fbpx
Таг: Куманово

таг: Куманово

Јавниот градски и меѓуградскиот превоз од и кон Куманово се нормализира

Владата на денешната 55 седница го прифати предлогот на Главниот штаб за координација, врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово, информираат од владината прес-служба. Автобускиот и железничкиот сообраќај ќе може да почне редовно да функционира од Скопје до Куманово, како и меѓу Куманово и...

Зонското паркирање е времено укинато во некои градови, во Скопје непречено работи

Епидемијата на корона вирусот доведе до привремено укинување на зонското паркирање во некои од градовите во земјава. Во Охрид и Куманово платениот паркинг беше укинат со воведувањето на полицискиот час и мерките за заштита од Ковид-19 во текот на март, но во овие градови од неделава повторно ќе се наплаќа паркирањето за секој изминат час. Општина Штип, пак, допрва ќе...

Негативни се тестовите за корона на Спасовски и на Филипче

Тестот за Ковид-19 на премиерот Оливер Спасовски е негативен, но тој сепак ќе остане во домашна изолација, соопшти Генералниот секретаријат на Владата. Министерството за здравство соопшти дека и тестот на министерот Венко Филипче е негативен, откако резултатите стасаа вчера, на 8-от ден од тестирањето. И покрај позитивниот исход од тестирањето, обајцата ќе останат во самоизолација до завршување на теоретскиот инкубациски...

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е позитивен на корона вирусот

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски е заразен со корона вирусот. Тој ја објави оваа информација на својот Фејсбук профил. “Почитувани сограѓани, драги пријатели, сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги сограѓани помеѓу кои сум и јас“ - пишува во објавата на Димитриевски. Тој повика на воздржаност, дисциплина, како и почитување на мерките и препораките за...

Вода за пиење ќе имаме сѐ помалку ако не ги намалиме губитоците (инфографик)

Дури 93 отсто од македонските домаќинства имаат пристап до вода за пиење од водовод. Водата за пиење во нашата земја се смета за универзално загарантирано право кое треба да биде достапно за сите, по што е можно пониска цена. Граѓаните негодуваат пред секое зголемување на сметките за вода, исто како и во моментите кога мора да се воведат рестрикции...

Кумановскиот кризен штаб бара владата да воведе 14-дневен карантин во општината

Општинскиот штаб за заштита и спасување на денешниот состанок побара од владата да се воведе 14-дневен карантин, кој би траел 24 часа во периодот од петок, 17 април до понеделник, 4 мај. Оваа мерка е всушност барање за воведување кризна состојба, за која што денеска јавно говореше и градоначалникот Максим Димитриевски. Општинските власти сметаат дека со ваквата радикална мерка би...

Корона вирусот не донесе ништо невообичаено на небото над Куманово

Насловот „(ВИДЕО) Корона вирусот на небото над Куманово донел необична појава: Луѓето нагаѓаат за што станува збор!“ е сензационалистички и дезинформира, бидејќи корона вирусот не донел никаква необична појава на небото над Куманово, пишува „КриТинк“. Станува збор за лентикуларен облак, кој не е поврзан со корона вирусот, туку ваквиот тип на облаци постоеле и пред пандемијата.Лентикуларниот облак на небо се...

Куманово бара проценка на функционалноста на болницата и давање приоритет на тестовите од општината

Општинскиот штаб за заштита и спасување на Куманово бара од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести да направат итна проценка и согледување на функционалноста на кумановската болница и одделите каде што има персонал кој е заразен со вирусот Ковид-19. Воедно, од кумановскиот кризен штаб бараат од министерството, Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје да се...

АЗЛП ќе поднесе кривична пријава за споделувањето на податоците на заболените од Ковид-19 во Куманово

Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) соопшти дека поднесува кривична пријава против непознат сторител поради објавувањето на списоците со лични податоци (име и презиме, матичен број и адреса) на лица со Ковид-19 од Куманово, кои интензивно се споделуваа на социјалните мрежи, а за што пишуваше „Порталб.мк“ и пренесе „Мета.мк“. Кривичната пријава е за злоупотреба на лични податоци од член...

Ситуацијата со корона вирусот во Куманово е под контрола, но има недостиг на медицински персонал

Во Куманово во текот на последните три дена беа забележани две нови жртви со дијагностициран корона вирус. Во завчерашните податоци на Министерството за здравство, беше објавено дека 73-годишен пациент кој починал, бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје и истиот имал симптоми на болест и коморбидитет. Во меѓувреме, завчера попладне, почина и 27-годишната родилка, која се породи...

Филипче: Во болницата во Куманово има доволно кадар и опрема, се работи непречено

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја посети болницата во Куманово за да направи увид во работењето и капацитетите. На состанокот со менаџментот тој потврдил дека болницата работи непречено и дека организацијата на работата е добра. „Откако 18 вработени се дијагностицирано со Ковид-19, направена е реорганизација на работата и сега болницата работи непречено. Од пред неколку денови во поддршка на...

Да се казнат лицата кои дистрибуираат лични податоци на пациенти со корона

Фотографија со список со лични податоци на лица од Куманово заразени со Ковид-19 кружеше на социјалните мрежи последниве денови. Според информациите на „Порталб.мк“, фотографијата е од документ со податоци, како што се матичен број, возраст и адресата на заболените. Министерството за внатрешни работи ќе преземе мерки и го истражува случајот, изјавија од таму за „Порталб.мк“. Одделот за компјутерски криминал и...

Реализацијата на капиталните инвестиции нема да запре поради корона кризата

Владата не планира да ја запре реализацијата на капиталните инвестиции во делот на инфраструктурата. Од Министерството за транспорт и врски во изјава за „Мета.мк“ посочуваат дека капиталните проекти во делот на патната, железничката и комуналната инфраструктура ќе продолжат да се изведуваат непречено. - Министерството за транспорт и врски ги презема сите потребни активности за да нема застој во реализација на...

Куманово од вечерва до понеделник во карантин, градот е ново жариште на заразата

Владата денеска донесе одлука за забрана на движење, односно полициски час во Куманово. Целосна забрана за движење има во време на викендот во периодот од 21 до 5 часот изутрина, а во работните денови, забраната за движење ќе важи во периодот од 16 до 5 часот следниот ден. Во градот веќе има забрана за меѓуградски и градски превоз, а...

Кризниот штаб од Куманово повеќе од една недела бара воведување на карантин

Со денешните 23 нови случаи, Куманово ја достигна идентичната бројка на заразени лица со корона вирусот како и Дебар - вкупно 47 лица. Општинските власти од Куманово секојдневно заседаваат, при што на состаноците на општинскиот штаб за заштита и спасување редовно се даваат препораки, заклучоци и мерки за граѓаните, но и за државните власти. Од овој општински штаб повеќе од...

Tест за корона за 14 медицински лица и за четворица пациенти од Заводот во Капиштец

Првиот пациент дијагностициран со корона вирус од Тетово, бил во Заводот за рехабилитација во Капиштец во периодот од 9 до 23 март, што е причина да се испитаат докторите и здравствените работници со кои тој бил во контакт, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој кажа дека во земјава досега се регистрирани 201 заболен пациент од корона вирус. - Пациентот...

Во викенди забрана за движење (полициски час) од 16 часот попладне до 5 наутро

Владата донесе одлука да се забрани движењето за сите граѓани во текот на викендот во периодот од 16 до пет часот следниот ден, информираа оттаму. Ова следува откако денес беше објавено дека бројот на заболени лица во земјата се искачи на 177. Министерот за здравство, Венко Филипче, информира дека починала пациентката од Дебар која повеќе денови беше на респираторна машина,...

Филипче со детали за првата жртва од корона вирусот

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната втора прес-конференција го образложи случајот со првата жртва на корона вирусот во земјава. Тој посочи дека 57-годишната жена не патувала во странство, ниту пак била во контакт со лица од ризичните земји. Ова го напоменала пациентката на нејзиниот прв преглед во кумановската општа болница, кога на 16 март дошла со зголемена температура....

Прва жртва од корона вирусот, почина 57-годишна кумановка, вкупно 114 заразени во целата земја

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека 57-годишна жена од Куманово е првата жртва од корона вирусот во Македонија. Докторите од Општата болница во Куманово постапиле според протоколот и направиле два иницијални теста на корона вирусот, кои пак покажале дека жената е негативна. И покрај ова, жената била лекувана во изолација во текот на минатата недела...

До 12 часот регистрирани 29 нови случаи на корона вирус, вкупно 114 заразени

Министерството за здравство информира дека во изминативе 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 до денес до 12 часот изнесува 114. Најголем дел од новорегистрираните случаи се во Скопје, вкупно 22. Во Штип се регистрирани 3 нови случаи, 2 во Дебар и по 1 во Куманово и Охрид. Според...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...