fbpx
Таг: Кремљ

таг: Кремљ

Русија потрошила 300 милиони долари во последните 8 години за да влијае на светската политика

Русија, користејќи тајни методи, од 2014 година потрошила повеќе од 300 милиони американски долари за своите обиди да влијае врз политичари и функционери во речиси 25 земји, соопшти Си-би-ес цитирајќи го Стејт Департментот (Министерството за надворешни работи на САД). Според наводите што се изнесени, а се повикуваат на нови разузнавачки извештаи за руските обиди за тајно влијание во поддршка на...

Путин на Парадата на победата во Москва без големо изненадување – зборуваше за „одбрана на татковината“

Говорот на рускиот претседател Владимир Путин на големата парада по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот што се одржа во Москва, не донесе никаква крупна најава, како што се шпекулираше во изминатите денови. Тој повторно се обиде да ја оправда инвазијата на Русија врз Украина, велејќи дека НАТО и Украина создавале „неприфатливи“ закани на руските граници...

Израел вели дека Путин се извинил за изјавата на Лавров за еврејско потекло на Хитлер, а Кремљ молчи

Кремљ одби да каже дали претседателот Владимир Путин му се извинил на израелскиот премиер Нафтали Бенет за изјавата на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, дека Адолф Хитлер имал еврејско потекло, јави Ројтерс. Вчера израелскиот премиер Бенет рече дека Путин се извинил за забелешките и дека тој го прифатил извинувањето и „му се заблагодарил што го разјасни својот...

Новинарката која ја разоткри руската пропаганда среде вести на државната руска телевизија, е пријавена за исчезната

Марина Овсинјакова, новинарката и уредничка на руската државна телевизија „Канал 1“ која вчера протестираше против војната во Украина и пропагандата на Кремљ, е пријавена за исчезната, јави Би-Би-Си. Вчера, среде вестите во живо на државната телевизија, таа се појави зад водителката и извика „Запрете ја војната“  држејќи транспарент на кој пишуваше: „Не за војната, прекинете ја војната, не верувајте во...

Русија стави блиски соработници на Навални на листата на „терористи и екстремисти“

Руските власти ги ставија двајцата најблиски соработници на затворениот опозиционер Алексеј Навални на листата на „терористи и екстремисти“, како најнов чекор на дејствување против критичарите на Путин и на неговите соработници, јави „Moscow Times". Долгогодишните соработници на затворениот Навални, Леонид Волков и Иван Жданов се додадени на листата на Федералната служба за финансиско следење, што значи дека ќе им бидат...

Еувсдисинфо: Од Кремљ без љубов

Ова беше напорна недела за проруските медиуми: покрај тоа што измислија „англосаксонски“ провокации и злобни глобалистички заговори со Папата, мораше да се справат и со проблеми на домашен терен, пишува „Еувсдисинфо“, пренесе „Критинк“. По бруталното разбивање на протестите во Русија за поддршка на затворениот опозициски политичар Алексеј Навални, неговиот тим ги повика Русите да учествуваат на мирниот протест: да мавтаат со...

ДФРЛаб: Про-Кремљ медиумите дезинформираа дека за вакцината Спутник V е успешно аплицирано за одобрување во ЕУ

Про-Кремљ медиумите брзо ја раширија веста дека Рускиот фонд за директни инвестиции успешно аплицирал за одобрување на вакцината Спутник V на пазарот на Европската унија. Истите центри, сепак, беа помалку желни да признаат дека апликацијата е поднесена преку онлајн платформа што Европската агенција за лекови (ЕМА) не ја користи од 2015 година, пишува ДФРЛаб, пренесе Критинк. Про-Кремљ изворите претходно го засилија негативното...

Еувсдисинфо: Избегнување наместо диjалог

Кремљ одговори на поканата на Европската унија за дијалог со обид да го сврти вниманието од кршењето на меѓународните обврски на Русија и сопствените закони, пишува „Еувсдисинфо“, пренесе „Критинк“. За време на прес-конференцијата којашто следеше по состанокот помеѓу потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Жозеп Борел и министерот за надворешни работи...

„Eувсдисинфо“: Телевизијата РТ, информативно оружје на Кремљ

Телевизијата РТ е основана во 2005 година со една недвосмислена  цел – да ја раскаже руската перспективата за светските настани и да ја зајакне позитивната слика за земјата, пишува во последниот напис на „Еувсдисинфо“, што „Критинк“ го пренесува. Првичната идеја беше телевизијата да се бори против застарениот поглед на Русија,  врзан за „Комунизмот, снегот и сиромаштијата“. Маргарита Симонијан, новинарка од репортерскиот...

Еувсдисинфо: Руски медиуми половина лага продаваат како цела вистина

Про-Кремљ медиумите ја совладуваат уметноста „речиси и да не лажат“. Неколку од овие медиуми внимателно известуваат буквално за секој случај на евидентирани несакани ефекти на вакцината на Фајзер, додека исто толку внимателно избегнуваат какви било извештаи за проблеми со руската вакцина Спутник V, пишува во последниот напис „Еувсдисинфо“, што го пренесува „Критинк“. Државната новинска агенција „РИА Новости“ воведе ознака „Pfizer,...

Еувсдисинфо: Про-Кремљ медиумите со нов омилен манипулативен збор

Про-Кремљ медиумите досега ја етикетираа руската опозиција како „фашисти“, „сатанисти“, „Малтузијанци“, глобалисти… Но, од неодамна, „неолибералите“ станаа ново омилено „страшило“ – баук за про-Кремљ медиумите, пишува „Еувсдисинфо“. Терминот „неолиберал“ не беше многу чест во базата на податоци на дезинформации, но во текот на првите недели од 2021 година тоа е веќе новиот омилен збор за прo-Кремљ медидумите. „Јужниот фронт“ го употреби терминот скоро 30 пати за...

EUvsDISINFO: Кремљ орвеловски го толкува Орвел

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот и во светот. Сервисот на ЕУ за проверка на информациите од Источната наменска група на...

Вистиномер: Нема ништо „пранкерско“(шегобијно) во индициите дека Москва се меша во изборите

Објавувањето на старо аудио за разговор на „Грета Тунберг“ и Зоран Заев во овој момент, нема никаква допирна точка со наводната шегобијност, туку со директно инволвирање во изборите во РСМ од страна на „пријателите на Кремљ“, пишува „Вистиномер“. Има една голема разлика помеѓу објавувањето на нелегално прислушкуваните разговори за функционери на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ во оваа предизборна кампања и...

Медиуми блиски до Кремљ продолжуваат со нападот на САД со дезинформации

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот и во светот. Сервисот на ЕУ за проверка на информациите од Источната наменска група на...

Со видео со хомосексуалци Русите се заплашуваат да гласат за уставните измени по мерка на власта

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот и во светот. Сервисот на ЕУ за проверка на информациите од Источната наменска група на...

ЕУ предупредува на наплив на дезинформации за Ковид-19 „испорачани“ од Русија

На прв поглед се забележува дека напорите за ширење дезинформации за новиот корона вирус Ковид-19, кои ги има во изобилство, се во насока на потпомагање на руските интереси, пишува euvsdisinfo.eu, проект на ЕУ за предвидување и сузбивање на дезинформациските кампањи што доаѓаат од Русија. Дезинформациите се во различни форми – од пишување на про-кремљовски онлајн медиум дека новиот корона вирус...

Русија интензивно ја злоупотребува слабата финансиска моќ на балканските медиуми

Еден од најефикасните механизми за засилување на руското влијание во Југоисточна Европа (ЈИЕ) беше примената на прецизни инструменти на моќ, како „заробување“ медиуми, културни и верски врски и спонзорирање на активности на граѓанското општество. Целта на овие е да се создаде поволна средина за присуство на руските бизниси, а во исто време да се продлабочат политичките поделби и да...

На дезинформациите на Кремљ треба да се спротивставиме со точност

Брајан Витмор, постар истражувач и директор на Руската програма во Центарот за анализа на европските политики (ЦЕПА), истражувачки институт посветен на студии за Источна, Централна Европа и Русија, одржа виртуелно предавање, кое можеше да се следи во четири градови од Источна Европа: Букурешт, Киев, Подгорица и Скопје за справувањето со дезинформациите кои потекнуваат од Кремљ, како резултат на актуелните...

Кремљ внимателно ја следи ситуацијата во Македонија, вели портпаролот на Путин

Кремљ внимателно ја следи ситуацијата во Република Македонија по вчера одржаниот референдум за промена на името и членството на земјата во НАТО и ЕУ, изјави денеска Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин. - Ние сметаме дека безусловно сите процеси треба да останат во рамките на владеењето на правото и почитување на законите - рече Песков во изјава за...

Кремљ ја оцени одлуката на САД за „Раша тудеј“ како непријателски чекор

Одлуката на Вашингтон да ги повлече акредитациите на новинарите на руската агенција „Раша тудеј“ за пристап во Конгресот на САД, поради нејзиниот статус на „странски агент“, е непријателски чекор, соопшти денеска Кремљ. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва е длабоко разочарана од ваквата одлука на Вашингтон и додаде дека рускиот парламент може „емотивно да одговори“ на новите рестрикции...

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...