fbpx
Таг: крст

таг: крст

Пак мирен протест кај темелите за крстот во Бутел под зголемено полициско обезбедување

Се зголемува бројот на граѓани што доаѓаат на просторот  каде што во неделата беше поставен камен-темелник за крстот висок 55 метри во скопската општина Бутел. Истовремено зголемено е и присуството на полициските сили. За разлика од утрово може да се забележат повеќе оклопни возила и едно возило со водени топови. По синоќешните мали инциденти, при кои беше затрупан камен-темелникот, а беше опожарена и...

Ѓорчев: Спасовски дозволи толпата да го преземе законот во свои раце

„ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува вчерашното насилство и беззаконие што беше демонстрирано во општина Бутел. МВР има уставна обврска да ги штити законите, редот, мирот и безбедноста на граѓаните. Оливер Спасовски не ја исполни оваа своја уставна обврска“, обвини на денешната прес-конференција пратеникот од владејачката партија, Владимир Ѓорчев. - Оливер Спасовски и Едмонд Адеми од СДСМ вчера беа срам за уставниот поредок на Република...

Градоначалникот на Бутел го повикува Спасовски „да го ослободи крстот“

Градоначалникот на Општина Бутел, Петре Латиновски, денеска на прес-конференција го повика министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, да интервенира и да го ослободи просторот кај кружниот тек во Бутел, кој од синоќа го запоседнаа активисти на ДУИ, во знак на протест против најавената изградба на 55-метарски крст. - Техничичкиот министер Оливер Спасовски вчера не ја изврши работата за која зема...

Музика, знамиња, чај и пароли во „кампот“ кај темелите на крстот во Бутел

Со албанска музика, покрај огнови, педесетина претежно млади Албанци го продолжуваат протестот на местото каде што во неделата беа поставени темелите на крстот во општина Бутел. Запалената палма и затрупаните темели на крстот, кој треба да биде висок 55 метри, се сведоци на синоќешните мали инциденти на протестот. На местото и понатаму се кампува, има поставени два мали и еден голем шатор. Како што...

Заврши протестот против изградбата на крстот во Бутел

Протестот против поставувањето крст во општината Бутел заврши без инциденти, со поставување шатори на локацијата каде што пред неколку дена беше камен-темелникот. Заедно со демонстрантите, протестираа и членови на владејачката партија ДУИ. Изет Меџити, градоначалник на општината Чаир, рече дека иако протестот е организиран од ДУИ, тој го изразува револтот на сите Албанци во Македонија од поставување верски симболи среде...

Урната оградата околу темелите за крстот во Бутел, демонстрантите поставија шатори

Група демонстранти предводена од раководството на ДУИ во моментов е во Бутел на местото каде што е поставен камен-темелникот за крстот, објави „Нова ТВ“. Тие го разурнаа целиот ограден простор околу темелникот и поставија шатори и албански знамиња. Дел од демонстрантите на новинарските екипи им забрануваат да се приближат до местото и до албанските знамиња. На протестот се присутни и малолетници,...

Заев: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пред секои избори играат на националистичката карта

Двете владејачки партии (ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ н.з.), како и претходно, така и сега ги заземаат своите националистички позиции, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во одговор на новинарско прашање. Заев упати апел до сите граѓани во земјава, без разлика на верската, етничката и на политичката припадност, да не потклекнуваат на провокациите. - Ова личи само на провокација. Ги повикувам граѓаните...

Рангелова до Спасовски и до СДСМ: На 5 јуни народот ќе ви покаже дека не ве трпи

Дали Едмонд Темелко, единствениот градоначалник Македонец надвор од земјава, е поголема безбедносна закана за Република Македонија од насилниците што вчера брутално го претепаа претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, прашува Даниела Рангелова, пратеничка и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПMНЕ. Таа на денешната прес-конференција рече дека Оливер Спасовски, незаконски, без наредба на судот и во договор со Катица Јанева, наложил Едмонд...

МВР презема мерки за расветлување на нападот врз Тодор Петров

Тодор Петров, претседателот на Светски македонски конгрес, е задржан на лекување во Ургентниот центар, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Во соопштението од МВР пишува дека Петров бил физички нападнат во угостителскиот објект „Казабланка“ во Скопје, од страна на неколку лица. „Од разговорот со повредениот добиени се првични информации дека тој околу 12.30 часот дошол во угостителскиот објект заедно со уште две...

Тодор Петров претепан по осветувањето на крстот во Бутел

Тодор Петров, претседателот на Светски македонски конгрес, еден од донаторите на крстот чии темели утрово беа осветени во општината Бутел, бил претепан од непознати лица, потврдија од Министерството за внатрешни работи. Како што јавуваат медиумите, Петров бил претепан по завршувањето на настанот на кој тој одржа говор. Во моментов тој се наоѓа на Ургентниот центар, каде му се вршат компјутерски испитувања, по кои ќе...

ИВЗ: Со поставувањето на крстот се поттикнуваат меѓуетнички тензии

Исламската верска заедница денеска реагираше поради поставувањето на крстот во општина Бутел. Изградбата  на верскиот симбол, ИВЗ го оценува како провокација кон муслиманските верници. Оттаму сметаат дека иницијативата поттикнува меѓуетнички тензии, па затоа ги повикуваат властите, но и меѓународните претставници, да интервенираат да се укине одлуката на Општина Бутел во која, како што велат од ИВЗ, половина од жителите се од исламска...

Без инциденти осветени темелите на крстот во Бутел

Без никакви инциденти, поглаварот на МПЦ, г. г. Стефан, заедно со свештеници од скопската епархија, го осветија камен-темелникот на крстот во Бутел. Темелите се поставени на кружниот тек кај улиците Боца Иванова и Александар Урдаревски. На кружниот тек претпладнево беше поставена импровизирана бина со звучници, а на церемонијата присуствуваа првиот човек на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, градоначалникот на Скопје,...

Денеска ќе се осветуваат темелите на крстот во Бутел, ДУИ најави блокади и протести

Полицијата денеска ја зголеми безбедноста во скопската населба Бутел, а специјални полициски сили се распоредени на клучните локации откако симпатизери на ДУИ најавија блокада на локацијата до кружниот тек во населбата, каде за 11 часот е закажано осветување на темелите на најавениот метален крст. Инцијативата за изградба на крстот е поднесена од Светскиот македонски конгрес. Чинот на осветувањето ќе го изврши...

Даниел Дончевски го фати крстот во Скопје

Дваесет и шестгодишниот Даниел Дончевски од скопската населба Ченто денеска во Скопје четврти пат го фати крстот, кој од мостот Слобода во реката Вардар го фрли поглаварот на МПЦ, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Дончевски досега осумпати се фрлал по крстот, но денеска беше најбрз меѓу 110 учесници. – На сите христијани нека им е честит големиот празник Богојавление – Водици....

Православните верници слават Богојавление – Водици

Големиот христијански празник Богојавление – Водици денеска се одбележува во Македонија со традиционално фаќање на богојавленскиот крст. Овој ден се празнува уште од вториот век, а е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан, кое го врши свети Јован Крстител. Според верските верувања, оној кој денеска ќе го фати светиот крст, ќе има среќна, бериќетна и благословена...

Поплавениот манастир во Пелагонија, ќе добие крст висок 30 метри

Манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“, кој оваа пролет по големите поплави во Пелагонија една недела беше два метри под вода, ќе добие метален крст висок 30 метри, налик на крстот на Водно. Манастирот сè уште ги носи последиците од бесните води на Црна Река, дамките од влага на фреските постојано се појавуваат, како и оштетувањата на надворешниот дел од објектот. Но, обновата...

Православните верници се фрлаа по крстот во осветените води

Денеска низ Македонија православните верници го прославуваат празникот Богојавление-Водици. По одржувањето литургии во соборните храмови, верниците се упатуваа кон местата каде светиот крст се положуваше во водите, кои претходно беа осветени од црковни претставници. Верниците по осветувањето полнеа од осветената вода, за која се верува дека е лековита. На централната свеченост во Скопје, светиот крст од реката Вардар го извади Душан...

Душан Чимев од Виница го фати светиот крст во Скопје

Дваесет и двегодишниот Душан Чимев од Виница го фати светиот крст во Скопе, кој од мостот кај „Холидеј ин“ го фрли поглаварот на Македонската православа црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан. - Нека е за многу години. Господ на сите да дава среќа, здравје, љубов и вера – рече Чимев, кој од Македонската православна црква доби Свето писмо, златно крвче и икона...

Охрид: Дебрчани „им го зедоа” крстот на варошани

Цветан Мицкоски од населбата Далјан, по потекло од селото Белчишта, Дебрца, беше најсреќен, но и најупорен меѓу капачите во Охридско Езеро и прв стигна и го фати светиот крст во студената вода на езерото. - Веќе две децении скокав по светиот крст во Охрид за Водици. Многу сум среќен што годинава го фатив крстот и што конечно желбата ми се исполни. За многу години...

Православните верници го слават Богојавление – Водици

Православните верници во Македонија денес го слават празникот Богојавление-Водици кој е поврзан со крштевањето на Исус Христос во реката Јордан. Во Скопје околу 120 граѓани денеска ќе се обидат да го фатат крстот што напладне ќе го фрли архиепископот Охридски и македонски г.г Стефан во реката Вардар. Премиерот Никола Груевски на фрлањето на светиот крст ќе присуствува во Велес, а претседателот...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...