fbpx
Таг: Крешник Бектеши

таг: Крешник Бектеши

Бектеши: Струјата нема да поскапи до крајот на годината, нема потреба од прогласување кризна состојба

Министерот за економија Крешник Бектеши по состанокот на Комисијата за електроенергетска кризна состојба изјави дека земјава до крајот на годината ќе има доволно количина на електрична енергија, а нема да има и поскапување на струјата. „Сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот на годината нема да има покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата. Денеска имав состанок...

Заев: Започнува изградбата на преносната енергетска мрежа за поврзување на Северна Македонија и Албанија

Започна изградбата на капиталниот проект кој е од големо стратешко и енергетско значење, новата 400/110 киловолтната трансформаторска станица, во близина на Охрид, што во пракса значи реализацијата и на 400 киловолтниот далекувод за поврзување на електропреносните системи на Северна Македонија и на Албанија. Премиерот Зоран Заев во своето воведно обраќање на настанот во организација на МЕПСО, истакна дека со оваа...

Бектеши: Ќе се крати бројот на членови во управните и надзорните одбори во јавните претпријатија

Крешник Бектеши
На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница го усвои Предлог -законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија со кој се намалува бројот на членови во управните и надзорните одбори во јавните претпријатија. Согласно новото законско решение бројот на членови на управните одбори се намалува од сегашните 15, на 7 членови , односно 5 во...

Бектеши и Скрекас го потпишаа Договорот за изградба на гасоводот Грција-Северна Македонија

Министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за животна средина и енергија на Република Грција, Костас Скрекас, денеска во Атина го потпишаа Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Грција за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас, Грција-Северна Македонија. Со потпишувањето на овој Договор се гарантира намерата на Владите на двете земји да ја...

Свадби ќе се организираат и во затворен простор до максиумум 250 гости, одлучи Владата

На предлог на Министерството за економија, Владата денеска донесе одлука од 1 јули да се дозволи организирање на свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши. Оваа одлука ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година. На предлог на...

Бектеши-Качка: Наскоро во Украина ќе се извезуваат македонски производи без царина

На третата седница на меѓувладината комисија според Договорот за македонската влада и украинската влада за трговска и економска соработка, со која претседава министерот за економија Крешник Бектеши и заменик министерот за економски развој, трговија и земјоделство на Украина, Тарас Качка, договорено е нашите производите од земјоделско-прехранбениот сектор да се извезуваат без царина или со намалена царина. За тоа е...

Бектеши: Субвенции до 300 евра за граѓаните кои во возилата ќе вградат уред на плин или метан

Сите граѓани кои имаат возила не постари од 2005 година, од утре ќе можат да купат и да вградат уред на погон на течен гас (ТНГ), метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, при што ќе остварат поврат од 50 проценти од трошокот, но не повеќе од 18.000 денари, информираше на денешната прес конференција, министерот за економија,...

Бектеши: Регионалната поврзаност на економиите е услов за поголема трговска соработка и инвестиции

Економско-инвестицискиот план е клучниот документ за Западен Балкан, развивајќи нови иницијативи и проекти за создавање на посилни врски и мрежи во инфраструктурата, дигитализација и поврзување на енергијата и транспортот, како нов стимул за економски раст. Заедничката позиција на овој план е подобра поврзаност на економиите во регионот во фундаментални реформи за развој на заеднички регионален пазар, заснован врз законодавството...

Министри и вицепремиери денеска се вакцинираа против ковид-19

Денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“ се вакцинираа вицепремиерите Фатмир Битиќи и Никола Димитров, како и министрите Бојан Маричиќ, Крешник Бектеши и Горан Милевски. Министерот за економија Крешник Бектеши на неговиот фејсбук-профил напиша дека вакцините се безбедни, проверени, тестирани и, навистина, колку побрзо заврши процесот на имунизација толку побрзо ќе заврши оваа борба со овој невидлив непријател. Вицепремиерот за...

Објавени се јавните повици од шестиот пакет на економски мерки во износ од 17,8 милиони евра

Владата, Министерството за економија, Генералниот секретаријат почнаа со објавата на мерките кои произлегуваат од шестиот сет на државна финансиска помош, наменета за едни од најпогодените сектори од ковид-кризата. Министерот за економија, Крешник Бектеши на прес-конференција истакна дека приоритетен сектор во овие шест мерки до сега се туризмот и угостителството кои до сега беа поддржани преку плати за вработените, бескаматни кредитни...

Бектеши-Домбровскис: Потребна е реформа кон отворена трговија за да се врати растот и вработеноста после ковид-19

Северна Македонија е силен поддржувач на мултилатералниот трговски систем заснован на правилата во Светската трговска организација (СТО), кој дава поголема сигурност во трговските односи, особено за малите земји, и придонесува за промовирање на отворена трговија, глобален економски раст и создавање нови работни места. Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната средба со извршниот потпретседател на Европската комисија за економија која...

Вистиномер: Во Грција може да оди секој кој ќе се вакцинира или има имунитет на ковид-19, за тоа не одлучува Бектеши

Нападот врз министерот за економија Крешник Бектеши од страна на пратеникот Павле Трајанов е неоснован и неумесен, пишува Вистиномер.мк во својот најнов Контраспин, што го пренесуваме подолу. „Најавата на грчките власти дека за граѓаните од Србија ќе биде отворена туристичката сезона на 15 мај, во земјава донесе изјави и текстови во медиумите во кои се бара нашите власти да издејствуваат...

Ќе се делат субвенции од 1,3 милиони евра за зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата

Крешник Бектеши фото Влада на РСМ
Владата преку буџетот на Министерството за економија, во рамки на Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата, обезбеди вкупно 82 милиона денари (1,3 милиони евра) за субвенции на домаќинствата за 2021 година, кои ќе се реализираат преку веќе објавените четири јавни повици. Тие се однесуваат на надоместување на дел од трошоците...

Субвенции од 663 илјади евра за поддршка на жени претприемачки, мали бизниси и занаетчии

Крешник Бектеши
Министерството за економија ги презентираше трите јавни повици од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво (КИП) за 2021 година, за поддршка на домашни компании, објавени пред десетина дена. Околу 663 илјади евра се предвидени за субвенции за микро и мали претпријатија, за женско претпримеништво и за занаетчии, за нивни пријавени трошоци во 2020 и во 2021 година. За микро и мали компании рокот за аплицирање...

Бектеши уште еднаш ја повика опозицијата да ги поддржи законските решенија за мерките за помош на стопанството

Министерот за економија Крешник Бектеши, ја повика опозицијата да ги поддржи законските решенија од петтиот сет мерки на Владата, но и дел од законските решенија од четвртиот сет кој што беше донесен минатата година, а сѐ уште не се изгласани во Собранието. „Во Собранието сѐ уште има недонесени закони за реализирање на четвртите пакет мерки. Четвртиот сет економски мерки ги...

Бектеши: Мерките на Владата имаат за цел побрзо враќање на туризмот во нормала

Крешник Бектеши
Туризмот е една од најпогодените индустрии од пандемијата на ковид-19 и заедничката цел на Владата и на туристичко-угостителскиот сектор е оваа криза што побрзо да заврши и работењето да се врати во нормала. Ова го порача министерот за економија Крешник Бектеши, на Петтата туристичка берза, организирана од Националната асоцијација за дојдовен туризам-НАИТМ. „РСМ е една од земјите за која туризмот...

Бектеши: Со интерконекторот за гасно поврзување со Грција, гасот од Азербејџан ќе стигне и на нашиот пазар

министерски состанок Баку
Изградбата на национален гасоводен систем и неговото поврзување со регионалните системи, како и изградба на дистрибутивните системи за природен гас, се едни од приоритетите на Владата во енергетската инфраструктура. Природниот гас е корисен енергенс со широк опсег на уотреба во домаќинствата, индустријата и сообраќајот, како и за производство на електрична енергија и топлина. Ова го посочи министерот за економија Крешник...

Земјава ќе го ревидира договорот за слободна трговија со Турција, стар 20 години

Билатералниот Договор за слободна трговија меѓу Северна Македонија и Турција, склучен пред 20 години, ќе се модернизира и надградува. Тоа е договорено во Анкара на денешната средба меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и Рухсар Пекчан, министерката за трговија на Република Турција, на кој ревидирањето на Договорот за слободна трговија било главна тема, соопшти Министерството за економија. Бектеши изјавил дека...

Возилата со странски таблички од утре ќе може да се регистрираат во земјава

Министерството за економија го донесе Правилникот за поединечно одобрување на возила, по што од утре ќе може да стартува регистрацијата на возилата со странски регистарски таблички во земјава. Ова денеска го изјави министерот за економија Крешник Бектеши, кој во изјава за медиумите рече дека со усвоениот закон се предвидувало да се донесат соодветни правилници, кои се веќе завршени. Инаку, имплементацијата...

МФ: На фирмите вратени 397,4 милиони евра од ДДВ во 2020 година

Минатата година во стопанството се слеале 397,4 милиони евра врз основа на враќање на данок на додадена вредност (ДДВ) кон фирмите. „И покрај тоа што 2020 беше кризна година, минатата година има најголем поврат на ДДВ како процент од бруто наплатениот данок во споредба со изминатите години, додека исплатата се одвиваше редовно и без застои“, соопшти Министерството за финансии (МФ). Според...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...