fbpx
Таг: ковид19

таг: ковид19

Во Тетово започна сезоната на загаден воздух, експертите алармираат дека тоа ќе влијае на пандемијата

Започнаа месеците кога жителите на општина Тетово дишат нечист воздух и тоа ќе се случува се додека не се зголемат температурите и кога загадувањето ќе се намали. Последните десет дена во Тетово, ПМ-10 честичките ја надминаа границата од 50 микрограми. Општина Тетово минатата година за Порталб.мк вети дека ќе ангажира повеќе инспектори за животна средина, сепак, ангажиран е само...

Во последното деноноќие регистрирани се 1.085 нови случаи на заразени од корона вирусот

Во последното деноноќие регистрирани се досега најголем број на потврдени случаи на заразени со новиот корона вирус во едно деноноќие – 1.085. Вкупниот број на тестови во претходните 24 часа е 3.294, што значи дека процентот на заразени е околу 33 отсто. Како што соопшти Министерството за здравство, наголем дел од регистрираните нови случаи се во Скопје - 447, Куманово-69,...

Директорот на Државниот студентски центар, Дарио Николовски позитивен на ковид-19

Директорот на Државниот студентски центар, Дарио Николовски на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на корона вирус. „Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај дословното придржување и почитување на мерките сум позитивен на корона вирусот и според препораките останувам во изолација. Корона вирусот е насекаде околу нас, бидете внимателни и доколку имате симптоми останете во изолација. Само...

Вчера починаа тројца пациенти на Инфективното одделение во штипската болница

Вчера попладне починаа тројца пациенти, хоспитализирани на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип двајца на возраст од 60 и еден на 79 години. Меѓутоа, само еден од починатите е со потврден тест на ковид–19, додека останатите двајца имале негативен тест. Засега нема објаснување од Клиничката болница, иако пациентите со негативни тестови биле донесени со симптоми на ковид. Црниот биланс во...

Училиштата да се затворат единствено кога ќе нема други алтернативи, вели претставничката на УНИЦЕФ во земјава

Кога се размислува дали да се укине наставата со физичко присуство треба да се направи добра проценка за придобивките наспроти ризиците имајќи ги предвид здравствените, образованите и другите социо-економски фактори. Она што со сигурност го знаеме е дека затворањето на училиштата има јасни негативни ефекти врз здравјето, образованието и развојот на децата, семејниот приход и вкупната економија, истакнува Патриција...

Нови 934 случаи со ковид-19, вкупната бројка надмина 30 илјади

Во последното деноноќие регистрирани се досега најголем број на потврдени случаи на заразени со новиот корона вирус во едно деноноќие - 934. Вкупниот број на тестови во претходните 24 часа изнесувале 2.748 тестирања што значи дека скоро 34 отсто од тестираните биле позитивни. Како што соопшти Министерството за здравство, наголем дел од регистрираните нови случаи се во Скопје-420, потоа во...

Црногорскиот владика Амфилохије почина од оштетувања на белите дробови предизвикани од ковид-19

По повеќе од 20 дена откако заболел од ковид-19, иако ја пребродил болеста, денеска како последица на оштетувањето на белите дробови, починал Митрополитот црногорско приморски, г. Амфилохије. Според краткото соопштение од Правосланата црногорско-приморска митрополија, Амфилохије починал утрово во 8:20 часот во Клиничко-болничкиот центар на Црна Гора, откако ја примил светата причест. Како што соопштуваат црногорските медиуми, присуството на новиот коронавирус кај...

Дезинформациите не беа навреме препознаени како закана за демократијата

Одредени граѓански организации на Балканот, како Фондацијата Метаморфозис, пред скоро цела деценија почнаа да ги разгледуваат ефектите од дезинформациите, спиновите и пропагандата, но овие појави тогаш не беа препознаени како сериозна закана за демократијата. Владата нема ексклузивно место во борбата со појавата на дезинформациите, теориите на заговор и манипулациите, туку во таа битка треба заедно да настапат сите општествени...

Помина фазата на шок од ковид-19, сега се присутни лутината, отпорот и фрустрацијата, велат психолозите

Осум месеци светот, вклучувајќи ја и нашата држава живее под поинакви услови поради пандемијата со ковид-19. Вирусот наметна нови правила на секојдневно функцинирање и ако на почетокот од пандемијата, се случуваше „првиот бран“ на енормно пазарување поради страв и ширење на паника и дезинформации, се чини дека во текот на летото овој бран се смири. Сега, месеци подоцна, дел...

Регистрирани нови 628 случаи со корона вирус, 15 пациенти се починати, а 531 оздравени

Во последните 24 часа се направени 2.236 тестирања, а регистрирани се 628 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-353, Куманово-33, Штип-13, Прилеп-36, Тетово-33, Струга-11, Велес-34, Битола-28, Охрид-17, Кавадарци-7, Гостивар-7, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-2, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-6, Кичево-6, Ресен-1, Неготино-2, информираат од Министерството за здравство. Активни случаи и натаму има најмногу во Скопје...

МОН: Регистрирани се 40 ученици и 52 наставници позитивни на ковид-19 кои оделе на настава со физичко присуство

Помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта се заразени со ковид-19. Согласно овие податоци, може да се заклучи дека протоколите се ефикасни во намалување на ризиците за ширење на вирусот, информираат од Министерството за образование и наука (МОН). „Според извештаите кои училиштата секојдневно ги доставуваат до МОН, од вкупниот број 259.235 ученици на ниво...

Регистрирани нови 640 случаи со ковид-19, починаа 12 лица, а оздравени се 143 пациенти

Во последните 24 часа се направени 2.634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-272, Куманово-43, Дебар-5, Штип-17, Прилеп-41, Тетово-41, Струга-4, Велес-11, Битола-10, Охрид-24, Кавадарци-41, Гостивар-12, Гевгелија-11, Струмица-24, Крива Паланка-2, Радовиш-9, Кочани-20, Пробиштип-3, Берово-2, Валандово-3, Виница-4, Делчево-3, Свети Николе-7, Кичево-17, Ресен-4, Неготино-10, информираат од Министерството за здравство. Во Скопје и натаму има најголем број (3.174)...

За два дена 74 нови случаи на ковид-19 во Прилеп

За само два дена во Прилеп се евидентирани 74 случаи на лица инфицирани со корона вирус. Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска едно лице на 73 годишна возраст ја изгуби битката со болеста. Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски денеска категорично порача, граѓаните, институциите и правните субјекти, доследно и без исклучок да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството...

Театар во време на корона: Драмски може да прими најмногу 62 постители на претстава, а МНТ до 120

Неодамна повторно се отворија театрите кои поради пандемијата, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот, во март мораат да стават клуч на вратите. Овој пат, со нови услови за работа актерите се вратија на сцената. Со новите препораки, културни настани на затворено може да се организираат со 30 отсто од капацитетот на местото каде што се одржува...

Рекордни 594 нови случаи на ковид-19, вкупната бројка надмина 23.000

Денеска регистрирани рекорден број на заразени лица со корона вирус. Министерството за здравство дури вечерва ги соопшти резултатите од Институтот за јавно здравје за новите случаи на заболени од ковид-19. Според нив, во последните 24 часа се направени 2.617 тестирања, а регистрирани се 594 нови случаи и тоа во: Скопје-303, Куманово-22, Дебар-5, Штип-13, Прилеп-19, Тетово-26, Струга-12, Велес-17, Битола-18, Охрид-10,...

Во Охрид за една недела регистрирани се 42 лица со ковид-19

Во периодот од 10 до 16 октомври, земени се материјали (брис од грло и нос) за тестирање на присуство на ковид-19 од вкупно 147 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје, информираат од Центар за јавно здравје Охрид. „Од вкупно земените материјали, 84 се земени...

Филипче очекува идната недела по скратена постапка да се усвојат предложените рестриктивни мерки

Предлозите од Комисијата за заразни болести за поригорозни мерки во вид на законски измени треба да бидат усвоени по скратена постапка во Собранието, заедно со владините уредби. Министерот за здравство, Венко Филипче денеска во Штип изјави дека очекува тоа да се случи веќе наредната недела. „Се изнуди таква ситуација да мора да се интервенира, затоа што дел од уредбите, препораките...

Филипче објави фотографија од партиски состанок на ВМРО-ДПМНЕ каде не се почитуваат заштитните мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот Твитер профил објави фотографија со членовите на ВМРО-ДПМНЕ на која дваесетина луѓе не носат заштитни маски, ниту одржуваат дистанца. „Состанок на ВМРО-ДПМНЕ за барање одговорност од власта за корона вирусот“, напиша министерот. https://twitter.com/VFilipche/status/1317191147731750912 Здравствените власти најавија дека од следната недела ќе се воведат нови мерки за заштита, откако Комисијата за заразни болести препорача задолжително носење...

Во последните 24 часа изречени 541 казна за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 541 прекршок, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19. Мета.мк претходно извести дека само за 15 дена во октомври се изречени казни...

Поради моменталната ситуација со ковид-19, Таксират фестивал ги одложи концертите на „Лајбах“ и Страјк

Концертот на музичката група Лајбах и концертот на македонскиот рапер Страјк кои требаше да се одржат на 29 односно 23 октомври, се одложени, информираат од Таксират фестивал, во чиј склоп требаше да се одржат истите. „Поради моменталната здравствена ситуација и сè построгите ограничувања и мерки, решивме двата наредни настани во склоп на 22-рото издание на Таксират Фестивал – концертот на...

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8...