fbpx
Таг: кучиња

таг: кучиња

Одземени две „булмастиф“ кучиња откако вчера до смрт беше изгризано 8-годишно момче

Дванаесетгодишен англиски булмастиф усмрти осумгодишно дете во скопската населба Пинтија во Кисела Вода откако детето влегло во дворот на соседите прескокнувајќи ја оградата, потврдија за Мета.мк два независни извора, по вчерашниот стравотен настан. Детето, поради нанесените повреди, починало на пат кон болницата. Според досегашните информации, во моментот во дворот имало три кучиња, сите од истата раса, а детето го нападнало...

Сопственикот си го оставил болното куче покрај контејнер, АХВ не најде причина за одговорност

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја отфрли претставката поднесена од ЈП „Лајка“, во која претпријатието бараше да се санкционира човекот кој пред еден месец покрај контејнерите во населбата Расадник во Кисела Вода, оставил петмесечно куче - малтезер, во неговото креветче. Болното куче почина кратко време откако беше преземено од ЈП „Лајка“. Со оглед на тоа што претставници на здруженијата за...

Нема докази дека фенбендазол лекува рак кај луѓето

Фенбендазол, лек за паразити кај кучињата, не е клинички тестиран кај луѓето. Агенцијата за храна и лекови (ФДА) и Европската агенција за лекови (ЕМА) го забрануваат фенбендазол за употреба кај луѓето. Тврдењата дека фенбендазол може да излечи рак се непоткрепени и може да ги доведат во опасност болните од канцер, доколку поверуваат и на своја рака го применуваат овој...

Груев: Има епидемија на заразна болест штенечак кај кучињата, сопствениците да внимаваат на своите миленици

Сопствениците на домашни миленици периодов треба да избегнуваат групирање на повеќе кучиња со непознат вакцинален статус и секако, сега, додека трае ова, да ги намалат прошетките колку што е можно повеќе по парковите и по местата каде што циркулираат повеќе улични кучиња. Сепак, најважно сите сопственици да проверат дали нивниот миленик е со активна вакцина против штенечак.

Институциите да се разбудат: Да се спречат напади врз граѓани од кучиња, но и убиства на кучиња и фрлање отрови

Убиствата на уличните кучиња во Струга кои се случија завчера и големиот број на каснувања ја прелеаа капката на трпението на граѓаните, кои со години очекуваат од надлежните институции да го решат проблемот со сè поголемиот број на улични кучиња низ државата. Активисти од повеќе здруженија за заштита на правата на животните, но и други граѓани и поединци кои...

Жител од струшко се сомничи дека со пушка убил седум кучиња, бил повикан на разговор во полиција

Жител од струшкото село Ливада со иницијали М.З. (62) од струшкото село Ливада вчера бил повикан на службен разговор во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, соопшти Министерството за внатрешни работи. Тој се сомничи дека во рок од половина час (од 6:45 до 7:15 часот) вчера, 10.01.2023 г. со својата пушка усмртил седум кучиња скитници. „Од него, одземена е ловечка пушка...

Згрижувањето на уличните животни останува на поразително ниво

Светскиот ден на животните (4 Октомври) се одбележува со цел да се подобрат стандардите за благосостојба на животните. Но, додека глобално движење се стреми кон создавање свет во кој животните секогаш се препознаваат како чувствителни суштества и секогаш се посветува целосна грижа за нивната благосостојба, кај нас состојбата е поразителна. Улиците во Скопје, а и во другите градови се преполни...

Во Британија најавени казни до 2.000 фунти за нецелосни информации на околувратникот

Сопствениците на кучиња во Британија би можеле да се соочат со големи казни од 2.000 фунти затоа што ги немаат исткнато сите потребни информации на околувратникот на нивното кученце, пренесе Кантриливинг. Според Синиот крст, добротворна организација за заштита на животните, сите кучиња мора да имаат ознака за идентификација со името и адресата на нивниот сопственик на околувратникот во случај да...

Во недела нерасните кучиња ќе имаат можност да учествуваат на изложба, повикот е отворен

Оваа недела, на 22 мај, во хотелот Белви во Скопје, со почеток од 10:00 часот, сите кучиња кои не се расни, а имаат микрочип и пасош за миленици и не боледуваат од некоја заразна болест, ќе имаат можност да учествуваат на изложба. Ќе има различни фан категории во кои секој сопственик може да го пријави своето куче за најубаво стилизирано...

Над 100 полициски службеници, хеликоптер и бројни доброволци трагаат по 10 годишниот Петар

Продолжува интензивната потрага по 10-годишното дете Петар Џобоски, за кое неговиот родител пријави во петокот (25.02) вечерта дека се оддалечило од домот во с. Врбско, општина Прилеп, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според полицијата веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на детето и во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња, како и дрон. Во потрагата се...

(Фото) Депонијата Мегленци близу Битола е дом на голем број улични кучиња и свињи

Поголем број кучиња и свињи се прехрануваат и практично живеат во битолската општинска депонија Мегленци, велат активистите од иницијативата „Анимал војс“. Тие се грижат за уличните животни во Битола и, како што велат, успеале да спасат една кучка која со нејзините осум кученца се окучила на самата депонија. Тие велат дека по ветеринарниот преглед се покажало дека мајката имала...

Нема докази дека добитокот и домашните миленици можат да го пренесат корона вирусот на луѓе

Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) потврдува дека нема докази за вмешаност на животните (добиток и домашни миленици) во ширењето на корона вирусот и нема потреба за преземање на мерки што можат да ја загрозат благосостојбата на животните. Наместо тоа, ФАО ги промовира вообичаените хигиенски практики на миење раце пред и после контакт со или хранење...

Редарските служби во Охрид се засилија по масовното труење на кучиња

Општина Охрид ги осудува поединечните случаи на труења на кучиња скитници по охридските улици кои беа евидентирани во текот на изминатиот период. Од таму до несовесните граѓани апелираат да не ги повторуваат ваквите постапки со што ќе придонесат за хуман теретман кон овие животни. За таа цел Општината ќе ги засили редарските служби кои е планирано да работат во три...

Град Скопје ќе основа ново јавно претпријатие „Лајка“ за хуман третман на животни-скитници

Советот на Град Скопје на денешната седница донесе одлука за формирање јавно претпријатие за хуманиот третман на животните скитници, а новото претпријатие ќе го носи името „Лајка“. „Новото јавно претпријатие ќе се формира од постојните служби што досега функционираа во рамките на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, а истото ќе ги преземе сите активности, каде што спаѓаат заловување на животните скитници,...

Кучињата се трујат, тетовци бараат хумано решение

Во изминатиов период бројот на кучиња скитници во Тетово е зголемен, a jaвноста беше вознемирена од неколку случаи на затруени кучиња. Експертите велат дека на сето тоа влијаат многу фактори, но најважното прашање е како тие кучиња се нашле на улица и како да се спречи таа појава. - Честопати фактор е брзоплетата одлука на сопствениците - набавуваат домашно милениче,...

Вакцинирање и поставување чипови на кучињата бездомници во Западна Македонија

Кучињата бездомници се честа слика во Западна Македонија, а најмногу можат да се забележат во Гостивар и Тетово. Денеска, градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари, соопшти дека започнал процесот на вакцинација и поставување на чипови на кучињата. Првата официјална операција е извршена во Тетово, бидејќи од пријавените неколку фирми во тендерска постапка, ветеринарите кои ја добиле работата се токму...

Од сабота бесплатно микрочипирање на домашните миленици

Набавени се 100.000 микрочипови за кучиња и мачки - домашни миленици и тие ќе бидат бесплатно вметнувани во телата на животните од страна на 135 ветеринарни друштва во земјава. Сопствениците ќе треба да платат само 120 денари за пасош за животното, со кој ќе може животното да го носат во странство. Акцијата ќе трае до 31 март следната година...

Момче на велосипед нападнато од кучиња во центарот на Скопје

Дваесетгодишно момче од Скопје пријавило дека вчера, додека се возел на велосипед покрај кафулињата на кејот на Вардар, било нападнато од група кучиња, при што се здобило со повреди на ногата. „Во 11.30 часот С.Н.(20) од Скопје, пријавил дека истиот ден на кејот на реката Вардар, пред кафулињата на плоштадот бил нападнат од група кучиња додека се возел со својот...

Жена нападната од четири кучиња во скопската населба Илинден

Четири кучиња вчераутро нападнале жена во скопската населба Илинден, при што едно ја каснало за грбот, а откако паднала, другите кучиња ја влечеле, информира МВР. Џ.Б.(38), жителка на населбата, пријавила дека била нападната околу 7.30 часот додека се движела по ул.19. Ја спасиле минувачи, кои ги избркале кучињата, а потоа жената побарала помош во Ургентен центар, каде и е констатирана телесна...

Шилегов со работна група ќе бара системско решение за нападите од кучиња

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов формирал работна група од пет члена „за изнаоѓање на системско решение“ за спречување на напади на граѓани од кучиња. Работната група е составена од еден советник во Советот на Град Скопје, еден вработен во Секторот за комунални работи и по еден претставник од здружението за заштита на животни „Анима мунди“, граѓанската иницијатива „Кане Корзо“...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...