вторник, 9 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Крушево | 45 резултати

Ахмеди: „Студенчица“ летово веројатно ќе има доволно вода за сите населени места

јули 1, 2020

Ова лето сите општини приклучени на регионалниот водовод „Студенчица“ ќе имаат доволно вода за пиење. Досега изворот има доволни количества вода, а надлежните прогнозираат дека хидролошката состојба и натаму ќе биде поволна, дознаваме од Урим Ахмеди, директор на Јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица“. „Досега врнежи има доволно, нема никакви проблеми, и ниту една од општините […]

Градоначалникот Јованоски бара владата да преземе поригорозни мерки за Прилеп

април 6, 2020

Поригорозни мерки за Прилеп, слични на оние што ги изрече Владата за општина Куманово, побара прилепскиот градоначалник, Илија Јованоски, откако вчера се евидентирани нови 9 случаи на заразени од корона вирусот, со што вкупниот број на заболени од КОВИД-19 достига 33. – До овој момент, нема нови случаи денеска. Но, имајќи предвид дека за два […]

Распишан тендерот за изградба на спомен обележје на Тоше Проески во Крушево

август 14, 2019

Општина Крушево денеска го објави огласот за избор на компанија која што ќе го гради спомен обележјето на Тоше Проески во Крушево. Подигањето на ова здание на македонската поп – икона е проценето дека ќе чини околу 8 милиони денари, за што веќе се обезбедени средства од овогодинешната програма на Министерството за култура за капитални […]

В.Д. заменик-помошникот државен секретар на САД Палмер во Македонија

јули 31, 2018

Метју Палмер, Вршител на должноста (В.Д.) Заменик-помошник Државен секретар на САД за Европа и Евроазија, ќе ја посети Република Македонија од 1 до 3 август, за да ја искаже поддршката на САД за Договорот од Преспа што земјата го постигна со Грција, како и за прогресот на земјата кон членството во НАТО и во ЕУ, […]

„ЕВН Македонија“ доби кривична пријава за предизвикување пожар

октомври 27, 2017

Снабдувачот со струја „ЕВН Македонија“ доби кривична пријава за предизвикување пожар во куќа, кој настанал поради краток спој на каблите на бандера во сопственост на компанијата. Како што извести Министерството за внатрешни работи, Надворешната канцеларија за криминалистички  работи (НККР) Крушево поднела кривична пријава против „ЕВН Македонија“ АД – Скопје за предизвикување општа опасност. Според полицијата, на […]

Шекеринска и Бартол го честитаа Денот на независноста од врвот Мусица кај Крушево

септември 8, 2017

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и морнаричкиот капетан Горазд Бартол, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО, денеска од врвот Мусица на Бушева Планина им го честитаа 8 Септември, Денот на независноста, на сите граѓани на Република Македонија. Придружувани од амбасадорите на ЕУ, Самуел Жбогар, на Обединетото Кралство, Чарлс Герет, одбранбени атаеши во Македонија, членовите […]

Милошоски: Можни се спонтани или намерни инциденти утре на Мечкин камен

август 1, 2017

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ денеска на Мечкин камен во Крушево положи цвеќе и се поклони пред споменикот на илинденците, несакајќи тоа да го стори утре, при официјалната прослава, бидејќи, како што рече Антонио Милошоски, не сака да дава легитимитет на „нелегално избрани функционери“. На официјалната прослава на Мечкин камен утре треба да се обрати претседателот на […]

Чешки параглајдерист загина кај Крушево

јули 30, 2017

Чешки параглајдерист вчера бил пронајден починат во местото Две чешми, во близина на Крушево. Како што соопшти МВР, спасувачките екипи во 13.40 часот го пронашле мртвото тело на 51-годишниот Ј.В. (51) од Република Чешка. Параглајдеристот вчера околу 13 часот полетал од Мечкин камен во Крушево и додека управувал, се закачил на дрво, по што паднал […]

Маж убиен во продавница во крушевското село Свето Митрани

февруари 3, 2017

Маж на возраст од 44 години бил убиен утрово во продавница во крушевското село Свето Митрани, а едно лице е приведено во врска со случајот, извести Основното јавно обвинителство – Прилеп. Телото било пронајдено во продавница во селото, а имало две прострелни рани во градниот кош. Настанот е пријавен во крушевската полиција, а потоа увид на […]

Во Крушево зимски камп „Снежна Македонија – 2017“

јануари 6, 2017

Министерството за надворешни работи годинава првпат организира зимски камп насловен „Снежна Македонија – 2017“. На кампот во Крушево, кој почна на 3 јануари, а ќе трае до 8 месецов, учесници се деца Македонци од Република Албанија и од Република Србија на училишна возраст. Кампот е дел од поширокиот владин проект „Далеку, а блиску“ за приближување […]

Посебен сообраќаен режим по повод чествувањето на Илинден

август 2, 2016

По повод одбележувањето на националниот празник Илинден, во рамки на предвидените манифестации во Скопје, Крушево (Мечкин камен) и во меморијалниот комплекс Пелинце, Кумановско, ќе биде применет посебен сообраќаен режим за непречено и безбедно одвивање на закажаните настани за чествување на празникот. Утринава, од 9.30 часот во централното градско подрачје во Скопје е воспоставен посебен режим на […]

Македонија ги празнува двата Илиндена

август 2, 2016

Македонија денеска го одбележува Илинден и два важни историски настани поврзани со овој датум – 113 години од почетокот на Илинденското востание и 72 години од Првото заседание на АСНОМ. По повод историските датуми, денеска се одржуваат разни манифестации во земјата. Претседателот Ѓорге Иванов ќе се обрати на одбележувањето на празникот во Меморијалниот комплекс во Пелинце, […]

Наумов: Ќе гледате на бројчаник како ги враќаат вашите украдени пари

февруари 8, 2016

Претседателот на комисијата за финансии на СДСМ и дополнителен заменик-министер за финансии, Кире Наумов, денеска го посетил Крушево. – Со години медиумите го кријат криминалот на Груевски и на „фамилијата“  затоа што нивната послушност била платена со 20 милиони евра ваши пари, пари на граѓаните. Затоа без слободни медиуми и без услови за фер медиумско […]

Посебен сообраќаен режим за Илинден

јули 31, 2015

По повод одбележувањето на националниот празник Илинден, во рамките на предвидените манифестации во Скопје, Крушево (Мечкин Камен) и во меморијалниот комплекс Пелинце, Кумановско, ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим заради непречено и безбедно одвивање на закажаните настани, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите на МВР, в недела со почеток од 10.30 часот, во централното […]

Иванов во Крушево, Груевски во Скопје, Заев во Пелинце за 2 Август

јули 30, 2015

Премиерот Никола Груевски во Скопје, а претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, во Крушево ќе го одбележат 2 Август, Денот на Републиката. Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ќе одржи говор во Пелинце. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пак, со делегација, на 2 Август ќе присуствува во Пелинце. Заменик-претседателката на партијата, Радмила Шекеринска, ќе биде во Крушево, а […]

Коњаниците од Горно Лисиче денеска тргнуваат за Крушево

јули 27, 2015

Коњаниците од Горно Лисиче денеска попладне, од паркот Јане Сандански во општина Аеродром, ќе го почнат „Илинденскиот марш 2015“, кој ќе заврши на 2 август во Крушево, на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден. Пред испраќањето на коњаниците од Горно Лисиче, кои се на возраст од 15 до 60 години, во црквата „Св. […]

Коњаници и од село Црешево ќе се упатат кон Крушево

јули 27, 2015

Чета коњаници од скопското село Црешево првпат годинава ќе се упати кон Крушево во чест на големиот празник Илинден. Коњаниците својот шестдневен пат кон градот на револуцијата го почнаа од црквата „Свети Спас“ во селото Црешево. На симболичен начин ќе се одбележи овој историски ден, со носење црешово топче во Крушево, идентично на историскиот настан во 1903 […]

Презентација на проектот „Македонија вработува“ во Крушево

јули 13, 2015

Агенцијата за вработување денеска во Крушево ќе ги презентира поволностите на проектот „Македонија вработува“. Проектот, кој досега се презентираше во повеќе градови во земјава, овозможува вработување лица од повеќе категории. Една од можностите што се нуди со овој проект е вработување на лицата до 35 години, кои најмалку три месеци се невработени. Со нивното вработување […]

Параглајдерски и едриличарски натпревари во Крушево

јули 3, 2015

На Предевропски и унгарски шампионат во параглајдерство, што се одржува во Крушево, учествуваат 80 параглајдеристи. Крушево од 19 до 24 јули, пак, ќе биде домаќин и на Серискиот куп во параглајдерство. Од 16 до 23 август од Мечкин Камен ќе полетуваат едриличарите што ќе се натпреваруваат во рамки на Предевропскиот и национален словенски куп во едриличарство. […]

Тројца повредени при тепачка во Крушево

декември 7, 2014

Три лица се повредени во физичка пресметка која рано изутринава избила во крушевскиот бар „Бел-ами“. Како што соопшти полицијата, тепачка настанала меѓу С.Д. (35) од Прилеп, А.П. (18) од Битола и П.А. (30) од Прилеп, од едната страна и Б.Ј. (24) и З.Љ. (23) двајцата од село Житоше, од другата страна. При тепачката со телесни […]

Страна 2 од 3