fbpx
Таг: Кредитори

таг: Кредитори

ЕК: Нема нови предлози за Грција

Европската комисија нема да ѝ претстави нови предлози на Грција од името на меѓународните кредитори на Атина, изјави портпаролката на ЕК, Мина Андреева. Комесарот за економски и за монетарни прашања на Европската унија, Пјер Московиси, претходно изјави дека Комисијата денеска ќе излезе со нови предлози за Грција. Прес-службата на ЕК вчера соопшти дека Јункер денеска ќе одржи прес-конференција за Грција во...

Ципрас пресече: Референдум за мерките на 5 јули

Грците на 5 јули ќе одлучуваат за иднината на државата и за пакетот мерки што ги предлагаат европските кредитори. Премиерот Алексис Ципрас по пет месеци неуспешни преговори и натегања со европските партнери, како и силни притисоци за построги мерки, одлучи да ја стави судбината на државата, нејзиното останување во еврозоната, финансиската стабилност и иднина во рацете на граѓаните. Грчкиот народ в...

ЕУ и ММФ бараат од Грција да ги намали трошоците и да ги зголеми даноците

На преговорите во Брисел, министрите за финансии на Еврозоната, Европската централна банка и ММФ бараат од Атина да ги намали државните трошоци и давачки за пензија за 11 милијарди евра, како и да ги намали трошоците за одбрана за 400 милиони евра. Тие го отфрлија предлогот на грчкиот премиер Алексис Ципрас да се воведе данок на компаниите кои имаат профит...

Историски самит на ЕУ за иднината на Грција

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска има средба со судбината во Брисел. „Ден Д“ за Грција, договор или нова финансиска неизвесност и можен банкрот е дилемата со која Ципрас ќе се соочи вечерва на вонредниот самит на Европската унија. Грчкиот премиер е веќе во белгиската престолнина, со доставени нови предлози и реформи до европските кредитори, кои ќе чекаат на нивно одобрување...

Атина не постигна договор со кредиторите

Состанокот на министрите за финансии од еврозоната во Луксембург е завршен вечерва без да се постигне спогодба за грчката должничка криза, јавува британскиот весник „Гардијан“. „На состанокот на еврогрупата не е постигнат договор. На Грција ѝ е испратен силен сигнал сериозно да се вклучи во преговорите, Еврогрупата е подготвена повторно да се сретне во секој момент“, напиша потпретседателот на Еврокомисијата задолжен за...

Грчка народна банка: Без договор, Грција ја чека излез од еврозоната, банкрот и можно напуштање на ЕУ

Грчката народна банка ја предупреди владата на Алексис Ципрас дека непостигнувањето договор со европските кредитори ќе биде еднакво на банкрот, принудно напуштање на еврозоната, а веројатно и на Европската унија. Во извештајот на Народната банка за грчката фискална политика се подвлекува дека неуспехот и пропаѓањето на неколкумесечните преговори во вода ќе биде катастрофално за Грција и со сигурност ќе...

Ципрас: Нема да ја закопаме европската демократија во местото каде е родена

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ги обвини европските институции за следење сопствени политички цели и агенда против Грција со обидите за воведување нови строги мерки за штедење кои одново ќе го стегнат финансискиот ремен на Грција. По синоќешното фијаско во Брисел и ненадејното заминување на грчките претставници од преговарачката маса, по обидот да се наметнат мерки за намалување на пензиите и за пораст на...

Грција ненадејно ги напушти преговорите во Брисел

Преговорите меѓу Атина и Брисел повторно удрија во ѕид. Грчкиот преговарачки тим ненадејно ја напушти преговарачката маса и се враќа назад во Грција без да биде постигнат конечен договор со европските кредитори. Според информациите, двете страни остануваат на своите црвени линии, а со тоа големи се разликите и несогласувањата околу реформите и мерките што би требало да ги преземе Грција. Грчката страна, наводно, заминала...

Ципрас со ултиматум: Или одржливо решение или големо „не“ за европските барања

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, стави крај на шпекулациите за предвремени избори во Грција, но и на ставовите дека грчката влада ќе ги погази целосно црвените линии. На вчерашниот состанок со членови од владата во премиерскиот кабинет, Ципрас истакнал дека треба да се престане и да се заборави на сите идеи и разговори за предвремени избори и за референдум доколку договорот...

Грција и кредиторите се договорија да продолжат да се договараат

Без конкретен резултат заврши синоќешната средба на грчкиот премиер Алексис Ципрас и на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, во Брисел. Двајцата политичари договорија нова средба, која се очекува да се одржи в петок, повторно во европската престолнина. Ципрас по состанокот со Јункер посочи дека средбата поминала во добра клима и зачестените искрени преговори ќе помогнат да се дојде...

Етингер: Можно е неделава да се постигне договор меѓу Атина и кредиторите

Европскиот комесар за економија и дигитално општество, Гинтер Етингер, изјави дека е можно Грција и нејзините кредитори неделава да постигнат договор. - Потребен ни е напредок на ниво на работни групи, за да се постигне согласност за планот за реформи. Можен е до крајот на неделава. Со тоа би се овозможила исплата на последната транша од финансиската помош – изјави Етингер...

Грција во нов јуриш за договор со европските кредитори

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, најави дека Грција нема да ја плати следната рата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) доколку не биде постигнат договор со европските партнери. Во интервју за американската телевизија „Си-Ен-Ен“, грчкиот министер истакна дека Атина веќе нема да може да ги плаќа ратите како досега бидејќи претходно постоел договор дека Атина ќе добива финансиска помош за да...

Меркел: Има уште многу до постигнување договор со Грција

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска, по состанокот со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Рига, изјави дека останува уште многу да се направи за да се избегне финансискиот колапс на Грција. Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, на маргините на Самитот за Источното партнерство, околу два часа разговараа со Ципрас. Оланд по состанокот изјави дека на оваа средба не било планирано да се...

Самарас бара Грција итно да го потпише договорот со кредиторите

Поранешниот грчки премиер и лидер на опозициска партија Нова демократија, Андонис Самарас, алармираше дека времето за потпишување на договорот со кредиторите истекува и оти владата треба да го потпише договорот. Самарас, по вчерашната средба во Брисел со претседателот на Европската комисија, Жан –Клод Јункер, и со други високи претставници на ЕУ, рече дека пораката што ја добил е јасна. - Владата мора...

Грција ќе ги интензивира обидите за договор со кредиторите

Грчката влада со оптимизам очекува дека до недела ќе успее да постигне договор со европските партнери. Според информациите во Атина, извори од кабинетот на премиерот Алексис Ципрас изјавиле дека тој ќе ги интензивира преговорите и контактите со европските партнери за да издејствува напредок и договор до недела. Оцените во Грција се дека реконструкцијата на преговарачкиот тим и менувањето на Јанис Варуфакис од главен преговарач,...

Кредиторите утре ќе ги разгледаат предлог-мерките на Грција

Претставниците на Грција и меѓународните кредитори утре ќе ги разгледуваат нацрт-реформите за кои Атина се надева дека ќе бидат одобрени и ќе овозможат пуштање на неопходните заеми. Нацртот би требало да опфаќа мерки кои ги предложи министерот за финансии, Јанис Варуфакис, за време на преговорите со кредиторите, кои се одолжија повеќе од три месеци и предизвикаа страв дека Грција нема...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...