понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: кучиња | 64 резултати

Вакцинирање и поставување чипови на кучињата бездомници во Западна Македонија

октомври 18, 2018

Кучињата бездомници се честа слика во Западна Македонија, а најмногу можат да се забележат во Гостивар и Тетово. Денеска, градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари, соопшти дека започнал процесот на вакцинација и поставување на чипови на кучињата. Првата официјална операција е извршена во Тетово, бидејќи од пријавените неколку фирми во тендерска постапка, ветеринарите кои ја […]

Од сабота бесплатно микрочипирање на домашните миленици

август 30, 2018

Набавени се 100.000 микрочипови за кучиња и мачки – домашни миленици и тие ќе бидат бесплатно вметнувани во телата на животните од страна на 135 ветеринарни друштва во земјава. Сопствениците ќе треба да платат само 120 денари за пасош за животното, со кој ќе може животното да го носат во странство. Акцијата ќе трае до […]

Момче на велосипед нападнато од кучиња во центарот на Скопје

декември 23, 2017

Дваесетгодишно момче од Скопје пријавило дека вчера, додека се возел на велосипед покрај кафулињата на кејот на Вардар, било нападнато од група кучиња, при што се здобило со повреди на ногата. „Во 11.30 часот С.Н.(20) од Скопје, пријавил дека истиот ден на кејот на реката Вардар, пред кафулињата на плоштадот бил нападнат од група кучиња […]

Жена нападната од четири кучиња во скопската населба Илинден

декември 14, 2017

Четири кучиња вчераутро нападнале жена во скопската населба Илинден, при што едно ја каснало за грбот, а откако паднала, другите кучиња ја влечеле, информира МВР. Џ.Б.(38), жителка на населбата, пријавила дека била нападната околу 7.30 часот додека се движела по ул.19. Ја спасиле минувачи, кои ги избркале кучињата, а потоа жената побарала помош во Ургентен […]

Шилегов со работна група ќе бара системско решение за нападите од кучиња

декември 11, 2017

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов формирал работна група од пет члена „за изнаоѓање на системско решение“ за спречување на напади на граѓани од кучиња. Работната група е составена од еден советник во Советот на Град Скопје, еден вработен во Секторот за комунални работи и по еден претставник од здружението за заштита на животни „Анима […]

Отруени две кучиња во Карпош 4, отров оставен во куќарка за куче во Аеродром

декември 11, 2017

Два случаи на отруени кучиња и на оставен отров за куче се регистрирани во Скопје во изминатово деноноќие, извести МВР. Вчера во 23.15 часот во полициската станица Карпош било пријавено дека на улицата Разловечко востание во Карпош 4, пред станбена зграда, биле пронајдени две отруени кучиња. Денеска во 8.45 часот било пријавено дека на подрачјето […]

Богдановиќ повика граѓаните да пријавуваат обиди за труење животни

декември 10, 2017

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ денеска ги повика граѓаните граѓаните доколку забележат расфрлен отров во централното градско подрачје веднаш да се јават на телефонските броеви: 070 424685 на Емилија Поповска и 075 437068 на Јулија Малахова. Граѓаните треба да пријават и напуштени домашни миленичиња. Богдановиќ побарал од командирот на Полициската станица Центар да се […]

Универзитетска професорка искасана до смрт од кучиња во Грција

септември 25, 2017

Глутница кучиња – скитници во Североисточна Грција искасале до смрт пензионирана универзитетска професорка од Велика Британија, додека се враќала пеш од посета на археолошки локалитет, јавија британските медиуми. Силија Холингворт (62) се јавила по телефон на своето семејство во четвртокот, во миговите кога била нападната од глутницата кучиња близу археолошкиот локалитет Месимвриа, кај границата со […]

Министерство за здравство: Од отровот за кучиња може да страдаат и деца

април 11, 2017

Министерството за здравство апелира да не се фрла отров за кучиња затоа што тој може да биде исклучително опасен и по здравјето на луѓето. „Апелираме на поголема свесност и совесност зашто злоупотребата на овие материи директно го загрозува и здравјето на децата, кои лесно може да дојдат во допир со фрлените отрови на јавни површини. Според […]

Протест против масовното труење кучиња во Скопје

април 9, 2017

Неколку стотици активисти за правата на животните денеска напладне протестираа на плоштадот Македонија против труењето кучиња во Скопје во последните неколку седмици и реагираат што нема реакција од властите за непочитување на законите за заштита на животните и за слободната продажба на отров. Од плоштадот, демонстрантите, од кои многумина со своите миленици, се упатија кон […]

„Анима мунди“ го прашува Мухиќ дали бил коорганизатор на борби со кучиња

ноември 9, 2016

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“, инспирирано од колумната на кандидадот за пратеник предложен од СДСМ, Ферид Мухиќ, со наслов „Борба“, јавно го прашува кој е неговиот став во врска со борбите со кучиња и дали бил поддржувач, учесник, коорганизатор на борби со кучиња. „Како граѓански кандидат за пратеник на претстојните парламентарни избори, очекуваме […]

Автомобил се заби во скеле од зграда во центарот на Скопје

август 9, 2016

Возач со својот автомобил синоќа се забил во скелињата на зграда чија фасада се уредува на булеварот Димитрие Чуповски во центарот на Скопје. Според вработени во дуќаните кои се наоѓаат во непосредна близина на местото на ударот, возачот наводно изгубил контрола кога движејќи се по улицата му излегле кучиња. Тие велат дека ударот бил многу силен. […]

Кучиња-чувари изгризале селанец од струшко Мислешево

март 24, 2016

Полициската станица од Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против 37- годишно лице од струшкото село Мислешево. Пријавата е поднесена поради постоење основан сомнеж дека лицето, без заштитни средства (маска и слично), без надзор и невнимателно, држи кучиња и други опасни животни кои можат друг да престрашат, нападнат или да повредат. – Две кучиња […]

Кучиња скитници ги напаѓаат туристите на Попова Шапка

август 24, 2015

Шеесет и едногодишна туристка од Словенија, вчера на Попова Шапка била нападната од кучиња скитници, информираат од тетовската полиција. Најпрвин кон туристката, додека се шетала низ падинините на Шар Планина, се упатила поголема група на кучиња. Во еден момент, едно куче се издвоило од групата и ја каснало словенката за задникот, а потоа и за […]

Елшанско добредојде за Ева и за Виктор Милер од Берлин и за нивните кучиња-транспортери

мај 18, 2015

Изминатиов викенд, меѓу бројните странски гости, вниманието на жителите од планинското надезерско село Елшани, но и на охриѓани, го привлекоа Ева и Виктор Милер од Берлин, Германија. Тие во Македонија допатуваа заедно со тројца необични придружници – кучиња-транспортери: Ива, Ида и Бјорн, натовартени со различни камперски и туристички потрепштини. Ева и Виктор се вљубеници во […]

Угинати кучиња-скитници на влезот од Тетово

март 5, 2015

Десетина пцовисани кучиња втор ден лежат кај претоварната станица на Јавното комунално претпријатие Тетово, лоцирана на влезот од градот. Лекарите првично проценуваат дека животните се отруени. – Како што ги видов сликите, кучињата немаат физички повреди, околу устата имаат лигава материја, доказ кој првично укажува дека станува збор за масовно труење животни – изјави доктор […]

Баби се грижат за стотици кучиња

март 4, 2015

Последните пет години, неколку постари жени од кинеската провинција Шанкси им ги посветиле на напуштените кучиња, пренесе „Петспортал“. Овие жени со добри срца не знаат за одмор: секое утро стануваат околу 4 часот за да ги нахранат своите пријателчиња. Прифатилиштето е скромно, но во него никој не гладува, зашто сè што имаат, овие жени делат […]

Кучиња-скитници, проблем во Охрид

февруари 27, 2015

Жител на Охрид претпладнево ни испрати фотографија за движење на опасни кучиња-скитници, снимена пред Основното училиште „Григор Прличев“, a који претходно нападнале неколку ученици, за среќа без последици. Охриѓани се загрижени да не им се повтори струшкиот случај, кога кучиња-скитници искасапија минувач, нанесувајќи му тешки повреди на нозете. Кучиња во поголеми групи можат да се затекнат […]

Кучињата и лавовите се први соседи во Битола

февруари 12, 2015

Фотографии од битолската зоолошка градина на која се гледаат кучиња затворени во кафези, а веднаш до нив мрши и коски од умрени животи, достави денеска Здружението за заштита на животни „Анима мунди“. Од здружението велат дека зоолошката градина во еден од најубавите градови во државата наликува на „зомбиленд“. – Како во некој „зомбиленд“, во тесни […]

Царинските кучиња откриле шест килограми марихуана на Табановце

ноември 22, 2014

Мобилните тимови на царинската управа, вчера на граничниот премин Табановце, спречиле шверц на шест килограми марихуана, сокриена во автомобил со германски регистарски ознаки, кој бил пријавен за влез во државата. Во возилото, марка „опел астра“, патувале двајца германски државјани, В.Б. (42) и А.Ф. (28), кои веднаш биле приведени. Дрогата, која била сокриена во фабрички шуплини […]

Страна 3 од 3