fbpx
Таг: ЛДП

таг: ЛДП

ЛДП: Од легалниот канабис полза имаат само фармацијата и власта

Либерално-демократската партија, како еден од иницијаторите на Законот за легализација на канабисот во медицински цели, воопшто не е задоволна од неговото спроведување. „Се потврдуваат нашите стравувања дека Владата на ДПМНЕ овој закон го донесе од чист интерес во договор со фармацевтската индустрија исклучиво за нивна заемна корист, а на штета на граѓаните. Уште од самиот почеток на спроведувањето на овој...

ЛДП: Осомничените во „Еразмус“ не смеат да работат, а Талески може да потпишува од притвор

Македонското правосудство продолжува со апсурдните и двојни аршини, обвини денеска Либерално-демократската партија (ЛДП). Од партијата реагираат на барањето на Обвинителството за организиран криминал и корупција до Кривичниот суд да им биде изречена забрана за работа на професорите и на асистентите на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, осомничени во случајот „Еразмус“. „Обвинителството за спречување организиран криминал, бара од...

ЛДП e разочаранa од односот на Груевски кон премиерот

Ливерално-демократската партија (ЛДП) денеска преку соопштение изрази сочувство до семејствата на жртвите од невремето што во саботата вечерта го зафати Скопје и околината, но и разочараност од однесувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски при неговата посета на погодените подрачја. Од опозациската партија велат дека се загрижени поради големиот број на загинати во невремето и додаваат дека нивните општински организации...

ЛДП: Не може да има фер избори, ако ВМРО-ДПМНЕ има 650 милиони евра на располагање

Либерално-демократската партија е сериозно загрижена од темпото и од нивото на задолженост на земјава, особено по официјализирањето на намерата на власта за издавање на нова еврообврзница од рекордни 650 милиони евра, изјави денеска на прес-конференција Филип Јаневиќ, портпаролот на ЛДП. - Овој чин на власта во заминување е погубен поради фактот што задолжувањето со еврообврзницата не е мотивирано заради продуктивна...

ЛДП: Иванов ја подели наместо да ја обедини нацијата

Претседателот на државата, господинот Ѓорге Иванов, повторно, како и многупати досега, наместо да ја обедини - ја подели нацијата, се вели во реакцијата на Либерално-демократската партија на обраќањето на претседателот Иванов. „Особено загрижува што во својот говор претседателот зборува за многубројни безбедносни закани кои постојано ја демнат земјата, однадвор и одвнатре, активности на паралелни мрежи, ризик од странски терористички борци,...

ЛДП: МВР го опструира Кривичниот суд со решението за Талески

МВР врши опструкција за постапување по решение на Кривичниот суд, а со тоа не се почитуваат судските одлуки и се кочи правдата, оценија од ЛДП-Битола. „Битолчани и воопшто, македонските граѓани, четврти ден ја чекаат веста за тоа дали решението за куќен притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, изречено од Кривичниот суд, допатува во Битола или се „загуби“, иако е потврдено...

ЛДП: Санкции за пречекорените овластувања на обезбедувањето на Груевски

Либерално-демократската партија соопшти дека е згрозена и сериозно загрижена за слободата на медиумите во Македонија, по последниот упад на обезбедувањето на поранешниот премиер и актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Од партијата велат дека упадот на полициските службеници во просториите на „ТВ21“, за бришење на одредени фотографии кои новинарот на оваа телевизија ги сликал од прошетката на Груевски на улица Македонија,...

ЛДП: Повторно се покажа апсурдноста на екстерното тестирање

И оваа година се покажа апсурдноста на екстерното тестирање кое продолжува да претставува кошмар и за учениците и за родителите, како и за наставниците, велат од Либерално-демократската партија. „Наместо да се развива креативноста кај учениците, тие се принудуваат да ги учат напамет дадените одговори на прашањата за екстерното. Голем дел од пршањата се во насока на „труењето“ на децата со пропаганда...

ЛДП: Селективните аболиции ја погазуваат правната држава и владеењето на правото

Целосно повлекување на аболицијата и оставка на Ѓорѓе Иванов од функцијата претседател се главните заклучоци на Централниот одбор на Либерално-демократската партија (ЛДП), по синоќешниот состанок на кој се анализираше актуелната политичка состојба во државата. - Масовната аболиција од 12 април, а сега и селективната аболиција, потпишана од Иванов ја втурна Македонија во уште потешка и подраматична политичка, економска и морална...

Милевски со холандскиот премиер: Да продолжат реформите од Договорот од Пржино

Претседателот на Либерално-демократската партија (ЛДП), Горан Милевски, во Леуварден, Холандија се сретнал со премиерот на Кралството Холандија, Марк Руте со кого разговарал за актуелната политичка и општествена криза „која ја продуцира партијата на власт и напорите на опозицијата да се воспостави повторно владеење на правото и враќање на демократијата во државата“, соопштуваат од ЛДП. „Премиерот на Холандија, г-динот Руте разговараше...

ЛДП: Авантурата на Груевски води кон меѓународна изолација на Македонија

Авантурата на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот лидер, Никола Груевски, да излезат сами на избори, ќе ги загрози евроалтантските интеграции на Македонија, со голема опасност земјата да биде меѓународно изолирана, велат од Либерално-демократската партија на Македонија (ЛДП). Од партијата велат дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се „подготвени“ да одат на избори за привремено да си ја купат слободата. „Власта, која е синоним за...

ЛДП: Иванов веднаш да си поднесе оставка

„Антидржавна и противуставна е одлуката на Ѓорге Иванов да прогласува аболиција за сите случаи поврзани со прислушуваните разговори. Со овој чин Иванов ги аболира криминалот и диктатурата на власта“, се вели во реакцијата на ЛДП. „Актот на Иванов да ги прекине сите кривични постапки што се водат против политичарите во Република Македонија и од власта и од опозицијата, е погазување...

ЛДП: Груевски да каже колку тежи неговиот личен и семеен имот

„Минатата недела Либерално-демократската партија излезе во јавноста со соопштение, односно со прашање за поранешниот премиер јавно да каже колку тежи неговиот имот. По 10 поминати дена од тоа соопштение, јавноста сè уште не доби одговор на прашањето колку е богат Никола Груевски“, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ. - На веб-страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата не може...

ЛДП: Иванов да се изјасни дали ќе го искористи правото на аболиција

Со вчерашната скандалозна одлука на Уставниот суд, со која се укинува Законот за помилување од 2009 година, судот се стави во директна служба на осомничените високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, велат од Либерално-демократската партија. „Експресната одлука, непозната во уставното право и во функционирањето на Уставниот суд, е резултат на независната и професионална работа на Специјалното јавно обвинителство. Следен на ред е...

Милевски: Иванов е најдобар кога молчи

Либерално-демократската партија синоќа во објектот на Македонската опера и балет ја одржа својата програмска конвенција под мотото „Има избор. Овде и сега“ на која ја презентираше својата изборна програма. Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, зборуваше за актуелните политички случувања и проблемите со кои се соочуваат граѓаните. -Додека Груевски и ДПМНЕ градат споменици, младите секојдневно се иселуваат од Македонија. Даваат привилегии за...

ЛДП: Специјалниот суд е потреба, а не перцепција

За Либерално-демократската партија, формирање на специјален суд, кој ќе ги процесуира обвиненијата на Специјалното јавно обвинителство, е потреба, а не перцепција. „Како политичка партија, сметаме дека евентуалните „забрани“ во Уставот, може да се избегнат преку формирање на посебно одделение во Кривичниот суд, кое ќе ја има улогата на специјален суд, со сите гаранции и услови за независно, транспарентно и за...

ЛДП: Итно формирање на специјален суд за случаите на Специјалнотo јавно обвинителство

Либерално-демократската партија денеска побара итно формирање на специјален суд во Република Македонија, заради процесуирање на обвиненијата на Специјалнотo јавно обвинителство. - Предупредуваме дека „сваровски-судството“ и воопшто системот, кој во сите нивоа на судската власт десет години по своја мерка го градеа Груевски и „фамилијата“, може „низ вода“ да ја пуштат работата и трудот на специјалните обвинители во предметот „Титаник“. Укажуваме на потребата...

ЛДП: Договорот од Пржино не смее да се поништи

Лилберално-демократската партија е со став дека не смее да се поништи Договорот од Пржино, ниту од страна на опозицијата, ниту од страна на власта. Од партијата апелираат до четирите партии потписнички на Договорот од Пржино, да го почитуваат договореното, особено во делот на реформите. Што се однесува до датумот, ЛДП бара легитимни, а не брзи избори. „Груевски да ја отповика скандалозната...

Палка за голф и топче заиграа на говорницата на битолскиот општински Совет

Со голф-палка и со топче, кои советникот на ЛДП, Александар Касапов, денеска ги постави на советничката говорница во Битола, опозицијата ја потсети власта на неисполнетите ветувања за голф-терени. По видеоприлогот, пак, на новинската агенција „Мета“ за задолжувањето на Општина Битола со кредит од 2,5 милиони евра за инфраструктура во поранешната касарна, прашањето денеска повторно се најде на седница на општинскиот Совет. Советниците...

ЛДП бара да се одложат изборите ако Груевски продолжи да опструира

Или ќе се имплементира Договорот од Пржино со сите важни реформи, или избори во април нема да има, рече Горан Милевски, лидерот на Либерално-демократската партија, на трибината „Македонија по груевизмот - либерални решенија“ во Велес. Според Милевски, доколку не се исполнат сите точки од Договорот од Пржино, односно сè она што значи структурни реформи, прочистување на избрачкиот список во ДИК...

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...