fbpx
Таг: Куманово

таг: Куманово

Почната истрага, можна и дисциплинска постапка за војникот – креатор на лажни вести

АРМ чека „специјализирани служби“ да спроведат истрага за војникот Слаѓан Бојковски, посочен како креатор на лажни вести. Во зависност од тоа што ќе утврди истрагата, можно е против професионалниот војник да се покрене дисциплинска постапка за нарушување на угледот на Армијата, што, според Законот за служба во АРМ, предвидува казни од писмено предупредување до отказ. „Во случајот постапуваме во рамки...

Апелација го врати случајот за малиот Алмир на повторно судење

Кривичниот совет на Апелацискиот суд Скопје го поништил предметот во случајот на смртта на четиригодишниот кумановец Алмир Алиу и го вратил на повторно судење, потврди за „Порталб.мк“, адвокатот Асмир Алиспахиќ. Адвокатите сè уште не ја знаат причината за укинување на случајот, бидејќи се уште не ја добиле одлуката. - Сè уште ја немаме добиено одлуката од Апелацискиот суд за да видиме...

Куманово со најзагаден воздух вчера

Енормна загаденост на воздухот беше регистрирана вчера и ноќеска на голем број мерни места во Македонија. Според присуството на ПМ10 честички најзагаден воздух вчеравечер имаше Куманово, со 264 микрограми на кубен метар воздух, по што следуваше мерното место Битола 1 со 205, и Миладиновци со 183 микрограми. Максималната дозволена вредност е 50 микрограми ПМ10 честички на кубен метар воздух. Во Битола...

Гасификацијата во Куманово продолжува кон поголем број на станбени објекти

Јавното претпријатие „Куманово-гас“ ја проширува секундарната гасоводна мрежа во Куманово на неколку улици, информираа од претпријатието. „Во овој период се проектира проширувањето на мрежата во други делови од градот, Соколана, Зелен Рид, кај поранешен Монопол, каде што планираме да бидат опфатени објектите на Противпожарната единица, основното училиште „Толи Зордумис“, средното „Наце Буѓони“ населбата „Карош“, изјави директорот на претпријатието, Никола Денковски. Стручните...

Стартуваат шест проекти за медиумска писменост и критичко мислење

Во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк - центар за европски стратегии“, шест граѓански организации денеска во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје ги презентираа своите замисли со кои во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ во неколку градови во земјава ќе работат на развојот на критичкото мислење и...

Сите бегства на Ѓорге Иванов (инфографик)

Претседателот Ѓорге Иванов во клучните моменти за Македонија аболицирал или поништувал или непотпишувал или не бил тука, па се враќал или требало да оди, па не одел ама немало да гласа. Иванов на 9 мај 2015 година кога изби вооружената престрелка во Куманово беше во Москва на прославата за 9 Мај – Денот на победата над фашизмот. Следниот ден, кога работите станаа...

„Диво Насеље“: Три години, малку вистински одговори, многу прашања и шпекулации

„Диво Насеље“, еден од најголемите случаи оквалификувани како тероризам во современата македонска историја, со осум загинати и 37 ранети припадници на МВР и 10 убиени напаѓачи и по три години е уште далеку од конечна судска развршница. На 2 ноември минатата година, две години и пет месеци по настаните 9 и 10 мај 2015 година во кумановската населба,  и година...

„Диво Насеље“: Пресудата се преведува, жалбите се процесуирани, предметот оди во Апелација

На 2 ноември минатата година, две години и пет месеци по настаните 9 и 10 мај 2015 година во кумановската населба, и година и осум месеци по почетокот на судењето на 8 февруари 2016 година, Основен суд Скопје 1 ги изрече првостепените пресуди против обвинетите. Осуммина обвинети за тероризам и терористичка организација за настаните во кумановско Диво Насеље од 9...

Прекршен е законот со преквалификацијата на убиството на Алмир, велат обвинители

Вчерашната одлука на Основниот суд во Куманово за преквалификација на случајот на Алмир Алиу е непрофесионално, неразумно и кршење на законот. Ова го велат активистите за човекови права, професорката Мирјана Најческа и директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, додека Народниот правобранител Иџет Мемети не се смета за надлежен да го коментира случајот, бидејќи според него "тоа не е неговата...

Учесниците на протестот за малиот Алмир побараа изземање на обвинителката

Триесетина учесници на денешниот протест за судскиот процес за смртта на 4-годишниот  Алмир Алиу, кој во јуни 2016 година во Куманово беше прегазен од Бобан Илиќ, при бркотница со членови на семејството Алиу, побараа изземање на обвинителката Сузана Кусигерска, јави „Порталб.мк“. Протестот се одржа пред Јавното обвинителство на Република Македонија во Скопје, еден месец по првиот. Актерот Висар Вишка, еден од...

Во Битола првите новороденчиња се машки близначиња, во Куманово и Струга момчиња

Во Битола ноќеска точно на полноќ се родиле две машки близначиња, и тие се првите бебиња родени во новата година. Како што информираат од Клиничкиот центар – Битола, по нив на свет биле донесени уште 10 новороденчиња. Четири бебиња се родиле на првиот ден од новата 2018 година во Куманово, а првото е машко, родено 45 минути по полноќ на...

Пронајден мртов човек на автопатот Скопје – Куманово

Мртов човек е пронајден на автопатот Скопје – Куманово, потврдија од МВР. На местото каде е пронајден трупот немало траги од крв, ниту пак траги од кочење на возило. Од МВР наведуваат дека се преземаат мерки за откривање на причините за смртта кај човекот и оти со повеќе детали ќе излезат во текот на утрешниот ден.

Двајца повредени при експлозија на неисправна плинска инсталација на автомобил

Две лица се повредени ори експлозија на плин, соопшти МВР. Експлозијата настанала поради невнимание при замена на цевка за плин, монтирање и демонтирање на плинска боца на патничко возлило. Повредените биле во каналот под возилото кога дошло до експлозијата од која што внатрешноста на возилото целосна изгорела, а двајцата се здобиле со изгореници од втор степен во пределот на рацете...

За семејствата на осудените во „Диво насеље“, косовската влада ќе даде по 10.000 евра

Владата на Косово денеска додели вкупно 219.000 евра за семејствата на осудените за случајот „Диво насеље“ и на загинатите во инцидентот на 9 и 10 мај мај 2015 година, јави „Порталб“. Мерката ја објави премиерот на Косово, Рамуш Харадинај. - Доделени се 219.000 евра за покривање на трошоците на семејствата на осудените и на загинатите во кумановскиот случај - рече Харадинај,...

Протест за „Диво Насеље“ дeнеска пред Кривичен суд во Скопје

На потегот од плоштадот Скендер-бег до Основен суд Скопје 1, денеска со почеток од 13 часот, ќе се одржи протест против судската пресуда за случајот „Диво Насеље“. Протестот го организира Здружението за албанска култура, коe вчера го пријави настанот во полициската станица Бит-пазар. Во повикот за протестот што го пренесоа дел од медиумите е наведено дека треба да присуствуваат сите граѓани...

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација и за Садула Дураку

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од Коалицијата за подобра Македонија денеска поднесоа интерпелација за министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку. Тоа е петтиот министер од владата на Зоран Заев за кого опозициската коалиција неделава поднесува интерпелација. За интерпелацијата на Дураку, пратениците како причина го наведуваат тоа што тој е „виновен за крајната негрижа и неодговорност за животната средина“. На товар...

Кумановското обвинителство поведе истрага против лицето што уби тинејџер на свадба

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лицето кое застрела гостин на свадба завчера во кумановското село Липково. Според соопштението, осомничениот на 25 јули во 22.45 минути, додека присуствувал на свадбена веселба, извадил од појас пиштол марка „смит и весон“ и со умисла истрелал еден куршум со кој го погодил сега починатиот 19-годишник Б.Х., државјанин на Република Германија. Почната е истражна...

Момче убиено на свадба во Липково

На свадба во кумановското село Липково вчеравчер бил застрелан 19-годишен германски државјанин, кој од добиената повреда починал во Медицински центар Куманово, соопшти СВР Куманово. Момчето кое имало потекло од Прешево, Србија, било донесено околу 23.30 часот во кумановската болница, со прострелна рана на левата страна на градниот кош. Со полицискиот увид било констатирано дека околу 22.45 часот, додека момчето и...

Царовска: Ако сте загубиле социјална помош поради брз трансфер на пари, конкурирајте пак

Корисниците на социјална парична помош што го загубиле правото поради пари добиени по брз трансфер во текот на претходната власт, да се обратат до центрите за социјална работа во градовите низ Македонија и повторно да побараат социјална парична помош, порача министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Таа појасни дека во целата земја има 910 такви случаи. – И...

Царовска на нова рунда разговори со стечајците од Куманово

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска одржала средба во Куманово со стечајните работници, на која се дискутирало за решенијата за нивниот статус. Тие би требало да станат дел од pредлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, познат како Закон за стечајци. Како...

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...