fbpx
Таг: кривична пријава

таг: кривична пријава

МВР гони 15-годишник од Кавадарци за „тероризам“, праќал лажни закани за бомби преку „хакирана“ електронска адреса

МВР поднесе кривична пријава против 15 годишен малолетник од Кавадарци за кривично дело „Тероризам“. Малолетникот се сомничи дека на 4 и 12 декември испратил закана за бомба до три основни и три средни училишта во Кавадарци. Според МВР, тој пораките ги праќал преку „хакирана“ електронска адреса, директно од неговиот персонален компјутер. „Малолетникот на 04.12, од неговиот персонален компјутер на интернет...

Комитетот за истрага за упадот во конгресот бара Доналд Трамп кривично да се гони

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп можно е да биде кривично гонет поради упадот на симпатизерите на Трамп во Конгресот на 6 јануари 2021 година. Комитетот за истрага за упадот во американскиот Конгрес донесоа едногласна одлука да предложат до правосудството да покрене обвинение против Трамп. Ова е првпат во историјата на САД, Конгресот да преземе ваква акција против американски претседател,...

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за незаконско издавање на А-интегрирана дозвола за „Дрисла“

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко лице за кое се сомнева дека во својство на службено лице- Раководен државен службеник при Министерството за животна средина и просторно планирање во 2021 година ја искористил својата службена положба и издал А-интегрирана еколошка дозвола на скопската депонија „Дрисла“ без да ги исполни условите за тоа. Според соопштението од Финансиската...

Скопјанка злоупотребила лични податоци – со туѓа лична карта сакала да подигне кредит

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти за нов откриен случај на злоупотреба на личните податоци, во кој за среќа, навреме се реагирало и е спречена намерата. Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје поднела кривична пријава против скопјанката И.И. (54) за сторени дела „измама при добивање на кредит или друга погодност" по член 249...

Од картичката на дедо, 18-годишник од Делчево потрошил речиси 500.000 денари на купување и игри

Осумнаесетгодишник од Делчево заработи кривична пријава поради постоење на сомнение дека ја злоупотребил картичката на неговиот дедо, поради тоа што со неа плаќал за игри и вршел купувања. Со ова, момчето го оштетило дедо му за сума од над 468.000 денари. Во соопштението на Секторот за внатрешни работи Штип (СВР Штип) стои дека осумнаесетгодишникот ги обезбедил податоците од дебитната картичка...

Кривични пријави од Финансиска полиција за двајца управители на Европската очна болница

Управата за финансиска полиција, до Основното јавно обвинителство - Скопје поднела кривична пријава против две лица во својство на управители на Приватната здравствена установа Специјална очна болница „ЕУРОПЕАН ЕЈЕ ХОСПИТАЛ п.о. Скопје“. Пријавените лица, во период од 2011 до 2020 година, ја злоупотребиле својата службена положбa, на начин што набавиле повеќе видови медицински средства од сомнително потекло, односно од...

Кривична пријава за поранешниот вработен во студентскиот дом „Пелагонија“ кој ја запали канцеларијата на директорот

Кривична пријава за „тешки дела против општата сигурност“ ќе добие лицето Н.Ј., поранешен вработен во студентскиот дом „Пелагонија“, кој минатиот петок фрли запалива течност во канцеларијата на директорот на домот, Агим Фејзулахи, што предизвика пожар. Од МВР соопштија дека вчера извршиле службен разговор со лицето, кое го признало делото. Причина за предизвикувањето на пожарот и оштетувањето на инвентарот бил непродолжен...

Полицијата го приведе насилникот што нападна снимател на ТВ 24, ЗНМ реагира

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје вчера вечер го лишија од слобода М.П. (67) од Скопје, постапувајќи по пријава од снимателот во телевизија 24 Љубиша Игнатов, кој вчера беше физички нападнат од него околу 14.20 часот на ул. Пржино во Скопје. „Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници од ЕНК при СВР Скопје преземени...

Русковска повторно се кандидира за шефица на Обвинителството за организиран криминал

Вилма Русковска, обвинителка и екс-шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, денеска изјави дека нејзината суспензија како и поднесената кривична пријава, ги гледа како притисок кон неа и кон сите јавни обвинители за да внимаваат против кого ќе поведат постапка. Ова таа денеска го изјави откако даде исказ во Обвинителството, по поднесената кривична пријава за злоупотреба...

Притвор и кривична процедура против битолчанец што ја малтретирал поранешната сопруга

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Битола повело постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот ја загрозил сигурноста на неговата поранешна сопруга, непочитувајќи го решението на Основен суд Битола со кое му била изречена...

Скопското обвинителство поднесе кривична пријава против управителот на „Беса Транс“

Основното јавно обвинителство - Скопје поднесе кривична пријава за фалсификување исправа против управителот на „Беса Транс“, кој е обвинет дека им давал на возачите кои управувале со автобусите лажен Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај и со неа тие ја преминувале државната граница. Во автобуската несреќа во ноември во Бугарија, во автобусот на „Беса...

Инспектори пронашле дрога во објект на правно лице во Охрид

При контрола на документација и производи од канабис во објект на правно лице во Охрид, констатирано е дека имало непријавена наркотична дрога марихуана со висок квалитет, за која не постои никаква евиденција, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму соопштуваат дека против правното лице и одговорните лица во субјектот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за стореното кривично дело. „На 3....

Приведен скопјанецот што искрши 18 паркирани возила во катната гаража кај „Буњаковец“

Приведен е четириесет и осумгодишен скопјанец кој оштети 18 автомобили во катната гаража во близина на трговскиот центар „Буњаковец“. „Полициска станица Центар, денеска, во периодот од 07.25 и 07.40 часот, доби повеќе пријави од граѓани чии автомобили биле оштетени. Од страна на полициски службеници веднаш било излезено на местото на настанот, и по преземени мерки било констатирано дека станува збор за оштетување на 18 патнички...

Кривична пријава против 12 лица за учество во толпа, одреден и притвор

Дванаесет лица добија кривична пријава за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, сите се изнесени пред Судија на претходна постапка и судот на еден од нив му одредил мерка притвор, а на уште седуммина мерка куќен притвор, соопшти МВР. Како што додаваат оттаму, овие дванаесетмина заедно со уште тројца малолетни лица кривичното дело по член 385 од Кривичниот...

Кривична пријава за три лица, родители си ја продале 13-годишната ќерка на Белгиец за сексуални услуги

Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава, а Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против три лица поради основано сомнение дека обвинетите сториле кривично дело – „Трговија со дете“ по чл. 418-г од Кривичниот законик. Со намера да користи сексуални услуги од дете, во втората половина во 2021...

Лице од Мешеишта доби кривична пријава за загрозување на сигурноста на британската амбасадорка

Основното јавно обвинителство - Скопје поведе постапка против 55-годишен жител на селото Мешеишта, општина Дебрца, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Основното јавно обвинителство (ОЈО). „Осомничениот, на 14 април, се јавил на официјалниот телефонски број на Амбасадата на...

Возачот на министрите Бесими и Бектеши доби кривична за загрозување на безбедноста во сообраќајот

Единицата за безбедност на патниот сообраќај до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ј.Б.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста во сообраќајот“ по член 297 од Кривичниот законик. Според увидот на полицијата Ј.Б. (38) со службеното возило „шкода“ не застанал на црвено светло на семафорот и кога навлегол во крстосницата на...

Хелсиншки реагира на обвинението за велешанката – жртва на семејно насилство, која ќе одговара за „убиство на миг“

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права реагираат до Јавното обвинителство, коешто покрена обвинение за сторено кривично дело „убиство на миг“ против Пале Илиоска од Велес. Инаку, ОЈО Велес денеска извести дека 23-годишната велешанка на 29 септември лани „во семејната куќа во која живеела, доведена без своја вина во состојба на силна раздразнетост како последица на семејно насилство, го лишила од...

Битолчанецот кој се закани дека ќе ги убие Јовески и Рускоска е уапсен

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека е уапсен 56-годишниот С.З. од Битола, којшто ги испратил заканите по живот кон обвинителите Љубомир Јовески и Вилма Русковска. Веднаш му е поднесена и кривична пријава, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР. Според полициското соопштение, пријавениот С.З. на 11 декември лани преку подружницата во Прилеп на...

Полицаец од Неготино бил јатак на шверцери на мигранти, им давал информации за контроли и „пропуштал“ возила

Полициската станица во Неготино во содејство со Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР поднеле кривична пријава против С.К.(24) од Неготино за „Оддавање на службена тајна“ и „Злоупотреба на службена положба и овластување. Истрагата покажала дека пријавениот, кој бил полициски службеник, давал информации на криумчари на мигранти каде има полициски патроли или ако тој бил...

Сојуз на средношколци: Периодов да се внимава на менталното здравје на учениците

Сојузот на средношколци упатува најдлабоко сочуство до блиските на жртвите од последната трагедија, но и до сите деца, родители и граѓани. Нема достојни зборови кои можат да ја опишат...