол“ и „Оилко“

14 август 2015

Либерално демократската партија (ЛДП) реагира по кривична пријава на МВР поднесена против 21 лице, поради наводно незаконско прелевање на капитал од акционерското друштво „Макпетрол“ во Командитното друштво со акции „Оилко“. -Зошто после 9 години владеење, МВР, дури сега, во пресрет на предвремените парламентарни избори, поднесува кривични пријави против „Макпетрол“ АД и фирмата „Оилко“ КДА, во чија […]

Власта дава благодарност, опозицијата бара оставки за проблемот со водата во Битола

30 јули 2015

Водоснабдувањето на Битола и понатаму е најгорливата тема за битолчани овие денови, откако по свлечиштето на хидросистемот „Стрежево“ градот неколкупати остана без вода за пиење. Најтешко им е на пелагонските земјоделци, чиј род на нивите веќе се уништува без наводнување. Оваа тема деновиве уште повеќе ја разгорува и политичката сцена во Битола, па на обиколка […]

ЛДП бара одговорност за употребата на прекумерна сила од полицијата

22 јуни 2015

Либерално демократската партија (ЛДП) се придружува кон заложбите на „Хјуман рајтс воч“ за одговорност на сите инволвирани полициски службеници од ЕБР. „Либерално-демократската партија изразува сериозна загриженост по последниот извештај на светски реномираната организација „Хјуман рајтс воч“, во кој е констатирано дека припадниците на Единицата за брзо распоредување употребиле прекумерна сила кон демонстрантите на 5 мај годинава. […]

ЛДП фрли нов сомнеж врз работата на битолскиот градоначалник

28 март 2015

Битолските либералдемократи фрлаат нов сомнеж врз транспарентното работење на битолскиот градоначалник Владимир Талески. Тие бараат Талески да не го подига кредитот од 2,5 милиони евра сè додека Јавното обвинителство не се изјасни по кривичната пријава што опозицијата ја поднесе против него, а поттикната од тврдењата во јавно објавените разговори на министерот за финансии, Зоран Ставрески, и […]

Опозицијата го повикува министерот Јанакиески да дојде во Охрид

3 март 2015

Опозициските парти во Советот на Општина Охрид го бараат министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, да дојде во Охрид и да им ги образложи активностите што се преземаат на атрактивните локалитети во градот. Советниците од опозицијата велат дека станува збор за локации кои се мошне значајни за градот, а кои, како што велат, се […]

ЛДП: Обвинителство да поведе истрага за работењето на битолскиот градоначалник

3 март 2015

Обвинителството да поведе истрага за аудиоснимките на кои министерот Ставрески зборува за криминал во работењето на битолскиот градоначалник Владимир Талески, побара денеска опозициската Либерално-демократска партија (ЛДП) од Битола. Советникот на ЛДП, Александар Касапов, вели дека по зборовите на Ставрески дека во Битола е склучен „коруптивен договор до даска“ за бесплатниот превоз на учениците со превозникот […]

ЛДП: Убиството на Немцов треба да биде порака до сите нас

1 март 2015

Либерaлно-демократската партија на Македонија изрази сочувство до семејството и до граѓаните на Руската Федерација за убиството на опозицискиот лидер Борис Немцов. „Либерал по убедување, Немцов беше храбар бранител на демократијата и жесток борец против корупцијата во својата земја. Русија загуби силен и храбар политичар на демократијата, гласен критичар на власта. Изразуваме надеж дека креаторите и […]

ЛДП: Поединци од бизнисот ќе профитираат со Плаошник, Студенчишта, Заум

26 февруари 2015

Доколку не се покаже доволно слух и се дозволи поединци од бизнисот да ги реализираат проектите Плаошник, Студенчишта, Заум и други, тоа ќе значи дека им се овозможило да проофитираат на сегашноста од граѓаните и на иднината од наредните поколенија. Со ваква реакција се огласија денеска од локалниот разгранок на ЛДП во Охрид, од каде […]

ЛДП му даде поддршка на Заев да ги објави „бомбите“

7 февруари 2015

Целосна поддршка на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, да го објави материјалот за наводно криминално работење на власта, му даде Либерално-демократската партија. – Централниот одбор едногласно донесе одлука да се даде поддршка на Заев да се почне со објавувањето на материјалите што ги поседува, со кои ќе се разоткрие начинот на кој оваа власт управува и ги организира […]

ЛДП на средба со либерал-демократските партии од ЈЕ

11 ноември 2014

На лидерската средбата на либералните и либерално-демократските партии на Југоисточна Европа (ЛИБСЕЕН), одржана во Загреб од 7 до 9 ноември, на која учествувала и Либерално-демократската партија од Македонија, едногласно биле поддржани и усвоени препораките за реформите на медиумите и за независноста на новинарството во Република Македонија. „Либерално-демократската партија, поаѓајки од своите идеолошко-политички вредности, го поддржа овој […]

ЛДП: Премиерот си поигра со граѓаните

11 ноември 2014

ЛДП изразува жалење поради огромното фијаско на проектот „Субрата“, со кој премиерот и нeговите министри, на крајно несериозен начин, си поиграа со граѓаните, сервирајќи им успешна приказна на еден од најпримитивните начини, потикнувајќи ја лажната надеж во оваа сериозно осиромашена земја. – Ниту 8.000 грла крави, а за три години 20.000 крави. Ниту млекарница, со […]

Страна 4 од 4