fbpx
Таг: Крсто Јовановски

таг: Крсто Јовановски

ВМРО-ДПМНЕ: Само Талибанците, ИД и СДСМ уриваат споменици

Истото што го правеа Талибанците и Исламска држава во регионите зафатени од војна, го гледаме денес во Македонија, во срцето на Европа, од страна на СДСМ, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски, реагирајќи на отстранувањето на споменикот на Андон Лазов Јанев - Ќосето од пред Врховниот суд. - СДСМ, кукавички во раните утрински часови решија да го задоволуваат својот...

И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ подготвуваат амандмани за законот за јазиците

Реплицирајќи му на својот колега Владимир Ѓорчев, пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец во расправата на собраниската седница за законот за употреба на јазиците, кажа оти СДСМ подготвува амандмани за законот, за тој да биде функционален и во склад со Уставот, а слушнал дека и ВМРО-ДПМНЕ тоа го прави. Локвенец посочи дека со законот за јазиците, намерата е да се затвори...

Министерство за култура: За Домот на културата во Охрид речиси ништо не е сработено

Министерството за култура денеска се огласи со реакција на вчерашната прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски, кој обвини дека министерот Роберт Алаѓозовски ги прекинал и ги поништил постапките за реализација на проектот за реконструкција, надградба и за осовременување на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. „Лага е дека за овој објект бил обезбеден буџет и дека била завршена...

ВМРО-ДПМНЕ: Алаѓозовски спречи Охрид да добие современ центар за култура

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, тајно и зад грбот на јавноста, без никаква транспарентност ниту дебата, ги прекина и ги поништи постапките за реализација на проектот за реконструкција, надградба и за осовременување на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во кој се сместени и работат националните установи Театар Охрид, „Охридско лето“ и Библиотеката „Григор Прличев“, обвини пратеникот на...

ВМРО-ДПМНЕ: Ние не сме Срби ниту Бугари, престанете со негаторскиот однос

„Престанете со негаторскиот однос кон Македонија. Престанете да нè навредувате. Ние не сме ниту Срби, ниту србомани, а уште помалку антибугари. Ние сме Македонци. Престанете сите кои се чувствуваат како Македонци да ги нарекувате Срби или србомани или да ги обележувате како непријатели на Бугарија“, порача денеска ВМРО-ДПМНЕ, преку две прес-конференции на пратениците Крсто Јовановски и Зоран Илиоски. „Македонија не...

ВМРО-ДПМНЕ: МВР мора да бара одговорност од тие што го поттикнале „атентатот“ врз Тодоров

Обидот за атентат врз Никола Тодоров не беше афектен чин, туку чин кој беше поттикнуван со години, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски, денеска на прес-конференција во партиското седиште рече дека СДСМ и „невладините организации под контрола на Сорос измислуваа стотици лаги против Тодоров само за да ја подготват и да ја подгреат атмосферата до момент во...

Јовановски: Кабинетот на Џафери се претвори во штаб на ДУИ

Трет ден како нелегално избраниот претседател на Собранието не ги отстранува албанските знамиња од кабинетот. Сведоци сме дека освен знамињата на туѓа држава, кабинетот кој би требало да му припаѓа на легално избран претседател се претвара во штаб на ДУИ, рече денеска на прес-конференција Крсте Јовановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Тој изрече и осуди за Зоран Заев, обвинувајќи го дека води...

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да ја прифати волјата на народот

„СДС мора да ја прифати волјата на народот“ и мора да престане да води антимакедонска политика и да се пазари со националните и државни интереси, изјави денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски. - Граѓаните јасно кажуваат дека тиранската платформа врз која СДС сака да формира влада не смее да се реализира. Народот е против редефинирање и против разнебитување...

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...