fbpx
Таг: Кривичен суд

таг: Кривичен суд

Сачевалиев сведочеше дека го наведувал Заев

Иван Николов Сачевалиев, главниот сведок во случајот „Поткуп“ против Зоран Заев на денешното рочиште во Основен суд Скопје 1 сведочеше дека кога одел кај поранешниот градоначалник на Струмица опремен со камери, го наведувал обвинетиот Заев да изговара реченици за потребите на МВР и Обвинителството за организиран криминал, известува „СДК“. - Обвинетиот го снимав на закажаната средба во кабинетот на Заев....

На „Поткуп“ денеска нема да се објави целата снимка, Сачевалиев тврди дека Заев барал едно евро и за СДСМ

На денешното рочиште за „Поткуп“ кое се одржува во Основен суд Скопје 1, сепак, нема да се прикаже целосната снимка за овој случај, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Причината е што Обвинителството побарало одлуката за објавување на снимката да ја добие на писмено, бидејќи сака да се жали за неа на повисок суд. Заев е обвинет дека како градоначалник...

Во Кривичен суд денеска ќе се гледа целата снимка за „Поткуп“

Во судењето за случајот „Поткуп“, во кое актуелниот премиер Зоран Заев е обвинет дека како градоначалник на Општина Струмица барал поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Сачевалиев, на денешното рочиште во Основен суд Скопје 1 ќе се прикаже целата снимка, на која и се темели случајот. На досегашните рочишта, Заев тврдеше дека снимката е нецелосна и недостигаат два дела, поради што...

Груевски повторно на суд – денеска рочиште за блиндираниот „мерцедес“

Во Основен суд Скопје 1, познат како Кривичен суд, денеска со почеток во 10.30 часот ќе се одржи ново рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „Тенк“, односно за набавката на блиндираниот „мерцедес“ вреден повеќе од 550.000 евра. Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски. На претходното...

Судења за „Траекторија“ и „Триста“ во скопскиот Кривичен суд денеска

Во Основен суд Скопје 1 (Кривичен суд) денеска треба да се одржат рочишта за случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наречени „Траекторија“ и „Триста“. На рочиштето за „Траекторија“, за договорот со кинеската компанија „Синохидро“ за изградба на автопатите Кичево - Охрид и Миладиновци - Штип, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс-министерот за транспорт...

Продолжува судењето на Груевски, Пешевски, Јанакиески и Георгиевски за „Траекторија“

Во скопскиот Кривичен суд (Основен суд Скопје 1) денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот на СЈО „Траекторија“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Според обвинението на СЈО, тие во втората половина на 2012...

Контролорите на судството од порано знаеле што се случува во Кривичниот суд во Скопје

Извештајот за состојбите во Кривичниот суд во Скопје што го испратил Стојанче Рибарев – в.д. претседател на судот од март до крај на октомври 2017 година, потврди дека тие што се задолжени да ги контролираат судовите, а тоа се Врховниот суд и Судскиот совет знаеле се од порано, та сепак даваат изјави, „ништо помпезно, ништо страшно“, пишува „Вистиномер.мк“ Новинарите од...

Судењето за „Тортура“ одложено за 23 март, се чека одлуката на Апелација за Мијалков

Првото рочиште од судскиот процес за случајот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство, кое требаше да се одржи денеска е одложено, бидејќи како што соопшти судијката Александра Ристеска, Апелацискиот суд сè уште не донел одлука по жалбата на СЈО дали и на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков ќе му се суди за апсењето на лидерот на Обединети за Македонија,...

Прво рочиште за „Тортура“ – апсењето на Љубе Бошкоски

Во Основен суд Скопје 1 денеска треба да се одржи првото рочиште од процесот „Тортура“, кој се однесува за апсењето на Љубе Бошкоски. Лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи беше брутално уапсен пред камери на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори. Во „Тортура" обинети се поранешниот прв човек на единицата „Алфи" Ивица...

Адвокатите на Канческа – Милевска ги спорат вештачењата на СЈО, следното рочиште на 13 март

Со приговори на одбраната околу вештачењето на доказите и за надлежноста на Специјалното јавно обвинителство помина првото рочиште од судскиот процес за случајот „Тендери“, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа - Милевска. Претседателот на судечкиот совет на Кривичниот суд во Скопје, Осман Шабани, го прекина рочиштето и следното го закажа за 13 март, кога ќе треба...

Почнува судењето на Канческа – Милевска за случајот „Тендери“ на СЈО

Денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да почне судскиот процес против поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа - Милевска, обвинета во случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство. Канческа-Милевска е обвинета во предметот „Тендери“ за злоупотреби со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“, со што буџетот, според СЈО, бил оштетен за речиси 54...

СЈО дополнително ќе решава дали ќе се жали за пресудата на Талевска

Специјалното јавно обвинителство дополнително ќе решава дали ќе се жали на пресудата на Кривичниот суд со која новинарката и уредничка на „Сител“, Ивона Талевска, вчера беше осудена на условна казна затвор од две години, доколку во следните четири години не стори друго кривично дело. Талевска ја доби пресудата откако вчера призна вина на првото рочиште за случајот „Тифани“, во кој...

Ивона Талевска доби две години условна казна за „Тифани“

Кривичниот суд во Скопје денеска на новинарката и уредничка во „Сител“ и одреди условна казна затвор од две години, доколку во следните четири години не го повтори или стори друго кривично дело. Талевска, според пресудата, ќе треба да ја врати и целата сума, за кој беше обвинета во случајот „Тифани“ на Специјалното јавно обвинителство, а дополнително, треба да плати 76...

Села: Од Собранието ме извлекоа маскиран како полицаец

Лидерот на Алијанса за Албанците и пратеник, Зијадин Села на 27 април во прес-центарот во Собранието добил неколку удари во главата со монитор, со копје од знаме и со даска, слушајќи закани дека ќе биде убиен. Села денеска сведочеше во Кривичниот суд во Скопје на судењето во кое десет лица се обвинети за обид за убиство врз него. Од ударите Села...

Почнува судењето на Талевска за „Тифани“, Села треба да сведочи за нападот од 27 април

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани три рочишта од судските процеси по обвиненија на Специјалното јавно обвинителство, а треба да продолжи и судењето на напаѓачите на пратеникот и лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, за време на насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. На денешното рочиште против напаѓачите на Села, кои се товарат за...

Груевски, Јанакиески, Пешевски и Георгиевски денеска во Кривичен суд за „Траекторија“

Во скопскиот Кривичен суд, денеска треба да се одржи рочиште за предметот „Траекторија“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Тие се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година во постапката...

Судењето за „Тортура“ треба да почне на 28 февруари, но се чека на Апелација

Кривичниот суд Скопје за 28 февруари го закажа првото рочиште од судскиот процес за случајот „Тортура“ на СЈО, во кој на шестмина припадници на единицата „Алфа“ ќе им се суди за апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“ во 2011 година пред ресторанот „Воденица“ во Скопје. Предметот, како што може да се види од календарот...

Рочиштето за „Тарифа“ прекинато, откако му се слоши на сведок, следното закажано за 1 март

Судијката Софче Гаврилова Ефремова го прекина денешното рочиште за случајот „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој првообвинет е поранешниот директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, откако на вториот сведок, Влатко Чакаровски, му се слоши во судницата додека даваше исказ. Тој рече дека и вчера не се чувствувал добро и бил советуван од лекар да земе боледување. Следното рочиште судијката го...

Судењето за „Тотал“ одложено за 30 март, Латас не дојде во Кривичен

Новинарот и уредник на „Сител“, Драган Павловиќ - Латас кој е обвинет за даночно затајување во случајот „Тотал“ на СЈО, не дојде на денешното судско рочиште, поради што судијката Славица Наумова - Јосифовска, поради немање услови, главната расправа ја одложи за 30 март. Одбраната на Павловиќ информираше дека тој не можел да дојде на рочиштето поради семејни причини, а како...

„Титаник“: Груевски, Јанкулоска и Јанакиески на суд и за изборни злоупотреби

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески наскоро ќе седнат на обвинителна клупа за случајот „Титаник“. Од Кривичниот суд денеска соопштија дека Советот за оценка на обвинителен акт го одобрил обвинението на Специјалното јавно обвинителство во целост. Првото рочиште сè уште не се закажано,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...