Таг: кредитни картички
таг: кредитни картички
АНАЛИЗА: Се стега кредитниот ремен, каматата надмина 5 отсто
Кредитите и дефинитивно значајно поскапеа. Ако 2022 година започна со камата од 4,3 отсто, во оваа нова банкарска година каматата на вкупните кредити достигна 5%, а новоодобрените дури се и со повисока камата. Високите камати веќе се одразија врз кредитирањето и има забавено темпо во првиот квартал од оваа година. Кај граѓаните најголем дел од долгот кон банките е...
МВР и УЈП предупредуваат за обиди за крадење на лични податоци преку е-писма и СМС пораки
Министерството за внатрешни работи (МВР) и Управата за јавни приходи (УЈП) ги предупредуваат граѓаните да не веруваат на СМС пораките и електронските писма наводно испратени од овие две институции, да не се кликнува на линковите и да не се внесуваат лични податоци на страниците што ќе се отворат или да не ги испраќаат никакви лични податоци преку Вибер.
Станува збор...
Виза и Мастеркард се повлекуваат од Русија, ограничувања за корисниците на нивните картички
Глобалните гиганти во бизнисот со кредитни и дебитни картички Виза и Мастеркард објавија дека ги прекинуваат трансакциите во Русија како резултат на руската инвазија врз Украина, јавува Би-би-си.
Овие два гиганти контролираат над 90 отсто од плаќањата со кредитни и дебитни картички во светот, без територијата на Кина. Сите корисници коишто имаат картички на Виза и Мастеркард од руски банки...
Расте бројот на плаќања со картички на каса и за дигитални плаќања, како и преку електронско банкарство
Во вториот квартал на годинава значителен пораст имало на бројот на плаќања од граѓаните со платежни картички и на физичките продажни места и на интернет, а во голем број обем пораснал и бројот на плаќања преку електронското банкарство, соопшти Народна банка на Република Северна Македонија (НБРСМ)
Плаќањата од страна на граѓаните во трговијата во земјата со платежни картички издадени од...
Граѓаните навалија на потрошувачки, станбени и автомобилски кредити
Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, забележаа месечен пораст од 1,4 отсто и 1,5 отсто додека годишниот пораст изнесува 12,1 отсто односно 13 отсто, покажуваат најновите податоци на Народната банка за монетарните движења во јули, годинава.
„Кај автомобилските кредити, овој месец е евидентиран месечен и годишен пораст од 1,4 отсто...
Македонец осуден на 17 години затвор во САД за продавање украдени финансиски податоци
Федералниот суд во Бруклин во петокот го прогласи македонскиот државјанин Џеваир Аметовски за виновен за измама и продавање лични податоци од украдени кредитни картички преку веб-сајт наречен „кодшоп“, соопшти американското обвинителство.
Триесетгодишниот Аметовски се соочува со 17-години затвор, а неговите адвокати, како што наведуваат американските медиуми, засега не ја коментираат пресудата.
Аметовски, кој на интернет бил познат по алијасите „кодшоп“, „синдром“...