fbpx
Таг: ковид криза

таг: ковид криза

Порталб.мк: Во Тетово за една година без работа останаа 7.588 лица, од кои 1.157 поради пандемијата 

Вкупно 7.588 граѓани од Тетово и од пет околни општини се додадени на списокот на невработени лица во последните 12 месеци, од кои 1.157 останале без работа поради последиците од пандемијата на ковид-19. Во исто време, минатата година вкупниот број на невработени во овој регион изнесуваше 13.194 лица, додека денес е 20.728, пишува Порталб.мк. Вкупното население на Тетово, заедно со...

Социјализација преку социјални мрежи: Младите и предизвиците со менталното здравје во време на пандемија

Ограничен физички контакт, нови начини на социјализација, настава од дома, страв и неизвесност за иднината се дел од предизвиците со кои се соочија младите во текот на глобалната криза со ковид-19. За некого време за себе, за некого отежнато секојдневно функционирање. Индвидуално, младите на различен начин ја прифатија светската здравствена криза. „Депресијата, burnout и стресот ќе бидат најзастапени предизвици со...

Бесими: Антикризните мерки го амортизираа падот на економијата за 2 процентни поена

Фатмир Бесими фото: Министерство за финансии
Четирите владини пакети на антикризни мерки го намалија падот на економската активност во 2020 за околу 2 процентни поена, а ефектите од спроведените мерки се гледаат и преку стапката на невработеност која во третото тримесечје се намали, како и просечната плата која лани во континуитет растеше. Како што соопшти Министерство за финансии, ова го изјавил во интервју за „Капитал“...

Бектеши: Мерките на Владата имаат за цел побрзо враќање на туризмот во нормала

Крешник Бектеши
Туризмот е една од најпогодените индустрии од пандемијата на ковид-19 и заедничката цел на Владата и на туристичко-угостителскиот сектор е оваа криза што побрзо да заврши и работењето да се врати во нормала. Ова го порача министерот за економија Крешник Бектеши, на Петтата туристичка берза, организирана од Националната асоцијација за дојдовен туризам-НАИТМ. „РСМ е една од земјите за која туризмот...

Во петтиот пакет мерки, финансиската помош за фирмите и граѓаните изнесува 160 милиони евра

Петтиот економски пакет кој ќе биде наменет за финансиска помош на компаниите и граѓаните тежи 160 милиони евра, истакна денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев. Истиот содржи 29 мерки, распоредени во четири главни столба: директна финансиска поддршка за компаниите во туризмот, занаетчиството, угостителството, транспортот, индустријата за организација на настани со цел задржување на работните места, финансиска поддршка за ликвидноста на...

Порталб.мк: Најработоспособните до 49 години – најмногу на удар на економската криза [инфографик]

Најранливи на економската криза се вработените до 49 години, покажува анализата на Порталб.мк. Невработеноста на младите се намалува, но и натаму останува најдлабока. Ковид-19 кризата истисна на површина бројни проблеми и слабости на пазарот на труд. Ова се дел од наодите во анализата „Владино планирање – ефективност на владините мерки за справување со ризиците на пазарот на труд и начинот...

Кристина Ампева од „Гласен текстилец“: Ковид кризата ги спушти работничките права на катастрофално ниво

Од почетокот на ковид кризата, март минатата година, досега повеќе од 8.000 вработени од приватниот сектор побарале правна помош од здружението „Гласен текстилец“ поради нарушени права од работен однос, а најголем процент од нив биле од секторот за производство на текстил, кожа и чевли. Во овие дејности, според досегашните согледувања на Здружението, пандемијата предизвика низа непочитувања на протоколите за работа...

Институциите сериозно да ги земаат предвид случаите со семејно насилство за да не резултираат со фемицид

Дури 46 отсто од предлозите на жртвите на семејно насилство до судовите биле повлечени, додека пак 40 отсто од сторителите признале вина. Она што е важно да се истакне е дека главните причини поради кои се одолговлекува судската постапка е одложувањето на рочиштата и големиот проток на време помеѓу едно и друго рочиште. Исто така, се забележува и отсуство...

СКСЗМ: Новиот пакет мерки да се фокусира на ликвидноста и на зачувување на работните места

За петтиот пакет антикризни мерки Стопанската комора на Северозападна Македонија, СКСЗМ, испорача до Владата повеќе барања. Пред сѐ, од Комората оценуваат дека, за да се врати економијата во нормална траекторија, Владата во претстојниот период треба да се фокусира на започнување на процесот на вакцинација против ковид-19, со цел отворањето на економијата да се случи што е можно побрзо. Исто...

МОТ: Ковид кризата го зголеми бројот на лицата кои работат од дома за пониски плати

Порастот на бројот на лицата кои работат од дома како резултат на пандемијата од ковид-19 ги истакна лошите работни услови со кои тие се соочуваат. Нивниот број пред ковид кризата изнесуваше околу 260 милиони луѓе ширум светот, што претставува 7,9 проценти од глобалната вработеност, а 56 проценти од нив (147 милиони биле жени). Во првите месеци од 2020 од...

Пандемијата наметна промени во образованието како никогаш досега, средношколците бараа вклученост во носењето одлуки

Минатата година ова време никој не насетуваше дека образованието ќе се соочи со еден од најголемите предизвици досега. Со појавата на пандемијата со корона вирусот, минатогодишниот март беше клучната точка кога работите почнаа да се менуваат. Тогаш се затворија училиштата, градинките, па дури и факултетите. Беа забранети собири, наставата се пренесе на електронски алатки преку онлајн пристап, а студентите...

ССКМ: Угостителско туристичкиот сектор најмногу страда во ковид кризата, потребна континуирана поддршка

Туризмот и угостителството кои имаат значителен придонес во домашната економија се најпогоден сектор во актуелната ковид криза, каде загубите кај голем број правни субјекти беа и се уште се 100 процентни, соопштија од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ).  „Овој сектор влезе во период на рестрикции и мало подобрување на состојбите имаше во летниот период кога некои субјекти ја...

Ковид-19 за околу 40 отсто го намали бројот на прикажани претстави во театрите, но и на посетителите

Пандемијата со ковид-19 ги ограничи физичките групирања, а со тоа и несомнено влијаеше врз функционирањето на многу институции, вклучувајќи ги и уметничките. Театрите во државава беа затворени уште во март, со што целосно се стопираше нивната работа. За ова говорат и податоците од Државниот завод за статистика, кои и меѓудругото го опфаќаат периодот кога се појави ширењето на корона...

Ковид кризата ги забрза проектите за вработувања на АВРСМ, реализирани над 90 отсто од плановите

Негативните последици врз работењето на компаниите и губењето на работните места под влијание на пандемијата со ковид-19 ја поттикнаа и забрзаа реализацијата на проекти за вработување, самовработување и обуки за невработените кои ги спроведува Агенцијата за вработување на Северна Македонија (АВРСМ) посочуваат надлежните, и нагласуваат дека сите планови досега се реализирани со над 90 отсто. „Од 30 март годинава, до...

Пендаровски: Не смееме да дозволиме негативни кампањи и теории на заговор против вакцинација од ковид-19

Пред почетокот на денешното, годишно обраќање на претседателот Стево Пендаровски во Собранието на РСМ, сите присутни во салата со едноминутен молк им оддадоа почит на 2.169 граѓани кои ја загубија битката со корона вирусот. Пендаровски им се заблагодари и на лекарите, на медицинскиот персонал и на сите граѓани кои беа и сѐ уште се на првата линија на фронтот...

Одобрени 8 милиони евра повеќе во Пакетот 4 за поддршка за справување со последиците од КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница донесе одлука за нов пакет мерки за поддршка во справувањето со последиците  од КОВИД-19 кризата. Одобрени се околу 8 милиони евра плус (над 488 милиони денари) како дополнителен сет на мерки за да се излезе во пресрет на барањата и иницијативите на повеќе субјекти погодени од ковид кризата, информираат од владината...

Порталб анализа: Во некои дејности се делат откази, во други има побарувачка за нови вработувања

За речиси 52.000 лица е зголемен бројот на регистрираните во графата „невработени“ на крајот од октомври годинава, во споредба со лани истиот месец. Близу 16.000 лица се соочиле со губење на работното место како последица на кризата со ковид-19, пишува „Порталб.мк“. Здравствената криза донесе дисторзија на пазарот на труд, многу луѓе останаа без работа, но има професии кои се...

Преку Националниот контакт центар граѓаните ќе се информираат за економските мерки на Владата во корона кризата

На иницијатива на Фатмир Бетиќи, вицепремиерот за економски прашања, Владата донесе одлука за возобновување на Националниот контакт центар, на кој преку бесплатната телефонска линија 0800 00 207, граѓаните во директна комуникација со операторите, професионалци од соодветните институции, ќе може да добијат информации за економските мерки кои ги носи Владата за справување со кризата предизвикана од ковид-19, информираат од Владата. „Националниот...

Предлог-буџетот за 2021 со три главни цели: поддршка на здравството и економијата, евро-интеграции и реформи во судството

Предлог-буџетот за 2021, кој министерот за финансии Фатмир Бесими денеска го достави до претседателот на Собранието, Талат Џафери има три цели: поддршка на здравството и на економијата и системски реформи во правосудството и евроатлансите интеграции. „Ова ќе се постигне преку стратегијата за економско заздравување и забрзан раст. Првиот столб е справување со ковид-кризата, вториот е одржлив и зелен раст, третиот...

Поддршка од 17,2 милиони евра ќе добијат 400 компании за ублажување на економските последици од ковид кризата

Директна финансиска поддршка во висина од вкупно 17,2 милиони евра ќе добијат 400 домашни компании за да го ублажат ударот врз работењето што го имаат како последица на ковид кризата, одлучи Владата на синоќешната 19 седница. „Средства се дел од третиот пакет мерки, наменети се за опоравување на домашната економија за време на здравствено-економската криза, а ќе ги добијат 400...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...