недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: кривично дело | 58 резултати

Нема потерница за браќата Усеини кои се во бегство

август 21, 2020

Полицијата не може да им влезе во траг на Нефи Усеини и неговиот брат кои се обвинети за напад врз нивниот сограѓанин, Спире Топалоски. Засега, министерството за внатрешни работи во делот за потраги нема објавено податоци за распишана домашна или меѓународна потрага по браќата Усеини. Прехтходно СВР Охрид поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство […]

Полицијата го откри тинејџерот што предизвика пожар кај Мојанци и објави видео на ТикТок од потпалувањето

август 15, 2020

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство – Скопје ќе поднесе писмено известување за 17-годишниот малолетник од скопското село Мојанци поради предизвикување на пожарот на нискостеблеста шума и вегетација во близина на селото. Тој на 4 август на социјалната мрежа ТикТок објави видео како го потпалува пожарот. Фотографиите и видеата биле […]

Владимир Панчевски осуден на три и пол години затвор за злоупотреба на АКМИС системот

август 4, 2020

Поранешниот претседател на Кривичниот суд-Скопје, Владимир Панчевски е осуден на три и пол години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување, поради рачно доделување на предмети кај подобни судии, а не преку АКМИС системот. Судијката Валентина Ѓорѓиевска од Основниот суд во Велес вечерва ја објави пресудата. Обвинителството го товареше Панчевски за распределба на рака […]

Обвинителството влезе во ДИК, ќе утврдува дали имало криминал при набавката на софтверот

јули 28, 2020

Во просториите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска по допрен глас влезе Основното јавно обвинителство за организиран криминал, за да утврди дали имало кривично дело при спроведувањето на тендерот за набавка на софтверот на оваа институција. При извршениот претрес е одземена тендерската документација, со која треба да се утврди дали се почитувани законските постапки при […]

Водовод и канализација – Скопје започнува кампања за пријавување на дивите приклучоци на вода

јули 28, 2020

ЈП Водовод и канализација – Скопје започнува кампања со цел подигнување на јавната свест за заштита на водоснабдителниот и канализацискиот систем под мотото „Биди одговорен, однесувај се совесно“. За да се заштити системот за водоснабдување во Скопје, граѓаните кои имаат информација за злоупотреба на водоводниот систем преку диви приклучоци, можат да пријават на телефонот 02 […]

Панчевски од денеска се наоѓа во затворот во Шутка

јули 15, 2020

Владимир Панчевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, од денeска напладне се наоѓа во КПУ Затвор Скопје, Шутка. Тоа за МИА го потврдил директорот на затворот, Есад Рахиќ. Според него, Панчевски денеска во 12 часот напладне самиот се пријавил во затворот. При приемот бил прегледан, му била измерена температура и откако се утврдило дека нема […]

Акција за исклучување диви приклучоци на вода во скопски Сарај, Глумово и Шишево

јули 5, 2020

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје со цел заштита на системот за водоснабдување спроведе акции за исклучување на диви приклучоци во скопските села Глумово, Шишево и Сарај. Против сите иматели на див приклучок на вода, поднесени се прекршочни пријави. „Дивите приклучоци се забранети со Закон (Закон за водоснадбување, член 23) и истите се утврдуваат […]

Јавно обвинителство одлучи да ги превземе предметите на СЈО

септември 6, 2019

Јавното обвинителство одлучи да ги превземе предметите од Специјалното јавно обвинителство (СЈО). „Јавното обвинителство на одржаниот Стручен колегиум на јавните обвинители го разгледа Известувањето испратено од Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите доставено преку судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје […]

Допрва ќе има депортација и обвиненија за повратници од ИСИС (инфографик)

февруари 25, 2019

Се очекува репатријација на македонски државјани заробени како борци во редовите на Исламска држава на Ирак и Сирија, а добар дел од нив ќе бидат предмет на понатамошна постапка, затоа што учеството во странски војски е кривично дело, оценува Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи. – Се очекува дека во претстојниот период ќе има […]

Додека се гради нов антикорупциски систем, Македонија „се снаоѓа“

декември 9, 2018

МВР, кое треба да гони корупција, е разорена институција и и треба реформа, тврди Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи. Антикорупциската комисија, со години обвинувана за партизираност, и формално не функционира од крајот на март. По две кривични пријави за примање и за давање поткуп бил резултатот на Македонија во борбата против корупцијата минатата […]

Панчевски на распит во обвинителтво, осомничен е за две кривични дела

септември 20, 2018

Судијата Владимир Панчевски денеска е на распит во Јавното обвинителство, како осомничен за злоупотреби со АКМИС системот (електронски систем за распределба на предмети) во периодот кога беше претседател на Кривичниот суд во Скопје. Тој се товари за две кривични дела, за злоупотреба на службената положба и овластувања и за несовесно работење во служба. Поканата за […]

Иванов: 534.910 граѓани ми дадоа мандат да не го потпишам Договорот со Грција

јуни 26, 2018

Врз основа на член 75 од Уставот, донесов одлука да не го потпишам Договорот со Грција, вели претседателот Ѓорге Иванов во писмото до Собранието, што беше денеска препратено до медиумите. Тој набројува пет причини зошто нема да го потпише Договорот и потенцира дека во извршувањето на функцијата Претседател на Република Македонија секогаш постапува одговорно и […]

СЈО пак побара притвор за Кочан, одбраната тврди дека е сериозно болен

мај 17, 2017

Како „драматична деструкција на вредностите на уставниот поредок на државата“, обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски, ја оцени одлуката на Врховниот суд со која беа укинати решенијата за притвор на бизнисменот Сеад Кочан. Денеска кај судија на претходна постапка се расправаше за барањето на СЈО за притвор на Кочан, кој е првоосомничен во случајот „Труст“. По завршувањето […]

МВР: Кривични пријави за 15 лица, петмина приведени за учество во толпа

април 30, 2017

За насилниот напад во Собранието, при што повредени беа неколку пратеници, МВР поднело до Основото јавно обвинителство 15 кривични пријави кои се однесуваат на неколку членови од кривичното дело учество во толпа. Како што информира МВР, петмина од идентификуваните веќе се приведени. Против лицата Б.М. (38), Н.М. (34), К.Џ. (54), Д.Д. (45), В.Н. (45), С.П. […]

Сè уште нема утврдени кривични дела за насилствата во Собранието, информира ОЈО

април 29, 2017

Основното јавно обвинителство Скопје е во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи во врска со идентификација на учесниците во нередите што се случија во Собранието на Република Македонија, а дежурните јавни обвинители ѝ даваат насоки на полицијата за понатамошното постапување, велат од ОЈО преку соопштение. „Поради обемноста во постапувањето на обвинителството, до овој момент се […]

СДСМ бара да престане злоупотребата на ученици во партиски цели

март 16, 2017

Повикуваме веднаш да престане злоупотребата на ученици за партиски цели и, уште посериозно, за протести на кои се поттикнува и се шири етничка и национална омраза, вели Петар Атанасов, претседател на комисијата за образование на СДСМ. Од СДСМ велат дека тоа што го прават директорите на училишта, под директива на ВМРО-ДПМНЕ, е кривично дело и за […]

Обиди за поткуп на гласачи забележани во Демир Хисар и во Кочани

декември 11, 2016

На 10 декември во полициската станица Демир Хисар, Д.Т. (25) од Демир Хисар, во својство на набљудувач од граѓанска асоцијација „Цивил“, пријавила поткуп при избори и гласање, кривично дело извршено истиот ден околу 17 часот во селската продавница во село Брезово. Имено, за глас даден за една политичка партија, на лицето М.С. од Демир Хисар, од страна […]

Полициски службеник измамил турски државјанин

ноември 20, 2016

Единица за имотни деликти на СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје гo предаде М.И.(44) од Скопје, поради основи на сомнение дека во својство на униформиран полициски службеник, вработен во полициска станица Бит Пазар, заедно со Н.А.(25) од Скопје, извршиле измама, а првопријавениот сторил и злоупотреба на службената положба и овластување за противправно да стекне […]

Судијата Иван Џолев поднел кривична пријава против колега од Кривичниот суд Скопје

ноември 2, 2016

Судијата Иван Џолев од Основниот суд Скопје 1 поднел кривична пријава против судија од истиот суд, за кривично дело поврзано со вилијание врз судија, за да преземе одделни незаконски дејства, пишува „Дојче веле“. „Поради сензитивноста на ситуацијата, нема да го откријам идентитетот ниту, пак, ќе ги кажам иницијалите на судијата против кој ја поднесувам кривичната пријава. […]

„Шарена револуција“: Утре сите пред суд да му дадеме поддршка на Павле Богоевски

октомври 4, 2016

„Шарената револуција“ ги повика граѓаните, утре, во 10.45 часот, да дојдат пред Основниот суд Скопје 1 и да му дадат поддршка на активистот Павле Богоевски. Во најавата за настанот на „Фејсбук“, пишува дека Богоевски се товари за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“. „Еден за сите, сите за еден! Утре во 10.45 ние ќе […]

Страна 2 од 3